Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Ми треба (стручно) мислење од некој кој се разбира: пред некој ден менував (кај мајстор) пакни на диск кочници и на првото возење од задно тркало (ѕвезда) се слуша некое чудно чкрипење. Како ланецот да закача; како да не е во брзина како треба (а е-менува убаво).

Ви благодарам за помошта.

Тоа не е воопшто страшен дефект, ако е од задниот менувач. Треба само прештелување кое чини 200 денари максимум, можеби ќе поминеш и бесплатно ако се вратиш кај истиот мајстор и му го кажеш проблемот.
Постои и друг причинител на проблемот, а тоа е неналегнати пакни. Старите пакни го трошеле и дискот и формирале ситни канали кои новите пакни сеуште не ги следат. Кога ќе налегнат новите пакни, звукот ќе се изгуби.
Трет причинител е клештата да е милиметарски изместена од центар, проблем кој доаѓа до израз со ставање на нови пакни.

Како и да е, ниеден од овие проблеми не треба да те загрижува и се решава за ситни или никакви пари. Посети го истиот мајстор и кажи му ја маката. ;)
 
Дечки ај што едвај одбрав кој точак да го купам, сеа иам друга мака. Сакам да го носам во Грција сега кога ќе одам на одмор. Некој со слично искуство да каже дали ќе иам нешо проблеми на граница, кој држач е добар и квалитетен, дали на 5-та врата или горе на кров да го наместам и слично. Башка точакот ќе ми штрчи од позади по 5цм од двете страни ако биде позади.
Секој совет е добредојден!
 
Јас да се извинам што на секое прашање одговарам, ама кога нема друг да одговори, со задоволство ќе пишам.

Мој совет е секогаш кровен држач, со тоа што секогаш ќе ти биде на памет дека на кров носиш точак, и нема да се залеташ во катна или обична гаража. Далеку побезбедни од држачи на гепек, полесни за монтирање, но далеку поскапи да се купат. Ако имаш услови, пакувај кровен носач и спремен и спасен си за долго, долго време.

Ако инвестицијата ти изгледа преголема, инвестирај во половен Thule за 5та врата. Побарај го Dejan Radevski на фејсбук, он носи половни држачи од Србија, и кровни и за 5та врата, супер цени има.

Мое искуство со hardtail MTB е дека велосипедот штрчи точно колку ретровизорите на мојата кола, кога е закачен на држач за 5та врата. Сепак, тоа ќе биде индивидуално од возило до возило, и од точак до точак. Најди вкупна должина на точакот, најди спецификација за твоето возило, и ќе видиш колку штрчи. :)
 
Супер, али овие немаат ниту овчар ниту стопан, тој веќе дигнал раце од нив и некој треба да се погрижи за да не шерифуваат по улици.
Значи заклучок: на крај завршуваме со муабет дека проблемот доаѓа од институцијата што треба да се погрижи за тие кучиња, очигледно не си ја работи својата работа.
So lanate pokraj niv ke nastradaat mnogu nevini zivotni. A i dodeka im dades lanate,ke te rastrgnat.
Nosete si petardi,proverena rabota e
 
Јас да се извинам што на секое прашање одговарам, ама кога нема друг да одговори, со задоволство ќе пишам.

Мој совет е секогаш кровен држач, со тоа што секогаш ќе ти биде на памет дека на кров носиш точак, и нема да се залеташ во катна или обична гаража. Далеку побезбедни од држачи на гепек, полесни за монтирање, но далеку поскапи да се купат. Ако имаш услови, пакувај кровен носач и спремен и спасен си за долго, долго време.

Ако инвестицијата ти изгледа преголема, инвестирај во половен Thule за 5та врата. Побарај го Dejan Radevski на фејсбук, он носи половни држачи од Србија, и кровни и за 5та врата, супер цени има.

Мое искуство со hardtail MTB е дека велосипедот штрчи точно колку ретровизорите на мојата кола, кога е закачен на држач за 5та врата. Сепак, тоа ќе биде индивидуално од возило до возило, и од точак до точак. Најди вкупна должина на точакот, најди спецификација за твоето возило, и ќе видиш колку штрчи. :)

Ти благодарам на исцрпниот одговор Мартин. Пресметав, затоа пишав дека околу 5цм ќе штрчи од двете страни, дугачок ми е точакот 1870мм XL е. Му пишав на дечково што носи кровни држачи па ќе видиме што ке напраиме. На граница нема фрки така?
 
За да си бидеш сигурен, кога ќе даваш пасош за излез, пријави на наша граница дека државата ја напушташ со велосипед. Грците нити прават проблем, нити ги заболе. Нашиве се алчни за секој денар па може на лош ден да им текне дека точакот (иако е твој) си го купил од Грција и го носиш во Македонија.
 
Дечки, во активна потрага сум по велосипед со женски рам, кој има потреба од реставрација НО Е КОМПЛЕТЕН. Ако имате дома и не ви треба, или знаете некој што има, не го користи, и е спремен да го продаде по реална цена, ве молам контактирајте ме!
 
Дечки, ај ве молам препорачајте ми почетнички друмски (road) велосипед (може и на старо) за цени околу 300 евра. Тенкс :love:
 
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2148835
Ѕирни го огласов ако ти одговата големината убава опрема има Ridley велосипедот за тие пари, а за почетник е и повеќе од доволен (y)
 
Не можам да најдам инфо за големината. Мене ми треба 56-58. Му пратив порака на огласувачот па ќе видиме што ќе каже.
 
Тоа не е воопшто страшен дефект, ако е од задниот менувач. Треба само прештелување кое чини 200 денари максимум, можеби ќе поминеш и бесплатно ако се вратиш кај истиот мајстор и му го кажеш проблемот.
Постои и друг причинител на проблемот, а тоа е неналегнати пакни. Старите пакни го трошеле и дискот и формирале ситни канали кои новите пакни сеуште не ги следат. Кога ќе налегнат новите пакни, звукот ќе се изгуби.
Трет причинител е клештата да е милиметарски изместена од центар, проблем кој доаѓа до израз со ставање на нови пакни.

Како и да е, ниеден од овие проблеми не треба да те загрижува и се решава за ситни или никакви пари. Посети го истиот мајстор и кажи му ја маката. ;)

Благодарам за помошта. Звукот исчезна сам по себе на вториот ден од возење. Веројатно биле пакните. :)[DOUBLEPOST=1471245116][/DOUBLEPOST]Имам уште една мака: сајлите (предна/задна) за кочење ми се ќинат на 2 месеци. Првите сајли (купен точак на ново) ми траеја 2 години. Моето мислење е дека НОВИТЕ сајли се со лош квалитет.

Слично искуство со сајли некој?!

Ако е до квалитетот на сајлите, од каде да набавам ДОБРИ?

Благодарам.
 
http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&path=60&product_id=222
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom