Giant во Треска спорт е изгор скап. Со 500 евра ќе купиш тиња опрема. Немој да те лажи Господ.
Баш напротив, треска спорт ги имаат најевтините комбинации во однос на цена/опрема. Лани другарче си зимаше точак, апла почетник, буџет околу 18к, ама виде-невиде, го зголеми до 23-4к. Вртевме неколку дена по продавнициве, Bikestop му понудија некое ѓубре од точак за 20к, со no-name делови, а ла макс и собим. Скотовите му беа прескапи, во outdoor исто bianchi немаше соодветен за цената. Отидовме во Nomad, имаше океј бицикл за околу 26к со алтуси, најдобро до тогаш што видовме. За пробајк да не зборам, си ги испофали ликот кјубовите ко најбоље точак у свет да е. Понуди некое ѓубре со ви брејк и најосновното од основното за 25-26к. Сфаќам како продавач треба да наметнеш и да презентираш производ да ти го купат, ама толку да ги сереш другите продавници и точаци... Го најде почетник и му го возеше филмот. И беше другаров спремен да го земе точакот од номад, ништо специјално во однос делови/цена, ама најприфатлива понуда. Се додека не отидовме во треска спорт. Извади човекот Giant Talon, не ми текнува точно кој модел беше, ама за 23к, симнат од 36к со аливио и позади деоре, XCR виљушка никаде не најдовме. Зборам за ново. Ист ваков на старо ќе иде 300-350 јурки.
За ликот што го сака роад трекот, како што ти кажа
@Acohipmk , точакот не нуди ништо за цената. Трек се едни од најскапите бајкови. Пошто гледам дека не си од Скопје, моја препорака е да им пишеш во приватна порака на сите продавници тука, објасни им ја ситуацијата и пиши им буџет, за неколку дена ќе добиеш понуди. Прати ги тука и ќе се оценат. Ама ако толку му се радуваш на трекот, зимај го, ич око да не ти трепне, не сакам да ти кршам мерак

).