Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Заврши сезоната за мене, со цицинка :D

1ae091f63833050e0d00713ec092b23a.jpg

Што и се случило на гумата бе ?? :pos:
 
Е шо де, отиде надворешната, дупка се направи :D Плус скапана е внатрешната на самото место :D

Ништо страшно, со оглед на истрошеноста на гумата. Сигурно оддамна "плачела" за нова. :)
 
Да пренесе некој искуства со сингл-спид пренос, треба многу физичка подготвеност?
 
Ранте е легенда бе :D

Се договараме нешто викендов да појдиме до Велес со Ранте на Питијада и да направиме некоја пита со винце.
Муабетот е Ранте со екипата да тргне од север, ние од југ и да се начекаме во Велес на дуел.
Ако случајно си слободен приклучи му се на Ранте и ќе правиме по некое вино.
 
Што машина возиш? :)
 
Да пренесе некој искуства со сингл-спид пренос, треба многу физичка подготвеност?

Зависи од местото што ќе го качуваш, ако не живееш на Водно мислам дека нема да имаш никаков проблем на друго место во Скопје.
Реално сингл спид сега скоро сите ги купуваат од помодарство, така што буквално нема ништо да ти менува колку си кондиционо спремен, бидејќи нема ниту да го користиш премногу.
--- надополнето: 31 октомври 2013 во 08:25 ---
Вивелото го купи од Sporty Sale гарант. :D

Од кај Исус. :D
 
Зависи од местото што ќе го качуваш, ако не живееш на Водно мислам дека нема да имаш никаков проблем на друго место во Скопје.

До Водно сум а планот е да возам почесто на Водно. Сегашниов точак се заеба преносот од десетина качувања, па за новиот точак се мислев намесето да давам пари за Деоре класа на пренос, да ги ставам парите во другите компоненти а преносот да биде сингл спид. Доволно сум инат за да опстојам во неколку месеци набивање кондиција на (по)тежок начин, но моментот што не го знам искуствено е дали успонот на Водно (од Нерези страната) е воопшто можно да се вози на сингл спид, со некоја средна величина на ѕвезди.

Интересни ми се и тие главини кои имаат на двете страни простор за ѕвезди, па кога ќе идат долги рамници (значи не на Водно :) ) може да се ротира тркалото за 180с. (на другата страна би имало поголема ѕвезда со повеќе заби) за појако педалирање на рамно. Претпоставувам дека сето ова се премноги заебанции, ама ме интересира дали концептот држи вода.
На крај секако тој сингл-спид е уствари за втор точак, ама ова ми е привлечно сега пошто сега баш и немам пари за да купам примарен точак со опрема како што сакам, а секако 99% би го возел на Водно во догледно време.

Извинување за (претпоставувам) конфузниот пост. :)
 
До Водно сум а планот е да возам почесто на Водно. Сегашниов точак се заеба преносот од десетина качувања, па за новиот точак се мислев намесето да давам пари за Деоре класа на пренос, да ги ставам парите во другите компоненти а преносот да биде сингл спид. Доволно сум инат за да опстојам во неколку месеци набивање кондиција на (по)тежок начин, но моментот што не го знам искуствено е дали успонот на Водно (од Нерези страната) е воопшто можно да се вози на сингл спид, со некоја средна величина на ѕвезди.

Интересни ми се и тие главини кои имаат на двете страни простор за ѕвезди, па кога ќе идат долги рамници би можел да го превртувам тркалото (на другата страна би имало поголема ѕвезда со повеќе заби) за појако педалирање на рамно. Претпоставувам дека сето ова се премноги заебанции, ама ме интересира дали концептот држи вода. На крај секако човек треба да го има тој сингл-спид како втор точак, ама ова ми е привлечно пошто сега баш и немам пари за да купам примарен точак со опрема како што сакам, а секако 99% би го возел на Водно во догледно време.

Извинување за (претпоставувам) конфузниот пост. :)

Немаш апсолутно никаква потреба од Диоре, ниту пак Фокс виљушки и слично освен ако не возиш трки да бркаш времиња.
Не знам колкав ти е буџетот за велосипед ама во Оutdoor до Мајка Тереза имаш прекрасен градски велосипед со извонредна опрема комбинација на Тијагра и Сора за супер цена.

https://www.facebook.com/photo.php?...83117780.95914.368717026472149&type=1&theater
 
градски велосипед
Извинување што не напишав дека сакам mountain бајк, -некад ретко би возел некој полесен cross country. Најчесто на Водно на асфалт, но понекад и некој полаган офроуд. Сега во муабетот влегува и фактот за мојата сегашна незанемарлива килажа, која тој пренос на точакот треба да ја издржи... затоа и муабетот за сингл спид, наместо Деоре класа на пренос (Ацера/Аливио би избегнал).
 
Alivio, па и Acera ти е одлична опрема, верувај дека ќе издржат многу километри.
Треба само да внимаваш и да не оставиш ланецот да се изаби премногу и јаде касетите.
Ако менуваш редовно ланец, чистиш после поголеми вожњи и подмачкуваш да бидеш без гајле, слободно можеш да тераш километри колку сакаш во наредните пет-шест години.
Избегнувај Tourney и Altus како опрема, се нагоре за тоа што го спомнуваш е повеќе од добро.
Ме чудиш што бараш МТБ изглед, а сакаш сингл спид велосипед кој повеќе личи на урбан велосипед.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom