Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување

Доколку се оригинални(без разлика на земја на производство) да, но бидејќи се овие кинески копии(така изгледаат) не вредат бидејки имаш мал милион кинески сајтови каде цената на дресовиве е половина од оваа напоменатата. Поштарина не се наплаќа до Македонија и така. Само треба да почекаш 20-30дена
 
Најискрено не мислев да купувам него ме заинтересира бидејќи цената на овие според мене е голема а јас како што приметив не се оргинал а во вучко имаше пред некое време за слична цена далеку подобар дрес :)
 
Macedonia by bicycle...

Прегледај го приврзокот 57381
--- надополнето: 31 јануари 2013 во 20:09 ---

.
Хаха уште да беше кај нас. :)
Адвенчурцајклинг се закон, од видеата што ги вадат до мапите, списанието, а и гледам бизнисот со турите партали им прави, се мислам за слично нешто можеби кај нас, но треба време и време за тоа на овие простори.
 
Најискрено не мислев да купувам него ме заинтересира бидејќи цената на овие според мене е голема а јас како што приметив не се оргинал а во вучко имаше пред некое време за слична цена далеку подобар дрес :)

Добар дрес за возење чини пари. Како и секој производ во ова потрошувачко општество. Кинескиве копии се катастрофални. Единствено само изгледаат како оригиналите. Квалитет на платното....мизерија. Што подразбираме под добар дрес......нормално не неговиот дизајн и изглед туку квалитетот на платното од кој е изработен пред се. Колку е полесен дресот, колкава е неговата дебелина и на сам крај за мене најбитно за колку време успева потта од телото да ја предаде на околината. Кинезиве цела пот ти ја оставаат на грб, па после мисли му ја. Рекреативни дресови кои се малку подебели и немаат целосни патенти се движат од 1200-2500ден во зависнот од произведувачот и нормално малата разлика во квалитет. Од 2500-6000ден се движат за наши услови ‘‘профи‘‘ дресовите кои имаат целосни патенти(кој е многу битна работа, посебно лете кога е прежешко-за ладење на организмот). Нормално во светски рамки во оваа ценовна категорија спаѓаат средната класа на квалитет на дресови која за наши потреби е најдобра. Од 6000ден па се до кај 20000ден влегуваат вистинските најквалитетни дресови изработени од ајде да кажам хајтек платна кои не се ни осеќаат дека ги имаш на тело, лесно ја отфрлаат потта и ред други работи за кои се наменети. Кај нас ретко може да се најде вакво парче велосипедска опрема бидејки реално за наши услови се прескапи и недостижни.
 
Да не знае некој каде можам да си набавам рам? :) продавница или пак половен сеедно ... и која цена се движат отприлика:)
 
Уште ова да ви го пуштам и ветувам дека деновиве ќе олабавам на темава. Канада е многу убава земја и покрај тоа што има Французи...
 
Да не знае некој каде можам да си набавам рам? :) продавница или пак половен сеедно ... и која цена се движат отприлика:)
Види во Пробајк имаа еден Cube, 8.000 ден. го даваа до утре мислам, исто така тркни и до Бајкмаркет, имаат Merida рамки. :)
 
E па чорба, ако не ѕирни по огласиве на пазар3 или реклама5, може ќе улета нешто.
Мислев некаде на друго место да не има ... во секој случај веќе пратам огласи па ќе видиме и нешто правам некој договор со боки па ќе видам :)
 
А зошто не си купиш цел точак, или сакаш ептен по твој мерак да си го правиш, ќе те кошта вака повеќе може, ама пак на крај кога ќе го возиш меракот е поголем знаеш ти си го составил. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom