Читајќи вака 9-10 страни наназад, до некаде сконтав на што да пазам при бирање на "асален" точак.
Trek 820 мислев да го земам, ама го немаат на залиха. Следно што најдов по Online ценовниците е
Capriolo. Треба да тркнам до Outdoor, пошто веб страната немаат абер да ја вратат во нормала.
Ваши предлози со што да се подновам? Висина 185cm и барем за сеа ќе се вози стрикно на асфалт, а за понатаму ќе видиме. Плафон цена ми е 16000 и не би дал повеќе пари, исто и на старо не сум љубител да купувам.
Секој предлог е добредојден и фала однапред.