Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Претпоставувам имаш мтб гуми? Пиши поточно што гуми имаш, тоа што се внесува не е "шифра" туку обиколка на гумата.
MTB 29x2.1
Исто постапив како дечкото и ми излезе 230cm или 2300 внесов.
 
Викендов се одржа Uphill Vodno, првата трка за ранг листа на Македонија. Честитки на Кајганџиите кои се тркаа и остварија personal best резултати на делницата Чистилиште! Бидејќи листата е со цело име и презиме нема да ги пингувам членовите поради заштита на приватност.

Целосна листа на времиња и пласмани:

http://energi-cycling.mk/articles.php?lang=2&mb=9&id=15
 
Да се надоврзам на темава, конкретно ме интересира мислење ваше за велосипед... гледам дека има некои Viper велосипеди, што мислите за нив... добри се или .. ? Не сакам да зборувам за професионални велосипеди.. овие би требало да се некоја средна класа па дали вредат за цената 29" големина на тркала чини 15.000 денари, исто има и до 23.700 денари . Ваши размислувања околу овој бренд на велосипеди , сугестии ваши , искуства и слично, ке ве замолам да споделите овде на форумов :)
 
И јас мислев ко тебе. Како прво, нема врска дали си професионалец ти или си само лаик. Како мене на пример. Професионални велосипеди знам дека има и од 6000 евра. Ко на пример комшијата мој шо си купи половен од 3700 евра. Шо ми е поентата ?

За тие пари ќе си купиш точак, половен (да, половен, бидејќи повеќе ќе ти трае) од колку нов Випер или Карпиоло, на кои составните делови, опремата им е само за украс, особено аморитезерите. За тие пари до 15000 денари можеш да најдеш зачуван велосипед на реклама5 или на двете групи на фб каде секојднено се апдејтуваат по 15ина нови велосипеди. Ако си спремен да дадеш до таа горна сума околу 24000 денари, тогаш не само што ќе најдеш квалитетен велосипед, истиот ќе има и одлична опрема.

Јас на пример, купив Cube Ltd Pro Race 21' (Германска марка) за (му го намалив од 30000 заради ситни грешки во огласот) 24000 денари, кој воопшто не беше возен. Донесен од Германија, два месеци возен, нов си купил. Само амортизерот од мојот точак е околу 200-250 евра шо се вика зборот. Накратко, за тие пари барај марки како Стивенс, Трек, Крос па се наоѓа и добар Кјуб. Поентата ми е ако земиш некој од овие и по 3-4 години ќе можеш да ги продадиш по супер цена за разлика од Вајперот кој ќе се расклата и расштима по само една година (на брат ми дома точакот е Вајпер).
 
Проблемот е во тоа што јас можам да си дозволам до 15.000 денари, ништо повеќе и плус ако земам на рати ке го плаќам ... неможам во готово, немам толку финансиски средства :) затоа запнав на тој Viper што го гледав, зборот ми е: Дали вреди за парите???
 
почекај, присобери уште некој денар...убаво ти вели чоеков! ќе се запалиш, па че бараш друг точок, да го шитнеш овој потешко!
 
Проблемот е во тоа што јас можам да си дозволам до 15.000 денари, ништо повеќе и плус ако земам на рати ке го плаќам ... неможам во готово, немам толку финансиски средства :) затоа запнав на тој Viper што го гледав, зборот ми е: Дали вреди за парите???

Кратко и јасно на твоето прашање, Не.
 
Вреди ли 27.000 денари = 450 Евра , половен ????
 
Attachments

  • ATX-275-2-Black-Blue.jpg
    ATX-275-2-Black-Blue.jpg
    347,9 KB · Прегледи: 38
450 Евра за Tourney, XCT и механика :popce:
И нов да е, ти се џабе фрлени пари... камоли половен.

Кога викаш Tourney , и XCT механика, на што мислиш??? не сум упатен баш најдобро ... те молам разјасни ми :)
 
Toruney ти е најнискa класа од Shimano менувачи во нивната хиерархија. Не се нешто посебно дури и за рекреативно возење.
XCT - ниска класа на SR Suntour преден амортизер. Ќе си бара често сервисирање.
Механика кочница бргу се раштелува, и почнува да вади непријатни звуци при кочењето кои ќе ти одат на нерва. Подобра варијанта ти е V-brake кочница (од оние со гумици)... Најдобра хидраулични кочници - ако можеш да си ги дозволиш

Сума сумарум - многу плаќаш а ништо не добиваш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom