Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Разгледав низ продавнициве за точаци, човече абер да се немало :facepalm:
Во ранг од 35-000-40.000 денари ми понудија точаче со tourney + altus делови комбинација :гик::гик::гик:
До толку пропаднавме?
Како шо гледам не ми остана ништо освен да џитнам некој половно
 
Разгледав низ продавнициве за точаци, човече абер да се немало :facepalm:
Во ранг од 35-000-40.000 денари ми понудија точаче со tourney + altus делови комбинација :гик::гик::гик:
До толку пропаднавме?
Како шо гледам не ми остана ништо освен да џитнам некој половно
http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=1a03d80f-3211-43f4-adb0-8cb9cce4dc36 dobar tocak za eftina para
 
Земав за 200 evra Scoot точаче Амортизер XCR, zaden Deore, преден Acera, хидроулика коцници Shimano со нови пакни, нови maxiss гуми и здраво довиѓења, овие продавници за велосипеди со тие цени се за луѓе кои живеат во Швајцарија. Дефинитивно половно.
 
Помогајтее :zloo: . Кажете каде се продаваат виљушки ( амортизери ) за велосипед. Сакам да купам нова виљушка за В - брејк некој предлог? :kluc:
 
Тешко да има некој на лагер таква античка технологија. Сепак провери во Треска Спорт, и кај Кире или Арсо во Цикло-Ас. И да има некој од нив, цената нема да ти се допадне, така да ќе мораш да се задоволиш со половна. :)
 
Позитивни или негативни искуства со држачот за велосипед од Џамбо ?
Големина, капацитет, ефикасност ...
 
Позитивни или негативни искуства со држачот за велосипед од Џамбо ?
Големина, капацитет, ефикасност ...

Го имам држачот и го користам година и пол веќе. Еве што научив:

1. Сите, апсолутно сите можни допирни точки на држачот со колата да се заштитат со картон (кај што закачуваат каишите, кај што теоретски допира држачот на стакло и на лим). Долните каиши си сакаат картонче да им поттуриш затоа што од тежината на точаците и на дупки се откачуваат, мало парче картонче ги држи на место без никакви проблеми.
2. Теоретски за три велосипеди, практично за два велосипеди.
3. Монтажните точки за велосипедите на новата верзија (што сега се продава) на држачот не ги бива за п*нис. Обавезно мора пластични стеги како додатна заштита.
4. Ако се помириш со овие недостатоци, држачот е солидно парче хардвер со кој до сега сум прошетал голем дел од државава без никаква штета предизвикана на велосипедите. Колите од друга страна, страдаа додека не ги научив триковите со картонот. :)
 
Поздрав дечки ми треба мајстор , дајте информација кај се наоѓа тој Гоце :)
 
Не знам кој е Гоце, ама јас лично сум ептен задоволен од сервисерите на BIKEMARKET
 
Некој исксутво со Joe's No Flats нешо од гaлантерија, млеко ме интересират за гуми. Ги биват или не како компанија?
Глеам на нет имат солидни ревјуа, сакам да чујам и од вас мислење доколку го имат некој нешо користено.
 
Неможам нигде по сервисиве да го најдам тоа црното мало запчаниче за lockout на suntour амортизер дајте информација од каде би можело да се најде.Фала

MG_5455_1024x1024.jpg
 
Неможам нигде по сервисиве да го најдам тоа црното мало запчаниче за lockout на suntour амортизер дајте информација од каде би можело да се најде.Фала

Прегледај го приврзокот 156128
Не верувам дека некој по продавнициве ќе продава такво нешто, посебно не за SR Suntour амортизер. Најдобро да пробаш по групиве на Facebook :)
 
Имате да кажете било какво искуство со Tektro HDC-300
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom