Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Каде можам да ја најдам оваа касета: Shimano CS-HG31-8l, 11-32, 8-speed
 
Зависи која ти е намената.Ако возиш претежно офроуд со релитивно високи стрмнини над 20% тогаш е предност но ако си повеќе на асвалт тогаш немаш потреба од таква комбинација.Инаку деловите како ланци,касети и погони на пример се поскапи од комбинацијата 3 x 8 или 3 x 9.
@Acohipmk Фала ви на двајцата за мислењата. Дали истово важи и за 1х11? Како што читам по нетов, повеќе се користи за downhill ова, а примарно за качување ми е побитно, да речеме 70-30 процентуално повеќе возам на асвалт.
 
Последно уредено:
Не ми е јасно, зошто 2x10 е најдобар погон? (прашува еден лаик)
Нели 3х логички е подобро од 2х? :toe:
 
Ако ти е повеќе за асвалт купи си опција 3 x 9 а понатаму ако со постоечката касета од 34 запци ќе ти биде тешко искачувањето на угорниците што планираш да ги возиш ќе си набавиш од алиекспрес со поголем распон.
 
После 1 година активно возење со поминати 3000 километри со МТБ, се одлучив да го освежам точакот за првпат. Од касета 14-28 (7 брзинец), сакам да преминам на 14-34. Дали ја препорачувате оваа касета?

Дали задниот менувач ја препорачува таа касета, запрашај се прво тоа. Каков терен возиш? Дали си сигурен дека е фревил систем? Најверојатно е ама за секој случај зошто јас имам 3×7 со фрихаб и касета.
 
Да бидејки е соодветна замена со можност за качување на пострмни угорници.Мислам дека првите 6 запчаници се исти само последниот наместо 28 има 34 запци.
 
Дали задниот менувач ја препорачува таа касета, запрашај се прво тоа. Каков терен возиш? Дали си сигурен дека е фревил систем? Најверојатно е ама за секој случај зошто јас имам 3×7 со фрихаб и касета.
Строго по земјен пат го возам, а планирам да качувам +15% стрмни горнини зимскава сезона. Менувачот нема да прави проблем бидејќи се работи за исто растојание од поместување. Енигма ми е само ланецот дали ќе биде стабилен на 34 запци (нов ланец ќе ставам).
 
Не би требало да имаш никакви проблеми ако е квалитетен ланецот.Најлошо нешто што може да се случи е кинење друго ништо.
 
Не ми е јасно, зошто 2x10 е најдобар погон? (прашува еден лаик)
Нели 3х логички е подобро од 2х? :toe:
Па логички и теоретски да, 3x10 би било подобро но практично и не баш.
2x10 има помалку компликации со предниот менувач и ланецот и доволно распон да ги задоволи сите потреби.
 
Дали знае некој од каде точно се влегува на патеката за велосипеди која води од доле до средно Водно?
 
Пред да го земам велосипедов барав сѐ, само не велосипед со bullhorn handlebars. Но откако го зедов сфатив дека не згрешив. BH со ergonomic grip многу ми значат на долга релација.IMG_20200808_220804.jpg
 
Пред да го земам велосипедов барав сѐ, само не велосипед со bullhorn handlebars. Но откако го зедов сфатив дека не згрешив. BH со ergonomic grip многу ми значат на долга релација.Прегледај го приврзокот 268687
Овој тип ти е идеален за патување на подолги релации и со здравје да го возиш.Единствен проблем може да ти прави седиштето ако е потесно од 14cm.
 
Овој тип ти е идеален за патување на подолги релации и со здравје да го возиш.Единствен проблем може да ти прави седиштето ако е потесно од 14cm.
Фала ти. Го имам 2 месеци и отприлика 400 км имам поминато со него.

А седиштето ми е првото нешто кое планирам да го сменам. Си купив и шорцеви со перничиња но сепак го осеќам доста неудобно. Мислам дека е премногу рамно и краевите ми прават притисок. Гледав некои други седишта кои ми изгледаа поудобни.
1601481660278.png

Нешто во овој стил сакав.
Само ова ми изгледа доста потесно од моето... :cautious: Мислиш дека понеудобно би било?
 
Прегледај го приврзокот 268707

Нешто во овој стил сакав.
Само ова ми изгледа доста потесно од моето... :cautious: Мислиш дека понеудобно би било?
За долги релации треба што пошироко седиште.Ќе го измериш растојанието помеѓу двете бутни коски и ќе видиш колку цм треба да ти биде широко седиштето бидејки кога седиш не треба месото да ти виси на краевите туку коските и поради тоа висење се создаваат болки после неколкучасовно возење.Иначе јас земав вакво пробно за роудот од Англија преку ebay и го пратив кај сестра ми во Словенија па здравје кога ќе одам таму ќе си го донесам.Доколку се покаже добро после целодневна тура тогаш ќе земам уште едно за МТБ:https://ismseat.com/performance-recreation/pr-3-0/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom