Осаменоста боли :(

  • Креатор на темата Креатор на темата zippyyy
  • Време на започнување Време на започнување
Moze sekako :D samo rabotata e sto sum od Skopje :D Inaku koj e za vo nedela za na Vodno neka mi pise vo poraka. inaku 06.05.2012 :D kje se dogovorime :ROFLMAO: ili add me na fb kje se dogovorime utre http://www.facebook.com/Tanturr
--- надополнето: 4 мај 2012 во 22:00 ---

Ako si od Skopje za 06.05.2012 za na vodno so tocak pisi vo poraka :ROFLMAO: rado bi sakal da zapoznaam novi licnosti posebno koi sakaat velosipedizam :love: ili add me na fb kje se dogovorime utre http://www.facebook.com/Tanturr
--- надополнето: 4 мај 2012 во 22:01 ---

Ajde poveli vo nedela t.e ovaa 06.05.2012 :D pisi kje se dogovorime :D ili add me na fb kje se dogovorime utre http://www.facebook.com/Tanturr
До водно со точак? Јас мислев на кеј, ќе дојдам и на водно нема проблем но не верувам дека ќе издржам.

Да се наџемо на пола пута ... не сам од ск :) svn sum

:D таман или ти со точак до Скопје или ние до svn :D
 
До водно со точак? Јас мислев на кеј, ќе дојдам и на водно нема проблем но не верувам дека ќе издржам.

:D таман или ти со точак до Скопје или ние до svn :D

:pos:od Sveti nikole si :D? ili gresham ?
 
А шо те кошта ти да му се јавеш на некој другар и да излезеш на кафе/пиво ?

Или те фаќа пораноја или фобија коа си меѓу луѓе?
он вика порано тие го барале.. а сега само тој ако ги побара.
 
Одамна се немам почувствувано осамено, ама осаменоста е ко пекол.
 
Ух тешка тема....... јас вук самотњак јбг.... ако сакате да зборувате со искусни call me :pos:
 
Нов сум на форумов, имам нешто што сакам да го кажам а немам на кого,па затоа решив овде да се регистрирам и да се испразнам..се надевам дека некој ке го прочита оваа и ке помогне..Не знаев каде да пишам во кој пост.па нема да биде грешно и тука.. Имам 21 година...а се осекам и се понашам како да имам 40-50..Осекам како луѓето што се околу мене другари,роднини во последно време ме одбегнуваат,со кого и да застанам јас незнаам да се нашалам и да се насмеам од срце,значи секогаш е онака со сила.Пред 3-4 години имав женска во секое време, сеа од пред 1-2 години се се смени, ништо траѓично не ми се случило за да патам по тоа.Немам со кого да испаднам до чаршија да прошетам,никој од другарите не ми се јавува за да ме повика да испаднеме,само доколку и се јавам тогаш ме повикаат,или само доколку имаат некоја корист од мене,сеа за мај се договаравме за излет ми се јавуваат и ме прашуваат дали можеме да одеме со мојта кола,само јас и уште еден имаме коли.Порано не е било така,секогаш бев во тек, ми се јавуваа доваѓаа сеа никој никаде,кога се собереме и збореме различ.теми никогаш не ми обрнуваат внимание на мене.едноставно никој не ме следи.Сеа се разубавува времето,сакам да испаднам да шетам,но немам со кого немам брат ни сестра.Седам дома и се нервирам, мислам дека и веке ептен нервно оболев,целиот се тресам,немам мира во себе рацете и нозете ме тераат да ги тресам, ме тера на плачење.Веке 1 година не сум имал девојка,и си мислам дека кога би фатил девојка би го решил оваа.Но ете нема со кого да испаднам и да запознаам некоја!! Што да направам ??!?! Совет ````
Јавувај се по другарите и дружи ги почесто. Ако не сакаш да ги возиш, немораш. Едноставно кажи им дека им треба колата на твоите или предложи им да одите пешки. Ако седиш дома и се депримираш ќе ти стане само полошо.

Преку твоите другари шири познанства. Ако работиш дружи се со колегите на работа. Ако студираш, дружи се со колегите од факултет. Така се прави тоа.

За девојките, тие доаѓаат и си одат. Другарите остануваат.
 
добро бе мајку му ебам па толку ли сте бре нецивилизирани, толку ли ви е дојдено до курташак? човекот си ја кажува маката и бара совет вие му наваливте психијатар па психијатар... у ЧДА имате еден куп теми со кои може да се смеете и да си играте курташак - оваа е во општи муабети. ако не ви се свиѓа темава или смешен ви е проблемот на членов барем од општа култура не коментирајте - покажете барем малце совест....

некои членови се понашаат на форумов исто ко да е нивни личен фејсбук профил па си трескаат и што треба и што нетреба...:mad:

онтопик - пријател јас би ти кажал истото што и ацид кажа на првата страна. јас лично имам 22 години сум имал огромно друштво и останав само со еден другар - не затоа што сум сакал така туку едноставно затоа што денеска неќат луѓево гз да мрднат од компјутер, многу интересно им е да седат на фејсбк и да тепаат бош муабети (комшики на кафе кога ке седнат да оговараат попаметни муабети тераат дури), и сите те гледаат од корист ( најголемиот дел ). и мене ми е криво што од толкаво друштво сум останал со само еден другар но знам дека тој ми е прав и вистински другар, знам дека кога и да сум му затребал тука сум бил, кога и да ми затребал тука бил, од кого и да сум сакал совет да добијам, муабет да направам и слично тој бил прв пред мене - кај другите обично идеше у стилот ако ти треба услуга сите одма се зафатени неможеле денеска, па кај ме најде баш сега и слично - а кога му требаш на некој одма те наоѓаат....
 
Другар ни јас не сум во нешто подобра ситуација.. Имам 19 години, лани завршив средно. Некој продолжија на факултет, јас од материјални причини не се запишав и со скоро сите што бев средно веќе комуникацијата ми се сведе ама баш на 0. Ама како раснеме секој си иде по својот пат. И пред да завршам средно се скаравме со другар заради банални причини и се тоа ме погоди многу затоа што ми беше единствен толку близок и го чувствував како брат ...
Сега моментално имам сериозни проблеми со здравјето кој што ме буквално уништуваат, но еве се надевам скоро ќе оздравам и ќе може да си се вработам некаде, било што. Ем заради пари, ем за да најдам ново друштво. Мој совет за тебе е ако си млад да си се запишеш некој спорт и преку спортот да стекнеш другари, а може и да и помогне да се изградиш како личност како физички така и психички. Многу ми е криво за некој работи, ама се уште не е доцна да се поправат. Животот иде понатаму, ама гледај да ти иде како што сакаш ти, а само колку да помине. Се може да се смени во своја корист само ако се сака.
Еве ти го форумов овде, можеби има и некој од твојот град кој бара нов другар . Ти само отвори ги очите! :)
 
Нов сум на форумов, имам нешто што сакам да го кажам а немам на кого,па затоа решив овде да се регистрирам и да се испразнам..се надевам дека некој ке го прочита оваа и ке помогне..Не знаев каде да пишам во кој пост.па нема да биде грешно и тука.. Имам 21 година...а се осекам и се понашам како да имам 40-50..Осекам како луѓето што се околу мене другари,роднини во последно време ме одбегнуваат,со кого и да застанам јас незнаам да се нашалам и да се насмеам од срце,значи секогаш е онака со сила.Пред 3-4 години имав женска во секое време, сеа од пред 1-2 години се се смени, ништо траѓично не ми се случило за да патам по тоа.Немам со кого да испаднам до чаршија да прошетам,никој од другарите не ми се јавува за да ме повика да испаднеме,само доколку и се јавам тогаш ме повикаат,или само доколку имаат некоја корист од мене,сеа за мај се договаравме за излет ми се јавуваат и ме прашуваат дали можеме да одеме со мојта кола,само јас и уште еден имаме коли.Порано не е било така,секогаш бев во тек, ми се јавуваа доваѓаа сеа никој никаде,кога се собереме и збореме различ.теми никогаш не ми обрнуваат внимание на мене.едноставно никој не ме следи.Сеа се разубавува времето,сакам да испаднам да шетам,но немам со кого немам брат ни сестра.Седам дома и се нервирам, мислам дека и веке ептен нервно оболев,целиот се тресам,немам мира во себе рацете и нозете ме тераат да ги тресам, ме тера на плачење.Веке 1 година не сум имал девојка,и си мислам дека кога би фатил девојка би го решил оваа.Но ете нема со кого да испаднам и да запознаам некоја!! Што да направам ??!?! Совет ````

Зипии да ти се придружам и јас...извини не го прочитав твојот проблем, всушност од 4 страница сум почнала.....
Еве и јас сум во иста ситуација....24 год сум а се осеќам како 40! Имам други размислувања и различен поглед кон нештата и воопшто кон светот! ЛУѓето ме доживуваат како сериозна особа а Бог знае дека не сум таква, никој не сака да застане барем на момент да ме запознае каква сум всушност јас, и сите се дружат од корист со мене, ич не им е гајле за мене - едино разлика меѓу мене и тебе е што мене ич не ме боли што немам вистински приатели - за тоа си ги имам мама и тато, а и подобро ти велам да си сам него со лошо друштво! е сега то што си немам стален **** ( дечко) тоа ми е малце шубе :pos::pos::pos:
Верувам дека имаш многу квалитети во себе и само чекаш пооден момент да ги изразиш, се надевам дека ќе ти дојде многу брзо тој момент!
Јас те советувам, пробај на интернет, четувај, допишувај се, ако веќе неможеш женска да фатиш во живо, фала богу сега имаш многу алатки за тоа - фејсбук
Ти си паднат во депресија, пробај вежбај, оди на некој курс, започни нешто ново да работиш - ќе видиш како ќе се сврти кругот!
ОВа од искуство ти кажувам јас екстрема сум во ова....ако ти треба помош пиши во ЛП (башка мед.лице сум, можам да ти поможам (y))
 
И јас сум прилично голем самотњак како личност, но за разлика од вас јас сум малку повозрасен(26) и веќе одамна се имам навикнато на таквиот начин на живот и баш ме боли стојкото дали ќе имам со кого/која/кои да излезам/прошетам и сл. и баш ме заболе што мислат другите за мене, отрпнат сум и не се потресувам многу, на почетокот е тешко да, меѓутоа за одреден временски период човек се навикнува и веќе не му е гајле ни за ’’другари‘‘ ни за девојки !
Дури мислам дека е и далеку подобро човек да е сам, отколку човек да има околу него многумина ’’пријатели‘‘ кои ќе го користат ........... не фала смачено ми е цел живот да им правам разно-разни услуги на другите ....... подобро е сам, барем на раат сум и не ме замара никој на ѕвонче, ниту на мобилен, преку таквото ми е од лажни другари ...... сега за сега сум самотњак, си работам до сега скоро 5 год. некогаш е подобро, некогаш е полошо со пари, ама не се жалам од финансиски аспект, просек сум !
Ако некогаш во иднина ја најдам девојката на мојот живот ОК ако не здравје боже, нема да бидам ни прв ни последен ........ мој совет до сите самотњаци не очајувајте, на почетокот е тешко, но се совладува самотијата со разно-разни активности .......... работа, прошетки во слободно време преку викенд(сам), уредување на домот(ентериер) и дворот(екстериер), телевизија, компјутер, куче и.т.н. ;)
 
Се пронаоѓам во постов... Браво, убаво напишано!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom