Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, пријател го продава чоперчево ако е заинтерсиран некој нека пише поз...
2013-08-06 15.04.50.jpg2013-08-06 15.04.28.jpg
 
21 инчен велосипед воглавно возат луѓе со висина над 185 см, што и тоа е релативно зошто има луѓе со подолги нозе и пократко торзо, различни должини на раце, исто така многу зависи и од top tube т.е. горната хоризонтална цевка итн. Сепак најдобро е да се проба велосипедот на лице место и да се види дали одговара или не. Ако склопува велосипед со нови делови ќе го чини скоро дупло пари од цената на комплетен. Не е лоша идејата ва велосипед на старо, но треба да се внимава што се купува, има многу приправени кршови, како и крадени кои се продаваат за примамливи нереални цени. :)
Значи да резимираме, 21 инч не возат само кошаркари. :LOL:

60% од велосипедиве низ македонија се над 20 инчи... Ако 21 возат само кошаркари, тогаш 80% се кошаркари низ македонија (тие 20% не возат точак. ;D )
 
Aпсолутно си во право ова со нозете.Инаку ова со кошаркариве ми беше само така кажано.Но Факт е дека ретко кој вози вакви рамки т.е многу многу помал број на луѓе за разлика од 19ки на пример.И точно е ова со крадениве.Еден братучед ептен го на*ба пред две недели кога некој си го познал велосипедот.

Но и да бидеме реални.Сум имал прилика и да седам во една продавница за велосипеди и опрема.Иако е директен увозник и веројатно највеќе купени велосипеди во Македонија имаат од него и он самиот вели дека 70% се од надвор од украдените.
А и да бидеме реални за 24000 денари или колку имаше сузуки има многу можности,па дури и да купи на ново велосипед.

60% од велосипедиве низ македонија се над 20 инчи... Ако 21 возат само кошаркари, тогаш 80% се кошаркари низ македонија (тие 20% не возат точак. ;D )
Абе ајде.Ова со процентиве како ги кажа.Сигурно ова е некој од провинција.Скопјанец не е 100%.Само они знаат да кажат ваков хумор. :pos: Незнам проценти ама комшијава е висок 1.95м.Кога беше да бара пред 2-3 години за него велосипед никаде немаше во цело Скопје.Речиси секаде му беа викале дека немаат за него големина на лагер бидејќи многу малку биле барани и ги носеле само по нарачка.на крај најде едвај на едно место. Значи од овие 80% погоре веројатно треба да се извади и нулата позади па тука некаде и бил реалниот приказ за над 20" велосипеди.
 
Има некој информации за маратони или тури кои се одржуваат во следниве 2-3 недели?
 
Еве ви едно табеличе, според твоево кажување комшијата трабало да вози 24 инчи, а не 21... Јас сум 1.85, значи 21-22 ќе ми одговара...

4' 10" - 5' 2" 148 - 158 13 - 14 XS
5' 2" - 5 '6" 158 - 168 15 - 16 S
5' '6" - 5' 10" 168 - 178 17 - 18 M
5' 10" - 6' 1" 178 - 185 19 - 20 L
6' 1" - 6' 4" 185 - 193 21 - 22 XL
6 '4" - 6' 6" 193 - 198 23 - 24 XXL

Иначе најдов и неколку други добри точаци, па некој ако можи да ми помогни околу изборот...
Значи:
Corratec 25.000 денари НОВА,
375613_622990734378109_2023892388_n.jpg

Мерида тфс100 2013, нова е 600 евра, а човекот ја продава за 350 (со можност за договор)...
1146709_10200565436883972_1196689950_n.jpg

Мерида Матс20МД 2013, Цената нешто под 25.000, Нова од бајкмаркет...
Matts-20-MD_104_white_MY2013_CMYK.jpg

Specialized HardRock Disc, нова од Про Спорт, Цената е 22.000 денари....
HR%20Disc.png

GT Aggressor 2.0, нова од Про Спорт, Цената, 21.000
aggressor%202.0.png

Или дај препорачајте некој, ептен ќе ми помогните...
 
Инаку да прашам колку км има од Скопје - центар до патишка река и за отприлика колку време се вози? :) во еден правец
 
Има некој информации за маратони или тури кои се одржуваат во следниве 2-3 недели?

Незнам за наредниве 2/3 недели, знам за овој на 15 ти септември,https://www.facebook.com/events/272183589589953/276175452524100/?notif_t=plan_mall_activity.

Инаку да прашам колку км има од Скопје - центар до патишка река и за отприлика колку време се вози? :) во еден правец
Околу 35 километри ти е еден правец, одприлика саат ипол два. :)
 
Халконот за тие пари располага со најдобри делови. Ти го кажувам ова пошто и јас листав сајтови и продавници да видам што друго се нуди. Подобро задолжи се 3000 од другар, од некој, секако ако си во можност, него да го земеш спешлајзот на пример. Ипак, зависи од тоа за што би го користел точакот, дали би ги осетил во вожња тие подобри или послаби делови. Ако не ти мења нешто многу, иди по цената дали ти одговара.

п.с. ГТ-то 19.900 ти е. :D
--- надополнето: 9 август 2013 во 01:14 ---
Незнам за наредниве 2/3 недели, знам за овој на 15 ти септември,https://www.facebook.com/events/272183589589953/276175452524100/?notif_t=plan_mall_activity.

Биваше баш на 15ти септември да го стаат ...
 
Има некој информации за маратони или тури кои се одржуваат во следниве 2-3 недели?

Соларис од Струга организираат многу убав маратон наредниот викенд.
--- надополнето: 9 август 2013 во 02:02 ---

Меридата ти е супер за парите, посебно ако е расположен да пушти уште нешто како што пишува и ја земеш за 20.000.
Само барај си ја гаранцијата штом е точакот од 2013, и покрај тоа што верувам дека не е некој луд да огласува краден велосипед.
Исто така провери ја убаво да не треба да се сервисираш нешто и дали ги носи деловите од спецификацијата.
Втор избор е Коратекот, моментално најдобра опрема за парите.
 
Дечки, дали некој пуштал велосипед по Карго ? Ме интересира каква е процедурата , треба ли во некое нивно претставништво да го однесам или може да го земат од врата, за колку време го доставуваат, на дестинациската адреса (друг град) дали таму го оставаат во нивно претставништво па јас да го подигнам или може на врата, како се движат цените и слично ? Сакам да пуштам на релација Скопје - Охрид, не сум пуштал ништо по карго па незнам ништо околу тоа .
 
Јас колку што знам од ценовникот е 250 денари е сега за од врата до врата мислам е повеќе еве види на вебот www.kargoekspres.mk
--- надополнето: 14 август 2013 во 01:04 ---
Se nadevame deka ova velosipedce (kako za vozrasni samo vo smalena forma :) ke donese mnogu nasmevki na nekoe devojce ili mozebi momce, se prodava kompletno reparirano, info vo inbox

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.563011810422995.1073741842.362658100458368&type=1
DSC_0440-1.jpgDSC_0421-1.jpgDSC_0423-1.jpgDSC_0427-1.jpg
 
1000002_10201747240861063_1068423852_n.jpg

Продавам портабилен сет за поправка на дупната гума. Сетот содржи 2 вилушки за вадење на гума, 6 лепенки, лепило за гума, шмиргла (како на сликата). Производот е нов, некористен. Му барам 250 денари. Производот е нов, некористен.
 
извини вака, без лично да те напаѓам не ти ја сваќам логиката на продажба. Нема да се збогатиш, а испаѓаш смешен, луѓето се доволно добро информирани. Еве 6 самолепливи лепенки марка toppick со шмирглички чинат 120мкд во бајкстоп, со што кажувате збогум на лепакот! Вилушкиве се макс 100мкд со тоа што не ја разбирам нивната улога бидејќи без проблем гумата се вади со прсти. А ако некој сепак се решил за ваков кинески комплет, на пазар е дупло поефтин. поздрав...искрен и велосипедски :)
 
Затоа што минималната порачка беше три од кое едното е за мене, другото го подарив на пријател и едно ми стои вишок дома затоа и го продавам. И викаш испаѓам смешен?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom