Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
За регуларна цена од некои 440-450е овој велосипед може да се каже дека е и прескап...со попустот од 300е цената е +- ОК но да се фаќа пат до Хрватска за ова....не иде
 
И ?? Добро, што толку овој точак се разликува со деловите и цената од кај нас ?? И плус на акција е, што и кај нас имаше точаци во тој ценовен ранг за новогодишните попусти. Како што ми личи на сликата ова не MT бајк туку хибрид, а и деловиве му се слаби. Стварно не знам што се изненади толку. :cool:
Не велосипедот не е ништо посебно, туку пред некој ден ги гледав цените на Фокус кај нас каде што имаше наводно попуст до 20% и се изненадив кога ги видов цените на Фокус во Хрватска.

Цени во Македонија

Цени во Хрватска

1 евро е некаде 7.6 куни.
 
Не велосипедот не е ништо посебно, туку пред некој ден ги гледав цените на Фокус кај нас каде што имаше наводно попуст до 20% и се изненадив кога ги видов цените на Фокус во Хрватска.

Цени во Македонија

Цени во Хрватска

1 евро е некаде 7.6 куни.
Тоа да, се сложувам, овие кај нас колат со цените во случајот во споредба со Хрватска. Некои цени се разика 30 %. Па и не само за Focus точаците, има и други продавници кај нас што истото го прават.
 
Не, никој не коле туку едноставно треба да се додадат дополнителните трошоци за увезување на еден велосипед, царина 10% + дополнителен транспорт + нешто неочекувано и сетоа тоа ја подига цената на велосипедот. Нареден проблем е тоа што во Македонија за една сезона ќе се нарачаат да речеме 60-80 Focus(го земам како пример +- исто е со сите брендови) а во Хрватска бројката иде до па и преку 500-ни парчиња. Нормално е набавната цена да не е иста.

Нас тоа како крајни потрошувачи не не интересира но реалноста е таа. Затоа пак во зимски услови....нема подобро место за купување на велосипед од Македонија
 
Не, никој не коле туку едноставно треба да се додадат дополнителните трошоци за увезување на еден велосипед, царина 10% + дополнителен транспорт + нешто неочекувано и сетоа тоа ја подига цената на велосипедот. Нареден проблем е тоа што во Македонија за една сезона ќе се нарачаат да речеме 60-80 Focus(го земам како пример +- исто е со сите брендови) а во Хрватска бројката иде до па и преку 500-ни парчиња. Нормално е набавната цена да не е иста.

Нас тоа како крајни потрошувачи не не интересира но реалноста е таа. Затоа пак во зимски услови....нема подобро место за купување на велосипед од Македонија
Добро тоа за колку поголема нарачка поголем дисканут во право си, но не може да има разлика дури и до 30 % во малопродажната цена кога се на попуст. Зборам кај нас стандардно маржите се многу високи и ја прават цената нереална.
 
Полоша набавна цена + Царина + Дополнителен транспорт + Непредвидени трошоци(кои секогаш ги има) = цената во Македонија.......и не се 30% поголеми цените...максимум до кај 15-18%
 
Дечки не чекајте пролет да си ги персонализирате велосипедите, тогаш сите ке сакаат, а ке нема време https://www.facebook.com/pages/Dragon-Custom/362658100458368
Многу гужва се праи, па не можеш да постигнеш? Пошто сакам еден TRIBAL да стаам на точакот, можеш ти тоа? Нешто вакво

Tribal_Trinidad_by_Irina_Baiken.png




Само те молам побрзо одговори ми, пошто нејќам после по гужвите да се маткам, на време да си го персонализирам велосипедот, што си е сигурно, сигурно си е.
 
@Dragon Custom Skopje Од Март/Април здравје да соберам пари ако може да ми кажеш колку пари е да се направи еден симбол од страна и да се напише нешто? :)


Кој сака да се дружиме ајде... :) ЕВЕНТ: http://www.facebook.com/events/530930723608476/
188156_530930723608476_1802716006_n.jpg

Критична маса- Скопје на точак #9: „Избори се за воздух!“
Public · By NaTochak
    • MY8128-Z6ed.png
      17:30 until 19:00

  • CkUsr6b1mSA.png

    Р.Ј. Корчагин (спортскиот терен позади гимназијата, види мапа:www.0.mk/km9)

  • K6_TY47YS3x.png
    Скопје се дави во смог и во сообраќајни гужви. Се дават и други градови поради зголемената концентрација на луѓе и активности. А ниеден град не го решил проблемот со аеро-загадувањето со чекање дожд или ветер да го однесат смогот или со давање предност на возењето автомобил. Помеѓу другите активни мерки, потребно е целосно реобмислување на приоритетите во сообраќајот. Градовите планирани да одговараат на автомобилот пред луѓето, повторно стануваат хумани места за живеење.

    Но што во меѓувремето се случува со нашиот личен избор на дневно ниво?
    Погледнете околу вас! Во 3 од 4 автомобили се вози по само еден човек, автобусите се најчесто полупразни, а луѓе на точак?
    Ќе придонесуваме кон поголемо загадување или ќе споделуваме патување со автомобил со пријателите; ќе се возиме почесто со јавен транспорт на подолги дистанци и на пократки ќе го реактивираме точакот?
    Секој точак на улиците е еден автомобил помалку. Секој нов велосипедист значи помалку штетни гасови и за себе и за оној кој вози автомобил. Автомобилот, докажано, воопшто не го штити патникот од ситните штетни честички.
    На годишно ниво, заради загадениот воздух, својот живот го губат 1350 жители на Македонија, а бројот на заболени е уште поголем.
    Изворот на живот стана извор на смрт. 2013 е година на воздухот во Европа. Ситуацијата е сериозна и во други градови.
    Разликата е во тоа што некои градови порано увидуваат дека мора да се преземе нешто.
    Зошто да одолговлекуваме кога ги знаеме решенијата и кога може да потекнат од секој од нас лично?

    Не загадувај!
    Вози точак секој ден!
    Избори се за воздух!
    Дојди да возиме заедно во среда и сподели го настанот!

    ***Понесете разни светлечки и звучни реквизити. Ќе обебедиме заштитни маски со кои симболично ќе ја извозиме рутата низ индустриска зона сместена во градот: http://0.mk/km9
    ***Ќе има дружење со чај на крај
    ***Возете одговорно, внимавајќи на себе и на другите
 
4c51ddc2ff174365a6f5c07c6358773c.jpg57e035d828ea4b629200ae8f0c4abd55.jpg697eecf2b4ab4ab8b9505fca842075df.jpg12428815ecb448f8adc2edeaeb5ca9ef.jpg

Вредат ли овие дресови за овие пари? o_O како што знам јас овие не се нови ...
 
Macedonia by bicycle...

cyclist.jpg
--- надополнето: 31 јануари 2013 во 20:09 ---
Вредат ли овие дресови за овие пари? o_O како што знам јас овие не се нови ...

Во Вучко зад Универзална сала имаше Scott со кратки ракави, произведен во Романија по лиценца за 1300 ден. во летото.
Јас купив еден и сум задоволен од него.

Провери да не му има заостанато нешто уште.
 
А да се договориме ние за една вожња? Утре ќе биде времето супер ама нема за собирање време, а и којзнае колку се активни другите во ова време од годинава... :confused:
 
А да се договориме ние за една вожња? Утре ќе биде времето супер ама нема за собирање време, а и којзнае колку се активни другите во ова време од годинава... :confused:

Јас ќе ве придружам и на евентот само да се затопли уште малце и да го средам точакот. Патем, што точак имаш?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom