Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Да, комплет. :)
Дупли бандажи со Quando обична главина комплет сплетени не ме држи за збор од дамна купувава од 800 до 1000 ден цена (а низ глава се ми се врти 850 ден дека беше) еден бандаж. И некоја нај обична гума може и од пазар од 250 нагоре. ова ти е најевтина и најдобра комбинација за точаков ако сакаш да немаш проблеми со луфти и кривење на бандажи.
Кај беше пред некое време кога го продавав стариот точак за 3000 ки ке го дупнеше од возење со оглед на делчињата што ги имаше.
 
Некни бев до Скопје и случајно навратив до една фирма Пир Комерц или така нешто, адресата мислам дека е Перо Наков 84. Фирмата е застапник на гуми, но во асортиманот има и Capriolo велосипеди. Ги разгледав цените и може да се најде солидно велосипедче за низ град до кај 300 евра. Има и поефтини модели кој се и по 200 евра, во секој случај подобри од ѓубрето што се продава за една сезона.
 
Дечки, ме интересира дали некој во мк продава recumbent трицикли и по која цена?
recumbent-tricycle-bike.jpg

Многу имам мерак за вакво.
 
Овој има муда колку сите нас заедно од форумов
Да, добро возење, ама немој да се сомневаш и кај нас има дечки што одлично возат downhill кои лично ги знам (не тука на форумов). :)
--- надополнето: 17 март 2012 во 09:51 ---
Дечки, ме интересира дали некој во мк продава recumbent трицикли и по која цена?
recumbent-tricycle-bike.jpg

Многу имам мерак за вакво.
Ваква "ствар" кај нас сеуште не сум видел некој да вози а камо ли да купиш некаде. Единствено ако има шанси да го нарачаш преку продавнициве за велосипеди. Па прашај. :)
 
Дечки, ме интересира дали некој во мк продава recumbent трицикли и по која цена?
recumbent-tricycle-bike.jpg

Многу имам мерак за вакво.

Видов еден Пољак во Словенија со вакво нешто, товарен со ранци и сите нишани за пат околу светот.
 
Дечки, ме интересира дали некој во мк продава recumbent трицикли и по која цена?
recumbent-tricycle-bike.jpg

Многу имам мерак за вакво.
А што планираш со ова?? :D Да го газиш на автопат? :D :D
 
Знае ли некој кои од велосипедските клубови во Скопје се активни, колку чини членството, кои се активностите на тие клубови?
 
А што планираш со ова?? :D Да го газиш на автопат? :D :D
Планирам да си го конструирам самиот и да си го возам низ град, на водно, на кеј и сл.
Ама уште поголем мерак имам за овие:
amphibious-velomobile-photo01.jpg

Само што да се купат се малку посоленким околу 5-6000 еврони, џоа бемве 320д 150 коња, 2002 годиште се скапи :).
Исто така имам во план да го конструирам, и за свој мерак да го возам низ град, а после тоа ако има заинтересираност, ке произведувам и ке продавам вакви, со или без школка.
 
Совет а може и конкретен предлог!
Сакам да купам велосипед MTB за отприлика 500e.
Гледам по сајтовине што ги имате ставено погоре ама пак шо коа појма неам.
Ај малце инсајд инфо.....

фала...

П.С. Ми треба за од дома до работа и за водно преку викенд...онака of track.
 
Да, добро возење, ама немој да се сомневаш и кај нас има дечки што одлично возат downhill кои лично ги знам (не тука на форумов). :)
--- надополнето: 17 март 2012 во 09:51 ---
:)
Да?-има некој клуб или такво нешто?
 
Да?-има некој клуб или такво нешто?
Мислам дека нема некои официјални клубови (освен Energy - Скопје) него дечките од продавнициве за точаци си возат сами за себе.
 
Малце се поспори нашиве
Па добро сега, во овие наши услови и стандард, не можеш да ги споредуваш со тие од надвор. Баш вчера зборев со Вештер од Prosport и вика толку било кај нас, две години, два-три натпревари и крај. Но добро е, барем имаат желба да возат и се трудат колку-толку. :)

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom