- Член од
- 17 јули 2010
- Мислења
- 1.422
- Поени од реакции
- 2.203
Доаѓа петок/сабота и сакаш да излезеш и прошеташ низ град.Сам одиш?
Доаѓа лето и ти се оди некаде на одмор.Сам ли одиш на одмор или сепак наоѓаш некој со кој ке одиш?
Досега не сум сретнал некој кој што живее сам и е помирен со тоа, па љубопитен сум како изгледа сето тоа.![]()
Верувај има многу такви луѓе,помирени со својата ситуација, одлука и што и да е! Значи уште еднаш ќе се повторам не станува воопшто збор за Асоцијалност или Мизантропија! Едноставно додека не ги сретнеш вистинските луѓе таквите како нас сметаат дека подобро е да се биде сам, него во лошо друштво ( под лошо Пиратик веќе даде супер објаснување)....
Да се биде сам, има и свои предности, се пронаоѓаш себеси, откриваш што сакаш што те прави среќен, работиш на себе и своите амбиции!

Глупости на кило. Не треба да се изолира човек од светов за да сфати кој е. Напротив, мислам дека тоа повеќе може да го разбере кога е помеѓу луѓе. Пример, јас исто доста често се осеќам осамена, но за разлика од креаторот на темата, јас сум си го направила тоа. Од многу луѓе, разно-разни комуникации, сум сфатила на крај дека не ми одговара секој и дека треба да прекинам да се форсирам да се дружам со повеќето. Што корист од тоа ако си опкружен од луѓе кои ни ги разбираш ни те разбираат. Лошото е кога сфаќаш дека или се ретки или ги нема твоите истомисленици, со кои можеш подобро да живееш. Значи не сме секогаш сами или осамени поради тоа што не запоставиле другите. Ете се случува и сами да се оддалечиме, а тоа е потешко. Потешко, затоа што немаш ни желба да имаш некого до себе, затоа што не познаваш некој кој ти одговара. Не е начин и да се потрудиш да бараш, затоа што тоа па не знам како изгледа. Треба да го запознаам цел град и да изберам кој ми одговара? Навистина тоа е претешко нешто. И сега?
