Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Што е разликава меѓу double butted i triple butted, и што воопшто значи тоа butted?
Еве ти triple butted.
zap_tech2.jpg

Затоа за мене Giant секогаш ќе се во врвот на најдобри рамови за мтб. Иста цврстина но се тенчи во продолжение цевката и губи на тежина.
 
Момци, дали ова доле е критично оштетување на рамката?
Или само козметичко оштетување?
http://forum.kajgana.com/attachments/price-comp-ramka-jpg.125580/
Левата вдлабнатина ми изгледа дека не е толку длабока но десната од сликава не може убаво да се види, ми изгледа како подлабока. Како и да е, рамот во тој дел е очигледно ослабнат и не знам колкави оптеретувања би можел понатаму да издржи...
 
Сите индентации се критични - рамката ја нема истата цврстина. Козметичко оштетување е изгребена боја.
 
Така и си мислев. Фала на инпутот. (y)
 
Ако го дава точаков ДЕБЕЛО под цената по која би се продавал со здрава рамка, вреди да се земе. Рамки има за 100 евра, какви сакаш и какви ти одговараат.

Амортизерот е SR Suntour Epicon и е прилично добар (и доста лесен) воздушен амортизер. Погончето SLX вреди 70тина евра ако не е многу истрошено. Затоа викам ако симне доста на цена и не пробува да ти ували точак што на втор поголем удар ќе се згужва, вреди да го размислиш ;)
 
Абе не за мене, за поубавата половина го гледам. Она никако не би го возела на ништо погрубо од лаган офроуд (без успон), а тежи испод ~50кила... :)
Ретко нешто има понуда од половни точаци со помали рамки. За 350евра го продаваат бајкот иначе.

Јас за мене лично роуд бајк сакам да земам.
 
Го знам, сум го видел на сликите. Има многу чукнатини и гребаници, не е воопшто чуван очигледно.
Но има и доста добра опрема, цел е со slx и со добар амортизер. Не ми се допаѓа седиштето а и гумите ми изгледаат при крај.
За парите или плус малку некој денар има подобри, но не со таа големина. Тешко се наоѓаат добри велосипеди под м или над л големина.
 
Рекреативна велосипедска прошетка низ Крушевската корија од некомерцијален карактер.

-Бесплатен камп на Мечкин Камен
-Учество без котизација
-Вечерна забава во кампот во Сабота
-Повластени тандем летови со параглајдер по цена од 1000 ден. за сите пријавени на фестивалот
-Ноќно рекреативно трчање низ Крушево
-Планинарска прошетка низ околината
-Бесплатно освежување и обезбеден ручек во Недела
-И многу други изненадувања...

-Пријава на настанот за сите заинтересирани на следниот линк:http://goo.gl/forms/nhb22pqXcU

11822673_987299377969203_1098155474956371312_n.jpg
 
(y) Све ова убаво, јас би сакал да се пријавам. Но пред тоа ме интересира кој ги покрива трошоците за оваа тура?
 
за што цена ќе можам да го продавам(отприлика) велосипедов?

11793946_610964649046822_981682315_o_zpscylatvdi.jpg
[/URL]

20инчен рам е, со Формула ФМ20/30 главини, Дарт 1, преден менувач Деоре, Tektro V-brake и окталинк шимано пренос. Толку шарени цени гледам по интернетов незнам која цена да ја барам...
 
Последно уредено:

150 до 200 би била некаде цената што може да се земе.Се зависи колку ти се брза односно чека
 
да ти кажам право до 15ти ноември ако не го продадеш, јас ќе ти го купам. Ти од битола беше?
 
150 до 200 би била некаде цената што може да се земе.Се зависи колку ти се брза односно чека
за 200е нема ни приближно ваква понуда со оваа опрема и година колку што гледам, дали дека јас ќе го продавам така размислувам или не, ама 150е е смешно мала сума за ова. До толку си убеден дека не би одел на за 230-240е?

да ти кажам право до 15ти ноември ако не го продадеш, јас ќе ти го купам. Ти од битола беше?
Од Битола сум, ама рано е за 15ти ноември да планираме :)
 
(y) Све ова убаво, јас би сакал да се пријавам. Но пред тоа ме интересира кој ги покрива трошоците за оваа тура?
Здружение на љубители на Ридско-планински активности,Рокенрол и добра чашка во посредство со спонзори.

Буквално кажано група на ентузијасти кои трчаат од врата на врата на одредени мало и големосопственици и структури на локална самоуправа кои се расположени за да донираат продукти и логистика (гравче, водичка, пијалок, место за кампинг зона, тоифор итн.) за да си го рекламираат сопствениот бизнис.
Трошоци за гориво, логистика, регистрација на здружение си покриваме од сопствени приходи.

Нешто како се разгледува можноста да се испечатат маички како сувенири и учесниците опционално да имаат можност да си ги купат истите по некоја рекламна цена и од тоа да би покријале дел од трошоците, но за тоа понатаму.

Сите пријавени од Скопје ќе бидат известени на темава и на фејсбук кога ќе пристигнат ваучерите во Скопје за да си ги подигнат, додека останатите ќе си ги подигнат на лице место.

Уште една работа да потенцирам, буквално секој е поканет да учествува на фестивалот и без ваучер.
Кампинг зоната е отворена за сите и има доволно место, како и доволно место за рекреација.
Секој сам може да си внесе пијачка, јадење и нема никакви рестрикции околу тоа.
Меѓутоа ние успеавме да обезбедиме доволно ручек и пијалок за околу 150-200 луѓе.
Затоа и се пуштени ваучерите кои се на принцип прв пријавен - прв услужен за да нема коментари.
Таа е искрено оптимистичка бројка, но за да спречиме пријатно-непријатни изненадување да се појават повеќе луѓе се одлучивме за да се пуштат ваучери.
Во случај ако некој дојде непријавен е добродојден, само можеби ќе треба да си обезбеди сам ручек и некои освежувања попатни низ патеката.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom