Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Giant во Треска спорт е изгор скап. Со 500 евра ќе купиш тиња опрема. Немој да те лажи Господ.

Епа тоа што говори само по себе? Кажува нешто , а што? Кажува дека Giant e топ бренд на велосипеди , нели го пишав тоа во мојот пост :)
 
Giant во Треска спорт е изгор скап. Со 500 евра ќе купиш тиња опрема. Немој да те лажи Господ.
Баш напротив, треска спорт ги имаат најевтините комбинации во однос на цена/опрема. Лани другарче си зимаше точак, апла почетник, буџет околу 18к, ама виде-невиде, го зголеми до 23-4к. Вртевме неколку дена по продавнициве, Bikestop му понудија некое ѓубре од точак за 20к, со no-name делови, а ла макс и собим. Скотовите му беа прескапи, во outdoor исто bianchi немаше соодветен за цената. Отидовме во Nomad, имаше океј бицикл за околу 26к со алтуси, најдобро до тогаш што видовме. За пробајк да не зборам, си ги испофали ликот кјубовите ко најбоље точак у свет да е. Понуди некое ѓубре со ви брејк и најосновното од основното за 25-26к. Сфаќам како продавач треба да наметнеш и да презентираш производ да ти го купат, ама толку да ги сереш другите продавници и точаци... Го најде почетник и му го возеше филмот. И беше другаров спремен да го земе точакот од номад, ништо специјално во однос делови/цена, ама најприфатлива понуда. Се додека не отидовме во треска спорт. Извади човекот Giant Talon, не ми текнува точно кој модел беше, ама за 23к, симнат од 36к со аливио и позади деоре, XCR виљушка никаде не најдовме. Зборам за ново. Ист ваков на старо ќе иде 300-350 јурки.

За ликот што го сака роад трекот, како што ти кажа @Acohipmk , точакот не нуди ништо за цената. Трек се едни од најскапите бајкови. Пошто гледам дека не си од Скопје, моја препорака е да им пишеш во приватна порака на сите продавници тука, објасни им ја ситуацијата и пиши им буџет, за неколку дена ќе добиеш понуди. Прати ги тука и ќе се оценат. Ама ако толку му се радуваш на трекот, зимај го, ич око да не ти трепне, не сакам да ти кршам мерак :)).
 
Епа тоа што говори само по себе? Кажува нешто , а што? Кажува дека Giant e топ бренд на велосипеди , нели го пишав тоа во мојот пост :)
Тоа говори дека на рамката ќе ти пишува Giant, а со тоа можеш да се сликаш.
 
Купен е точакот веќе :)
Како прво искуство, презадоволен. Тестирано искачување, спуштање, спринт, буквално сите ситуации во една рута ги направив. Утре одам на поголема рута.
 
Купен е точакот веќе :)
Како прво искуство, презадоволен. Тестирано искачување, спуштање, спринт, буквално сите ситуации во една рута ги направив. Утре одам на поголема рута.
Со здравје да си го возиш, извади му ја маста! Отом потом можеш 105ки да ставиш, рамката е одлична.
 
Тоа говори дека на рамката ќе ти пишува Giant, а со тоа можеш да се сликаш.
Сега ме убедуваш мене дека Giant не се топ влосипеди, или што е работава ? :)
 
Сега ме убедуваш мене дека Giant не се топ влосипеди, или што е работава ? :)
Кажувам дека Giant на нашиов пазар е најскап точак (или поточно рамка за точак) со оглед на тоа колку си платил и што си добил за платеното.
 
Препорачај нешто што да гледам кога ќе купувам, другарчево има Cube Analog ме тера таков да земам, ама не ми прави нешто мерак, е сега проблем е што не секаде патот е убав има и делови кај што е црн пат, па сум во недоумица што да гледам, дали друмски дали хибрид, останатите друмски што ги гледам се мн скапи у пм, ова потешко било од кола да купиш :D.
За црн пат и друм ова ти е премија
Неспоредливо е со cube analog.
Многу побрз е од Мтб

Ако ти е таман големината оди и земај. Геометрија на f10 и sworks има.
А Ценава е лотарија. Ние го гледавме ама за жал голем ни беше.
 
Последно уредено:
Ке ве молам без навреда кон Собим точковите бидејки ова е класа. Имам поминато си него петоцифрен број километри. Тешко ми е што наскоро ке морам да се разделам. :(

Ок, знам дека за поправките може да купим подобар, ама тоа е...IMG_20200427_165617_834.jpg
 
Ке ве молам без навреда кон Собим точковите бидејки ова е класа. Имам поминато си него петоцифрен број километри. Тешко ми е што наскоро ке морам да се разделам. :(

Ок, знам дека за поправките може да купим подобар, ама тоа е...Прегледај го приврзокот 247908

Ма ти си цар ако со Собим си успеал такви тури да правиш какви што ми кажуваше (y)
 
Ај покажи им на сите што гледаат само во опремата, а не во возачот :) Браво!
 
Ма ти си цар ако со Собим си успеал такви тури да правиш какви што ми кажуваше (y)

Имам на апликација податоци, имам и слики. Јбг се е до инаетот...
Автоматски споено мислење:

Ај покажи им на сите што гледаат само во опремата, а не во возачот :) Браво!

Пред две години почнав сериозно да возам 60+ тури и уште некои ахивменти да направам (Планирам тоа да се Кратово, Паланка, Велес и Тетово ако можам и може да иде у пензија). :D А што се однесува само волјата ме тера да го возам. И засега лошата финансиска состојба. :D
 
Ај покажи им на сите што гледаат само во опремата, а не во возачот :) Браво!
Во велосипедизмот важи истото правило како во фотографијата односно секогаш фотографот со идиот апарат од 100 евра ќе извади поквалитетна фотографија отколку аматер со професионален апарат.Значи секогаш добар возач со било каков велосипед секогаш ќе биде подобар од лош возач и со наскап велосипед.
 
Да, само во мојов случај има два проблема. Давам многу пари за одржавање (секоја година имам кварови) и сакам да возађ дневно појаки дистанци за кратко време (ми треба роуд нели). Ама и вака не се жалам, боље да гурам со чудово, него да се улегам дома (а тоа не го можам никако).
 
За појаки дистанци поудобен е МТБ на асвалт или хибрид отколку роуд,ова ти го кажувам од лично искуство бидејки имам и Giant 29 MTB и Giant Defy 2 од 2010 со Tiagra опрема купен во 2015 половен од Словенија.Собери некои 350 евра и кај Васко ќе си земеш 29 ка.Планирам на роудот да го сменам седиштето и да земам некој модел за долги релации од ISM преку ebay бидејки никој не ги носи кај нас:https://ismseat.com/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom