Момци да ве известам дека си земав Specialized Hard Rock Sport, за 13к. Под тоа несакаше да го даде дечкото, али нема везе.. океј цена е

Го однесов во Велоспринт за да го ѕирнат, и ми кажаа дека е топ точакот, само што ланецот сум требало да го сменам, бидејќи 90% бил изеден. А и приметувам дека, кога вртам наназад со педалите не оди мазно туку што знам крцка нешто апаратчето како да сака да смени, што значи дека треба и да се штелува апаратчето. како што знам дечкото па и не го носел точакот на сервис, и треба да го однесам на комплетен сервис. па незнам дали да го направам тоа сам, гледајќи на јутјуб видеа, или подобро е да го однесам во велоспринт кој за комплетен сервис без вилушка е 600 денари, а за вилушка комплетен е плус 600, или основен плус 300. Исто и за ланец, навистина би ми ги оштетил запчаниците ако го возам вака, и не го сменам ? И дајте некој корисен совет за почетник велосипедист

Фала ви на досегашните совети btw