Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Очигеледно е дека не знаеш како работи Собим. Собим НИШТО не произведува! Значи само склопува велосипеди со веќе купени делови. И тоа што го произведува вреди онолку што го плаќаш. За 3000 денари каков НОВ велосипед под гаранција сакаш? Во Собим може да се најде 21-брзинец, со алуминиумска рамка, преден амортизер, Torney менувачи и бандаж со дупол профил т.е. истото што го има горинот велоспиед за иста цена НА НОВО со бесплатен сервис. Мислиш дека на еден ПРОСЕЧЕН човек кој вози 2 пати месечно му треба нов Скот од 2000 евра ?



Torney-от го прават и со пластични наместо железен запчаник таков не ми влева многу доверба (оној мал црвен запчаник долу на слика). Инаку за правилно и полесно возење без да ги оптеретуваш колената седиштето и треба да е високо поставено. Поточно висината на ногата мерена од внатрешна страна помножена со 0.855 да е еднаква на растојанието од седиштето до осовината на средниот пренос.

чекај, чекај и јас убаво не се изразив, тоа со седиштето да знам дека е така но за моите потреби(скокови, tabletop ова она) ниско седиште е предност, запчаникот не е пластичен, од друг материјал беше само заборавив од што а и железен тешко да е на другите мењачи бидејки и ланецот а и запчаникот брзо ке се трошат
 
чекај, чекај и јас убаво не се изразив, тоа со седиштето да знам дека е така но за моите потреби(скокови, tabletop ова она) ниско седиште е предност, запчаникот не е пластичен, од друг материјал беше само заборавив од што а и железен тешко да е на другите мењачи бидејки и ланецот а и запчаникот брзо ке се трошат

Дада сваќам, во тој случај не важи правилото за седиште тоа е за на отворен пат. За запчаникот веројатно е некоја композитна пластика која трпи поголеми напрегања.

ne mu treba normalno ama 80% od sobimot e gjubre so cest na isklucoci i jas znam lugje sto im se imaat strasno dobro pogodeni. inaku ne samo tourney nego i drugite menuvaci se so plasticni zapcanici ako ne si znael

Проблемот е повеќе во тоа што имаше различни нарачки на делови така да од серија до серија се разликуваат велосипедите од Собим, да кажеме од тежок крш па до некој си просек за нормално возење. Инаку во врска со запчаникот нема врска што е пластика по битно е каква е таа пластика. Денес пластика се користи и во хирургија, авио индустрија, бош пумпи за коли на места каде што трпи огромен притисок.
 
во неделата бев до матка... си се повозив убаво... малце автопат,малце низ град:vozbud:
 
...Цело време сум на точакк..Не ми е битно какво е времето битно возамм!!:toe:
.Не би можела да живеам без точак!...ае некат да организираме кајгана вожња со точаци:):):) лал
Иначе иам 'SCOTT' и ми е релативно нов и сум презадоволна.
 
Утре е ''СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД'' односно се тргнува од Прилеп бул. Гоце Делчев до с.Мало Коњари до аеродромот после таму има трки,па одмор и назад до Прилеп :)
 
Значи еве да се пофалам со мојата КАНТА од точак,според мене е супер али сите викаат дека не чини
Специјалитет му е кога многу изигравам да се лупнам на земја :)
Ајде да почнеме колку знам толку
Рамка:Connect
Кочници:Qilong-ќе ги мењам кажете какви да зеам?
Заден Менувач:Qilong-ќе го мењам нормално за SRAM,во никој случај Shimano
Преден амортизер:Connect
Дупли бандаши:Connect
Преносот треба да го сменам сјебан е
еве сликче со многу јака позадина
bz10.jpg
 
си имам убав точак на две тркала и многу го возам,што да кажам убаво е за разгибавање али мотор си е мотор :)
 
Знаете ли некаде каде можат да се купат кошулици за кочниците во боја ?
 
imam za prodavanje gradski gumi. odlicni se ne se mnogu vozeni ako ima nekoj zainteresiran neka pishe
 
isto iam i dobra viluska RST GILA 100mm so hidraulicen lock out
 
Прееска одам накај кеј... и застанав нешо,кревам точакот да поминам едно... и оп,немрда тркалото задно... ги отпуштам кочниците,пак... кога,кутрото тоа,излегло од жлебовите... мутерите се одвртиле... така со одвртени мутери го возев 15км... строго на кеј,на нерамнини и слично нема шанси... :-):-)

месец дена тера,и денес се отштрафиле... осовината треба да се помести малце на едната страна,нефаќа штрафот убаво...:pos2: ќе изгинам со точачето мое :-)

него,километражи?? ама подобри некои?
 
po podobrite prodavnici imash sigma ili cateye mislam deka dokaj 1000ka se naogja
 
Имам проблем со мојот велосипед.Кога накачувам нагорнини со 5 и 6 брзина ланецот ми префрла додека со помала брзина 1,2,3 и 4 нема проблем.Што да правам?
 
Треба да се штелуваат брзините. Носи го кај мајстор
 
Лагерите ми биле истрошени па ги сменив.Инаку денес го тестирав го извозив до браната (околу 3-4 километри од градот,а не е баш лесно да се стигне до таму бидејќи има големи нагорнини) и се одеше рамно.Во среда планирам да се искачам до Витачот,а во петок планирам да го извозам до Неготино.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom