Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
@wot @Anon Некој коментар за Billions или само јас останав што ја пратам

Серијата е за бинџ уачинг само. Ќе и седнам на цела сезона. Заборавам многу преку недела.

Не сум ја глеал, ме заинтригира сеа кога прочитав информации. Не знам, ми се свиѓа како оде случајот. До пола сум. Не сум гледал досега ваква серија т.е документарец со толку епизоди.

Него, American Crime Story ветува?

Vinyl ја симнав, ќе се гледа во 720п.

Јас ја гледам American Crime Story и за сега многу ми се допаѓа. Малку позната на сите им е приказната, ама нема веза тоа.
Баш е трилер. Од мене имаш препорака.

Го гледав и пилотот на 11.22.63 со James Franco, воопшто не ми се допадна, наводно по прича на Steven King e, а и J.J. Abrams има замешано прсти.

Vinyl уште не сум седнал да видам што нуди.
 
Веќе подолг период се шпекулира,се шушка,се враќа не се враќа незнам што ќе испадне иако мене крајот(?) на 8 сезона многу ми се допадна и општо серијата ми е у врвот и да не продолжи понатаму ќе ја почитувам одлуката иако фан-базата секогаш бара уште едно останува сигурно Лери си гази...
Има кажано Лери, моментално поголеми се шансите да нема нова сезона отколку да има. Иначе крајот на 7мата сезона беше перфектен крај за “Крб“ во комбинација со “Сајнфелд“, having said that, не се бунам што имаше 8ма :D.
 
Вчера ја завршив првата сезона на Better Call Saul. Мене многу ми се допадна овој спиноф лагано ми легна. Друго што да кажам освен
goodbye James McGill hello Saul Goodman
 
Не знам дали некој ја следи француската - Braquo .Искрено,сега за сега ми е откритие .Едноставно е растур серија.Мислев дека сите серии со цајкански заплет се клише.Епа не и оваа.Оваа ти е цајканско дно.Не знаеш кој е поголем кримос,цајканите или кримосите.И уште нешто,прилично е брутална.Значи,малку помачете се и пронајдете ја.Препорака од мене.
 
Ја почнав данската Arvingerne (The Legacy). Пред недела дена започна и на Телма, ама јас си ја симнав. Играат познати глумци од филмовиве и од Broen. Малку поразлична од останатите дански серии со оглед на тоа што се работи за семејна драма, криени тајни и слични работи. Две емитувани сезони, трета во фаза на продукција.
 
The.Night.Manager.S01E01.1080p.HDTV.x264-MORiTZ

Hugh Laurie, Tom Hiddleston :vozbud:
Ептен ефтино и несредено изгледа, со малиот сет и бонд атмосферата. комплетна спротивност од стилот на John Le Carre.. очекував потемна напната атмосфера, затворени енигматични ликови, лимитирани дијалози, со тензична музика во позадина на поголеми сетови.
Hugh Laurie, meh... неам баш некои очекувања.
 
Не ти е енигматичен ликов на Том? Што бара поранешен војник во хотелиерство и што поточно работел на турите во Ирак/Авганистан кај и да спомнаа. Ликот на Ропер(Хју) е исто енигматичен ако гледаш дека на почетокот ко го даваа како некој хуманитарец на ТЕД талк, целиов негов лик е енигматичен што и како и општо серијава се дрзнува на малце понова политика во однос на моќници и злобни луѓе низ светот(корпорации) само од малце поинаков аспект.
Серијава итекако има потенцијал, не знам како засклучи од пилот епизода која патем беше снимана во Каиро и Швајцарија дека има мал сет и слично, престрога ти ек ритикава на основ на една епизода. А и дијалозите можеби беа малку ама беа квалитетни, особено кога на арапски му зборуваше односно го праша дали збореше, во такви моменти се гледа квалитетна серија од класична Фокс крими.
Ал ин ал, ефтина ти е критикава на основа на една епизода која патем беше сосема солидна и со енигматични ликови, баш спротивно на се што пиша :D
just my two cents
 
Ова што го пиша горе не е никаква мистерија, а уште помалку имаше некаква енигматика. Очигледно е дека ликот на Том ќе влезе у 007 филм, другиве ликови сите до 1 се разоткриени. А и не ја оценив никако, ќе почекам уште некоја епизода...

Познат ти е стилот на John Le Carre? Го имаш гледано Smiley's People, Tinker Tailor Soldier Spy(филмот или мини-серијата), The Spy that came in from the cold?..
 
Како бе не ти е? Како знаеш што се крие позади љубезноста на Кристофер и неговите лица? Зошто IEA е како дупка од агенција а не контраразнување? Зошто се бара Ропер? Мислам дека си имаш створено некои погрешни високи очекувања или слично па првава епизода ти доаѓа како разочуравање, ја немам гледано ниту еден филм или серија од Џон и не му го знам стилот, на серијава и седнав откако го видов вот дека ја препорачал и пријатно се изненадив, сосема солидна прва епизода. Нема да ми смета Том Хидлстоун да биде новиот Бонд :D
 
Мислам дека си имаш створено некои погрешни високи очекувања или слично па првава епизода ти доаѓа како разочуравање, ја немам гледано ниту еден филм или серија од Џон и не му го знам стилот, на серијава и седнав откако го видов вот дека ја препорачал и пријатно се изненадив, сосема солидна прва епизода. Нема да ми смета Том Хидлстоун да биде новиот Бонд :D
Не е режисер писател е, пишува на spy/secret service тематики а е поранешен агент.
Проблемот е што не треба да биде нов квази Бонд за да се долови адаптацијата како што треба, од таму ќе ги прими и негативните критики најверојатно. Mоже да излезе и квалитетна серија, ама тоа ќе е најверојатно во друг правец, како трилер.
 
Последно уредено:
The.Night.Manager.S01E01.1080p.HDTV.x264-MORiTZ

Hugh Laurie, Tom Hiddleston :vozbud:
Вака по инфо ми делува слична тема на London Spy таа ми беше доста лоша не успеав да ја догледам ни прва епизода од толку клише. Се надевам дека ова е нешто подобро
 
ja moram da se soglasam so wicked, edvaj go izgledav pilotot.. so znam, nekako...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom