Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки дали во Ск може да се најде течност што се става во гумите да ја заштити гумата од дупнување ? Барам нешто слично како на сликата. Мислам дека ме разбирате за што ви зборувам.

7422906_f260.jpg


images

Имаш во работилница ооо
 
Фала за информацијата другар . Сакам да те прашам уште ова: дали знаеш која цена е производот? Колку е ефикасен во заштитата од дупнување ? И дали вреди за тие пари ? :)

Не вреди, освен ако не си некој професионален велосипедист, па бркаш времиња. Купи си внатрешна гума и по потреба ќе си ја смениш и ќе си залепиш старата дома.
Вака пак ќе треба да ја фрлиш дупнатата гума во секој случај и ќе дадеш пари за средствово.
Ако веќе возиш низ лоши терени купи си надворешни гуми со Puncture Protection, колку толку ќе заштитат.
 
Да не знае некој каде има кај нас bicycle pegs и како се викаат на македонски да знам што да барам во продавница :D
A-pegs_on_bike.jpg

attachment.php
 
Резултати ќе даваат ли?Смешна ситуација нема што.Ова стално вака се случува!

Не знам ама не е ок ова да нема резултати, мене ми е прв пат да одам на трка вака, не знам кога, што како објавуваат...според датумите на сајтот на федерација каснат по 10 дена, а и на фб на ивентот нема резултати, нема ни слики...неорганизирано.
 
Ај де се пофалам :)
Вчера си купив(со попуст) Sprint Sintero man 28 со acera преден и заден,вила Sr suntur nex mlo,гуми kenda
Се надевам ќе го извозам убаво:)
 
Како стојат цените на велосипедите ? Сакам да го продадам мојот...

Во вторникот, само што стигнавме на средно, почна да врне да истура :D Стигам дома, исто како да сум преживеал бродолом. Следно возење на водно, кога ќе падне снег.
 
Може ли ланецот и апаратчето за менување на брзини да се подмачка со 2T Масло од мотор ?
 
Може ли ланецот и апаратчето за менување на брзини да се подмачка со 2T Масло од мотор ?

Со двотактол ?? Не, најди некое лесно/тенко машинско уље или уље наменето за велосипед. :)
 
Да прашам ,дали се исплати да купам километража за точак од пазарските(кинеските) ,искуство некакво со овие има ли некој ?
 
Да прашам ,дали се исплати да купам километража за точак од пазарските(кинеските) ,искуство некакво со овие има ли некој ?

Релативно е, некои се задоволни, некои се покајале што ги купиле. Најдобро не си играј и купи некоја од програмата на Sigma или Cateye, не е некоја огромна разлика во парите. Ќе ти трае со години. :)
 
Да прашам ,дали се исплати да купам километража за точак од пазарските(кинеските) ,искуство некакво со овие има ли некој ?
Земи cateye вело 5 ако не ти е битна просечна брзина.Најдобра е за парите.
Пазарска не препорачувам.Поубаво никаква отколку таква.
 
Може ли ланецот и апаратчето за менување на брзини да се подмачка со 2T Масло од мотор ?

Ако не ти се даваат пари за масла за велосипеди, тогаш ти го препорачувам маслото за подмачкување од Багат за машини за шиење кое чини 70 ден.
Од искуство ти кажувам дека одлично функционира.
Не знам само каде има застапништво во Скопје за таа работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom