Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Кампањоло и Шимано имаат различен тип на монтажа на велосипед. Ланецот не би бил проблем, касетата дефинитивно нема да можеш да ја монтираш на постоечките тркала. Барај си Кампањоло касета.
Martinmkd , samo lanec menuvam,, jas vozam sram lanec na kampagnopo kaseta nemam problem, e sega najdov za dobra cena shimano lanec pa sakam nego da go zemam ama da prasam za sigurno ,,inaku ima i campy lanci ama pak mn poskapi se od shimano
 
Абе за половен сите знаат да кажан тоа го знам и јас... За ново е работата.
 
Абе за половен сите знаат да кажан тоа го знам и јас... За ново е работата.
Поќе пари а послаба опрема. Исто разлика во колцата 26 инчи со 27.5.
Мене реално и не ми изгледа и овај така лош со оглед на то дека Трек прават и инвестират доста средства во нивните рамој.
Шо и да одбериш од некој супербренд, за тој ценовен ранг ќе добиеш најосновна опрема на точакот.
 
Со дечки од форумов и плус друштво, изминатиов викенд се дружевме на Мавровскиот маратон. Јас си поминав прекрасно, и воопшто не ми беше криво што го пропуштив (веројатно) одличниот настан Алшар 2016.

Да не должам многу, да пуштам некое сличе, па и видео од дружбата во Маврово.

Сабота беше ден за аклиматизација и една фотографска тура околу Мавровско езеро, бидејќи гостинот бил само во Маврово, а не се прошетал околу целото езеро. :)

Вака започна саботата, со традиционална мавровска пита со спанаќ и сирење, комбинирана со домашно овчо кисело млеко. Ресторанчето се вика Два Соколи, и го препорачувам најмногу на светот бидејќи ги прават највкусните пити што сум ги пробал во животот. Киселото млеко е исто 10+, комбинација од соништата!
Лоцирано е во Маврови Анови, на самиот почеток од лева страна.

M6nTaq1.jpg


После тоа се возевме околу езеро, и запревме на неколкуте најубави точки за одмарање: Бојков кладенец, Црн Камен, и новата брана. :) Слики подоле:

J4wc2JU.jpg


a6n6iiB.jpg


bGarJvW.jpg


hUpxFkJ.jpg


OtsJ4xG.jpg


PMwstIj.jpg


3HXM8AH.jpg


sGO7UiG.jpg


Azg97bU.jpg


Недела беше ден на маратонот. Слики не сликав воопшто, туку снимав видео. Како си поминав на маратонот можете да погледнете подоле. :)


Малиот маратон го завршија 105 учесници, јас успеав да се пласирам на 29то место со време од 2 часа и 31 минута. Презадоволен сум со оглед на претходниот тренинг.
Големиот маратон го завршија 30 учесници, меѓу кои и кајганџијата @Acohipmk со одличен пласман и време. :)

Поздрав до следната тура на слики (можеби и видео)!
 
Кај да најдам преста то шредер адаптер?
 
Некој да ми даде препорака за асална сајла за заклучување на велосипед до 300-400 денари.
Кажете некое место во Охрид @M-1 или дајте линк од страна што прават деливери, карго, пазар3, реклама5 и сл.
 
Некој да ми даде препорака за асална сајла за заклучување на велосипед до 300-400 денари.
Кажете некое место во Охрид @M-1 или дајте линк од страна што прават деливери, карго, пазар3, реклама5 и сл.
Нема асална сајла за заклучување за тие пари. Сите тие се кинат за 5 секунди.
 
Некој да ми даде препорака за асална сајла за заклучување на велосипед до 300-400 денари.
Кажете некое место во Охрид @M-1 или дајте линк од страна што прават деливери, карго, пазар3, реклама5 и сл.
Види кј нас во Охрид и ти немат некој си голем избор. Но за тој ценовен ранг најдобро шо мојш да купиш на пазаров кај нас е сајла со должина од 1 метар, дебелина од 10-12мм и да бираш меѓу опција на закључвење со клуч или бројки.
Photo0220.jpg
Истава би требало да ја најш во Автомакедонија и не би требало да е над 400 денари.
Ако движиш по Питу Гули (та е улицана кај основно Христо и црква Св.Ѓорѓија) налетвиш одма на кружнион тек за општа болница, тука вртиш десно и поминвиш покрај берберницине на 100 метри од лева страна во зградата на приземје ги имаш овије Автомакедонија немојш да ги футниш.

Нема асална сајла за заклучување за тие пари. Сите тие се кинат за 5 секунди.
Ако те намерат да ти го чапнат шо сакаш клај Крипонит Јулок, Мастер Лок, Абас... со прав алат све се кинит за 5 секунди. До толку се испраксирани шо во период од година дена имет мавнато саглам точачиња од подруми, шупи и тераси.
 
На брачедми од гаража од куќа му го чорнаја, бравата од вратата скршена и му го кренаја, тој беше поканет на свадба дома никој немаше. Интересно е што друго ништо не е чепнато освен точако, го изгорија 39k.

Така да убо пишаја погоре, ако намериле да го земат ти нема спас. Напредни се многу арамиве, имаат алати секакви. Си завршува раб и го.шитка у друг град за солидна а ефтина сума за тој велосипед. И ела барајго
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom