Ја изгледав The bear и јас, ама стварно не знам зошто се води ко комедија.
Ми требаше време да навлезам и да се заинтересирам, поготово ме нервира Лип со таа мутле фаца и глумење само депре, жртва и изнервиран цело време, ама среќа другиве ликови се вртат со интересни приказни тук таму. Прва сезона беше ок, втора беше најдобра, трета спадна бааги. Четврта ќе видиме како ќе ја тераат.
Во секој случај, различен концепт од сите други серии моментално, стварно не знаеш за што може да биде наредна епизода.
Џејми е одлична бтв. Многу остарена некако, не помага ни тоа што во толку зум ги снимаат цело време. Леле епизодата со пораѓајот, една од подобрите епизоди евер на телевизија. Мислам дека ги фатија сите жени на таква емоција со онаа епизода, многу реално и ранливо.
Не знам кој им ги пишува дијалозите на оние браќата електраши, дали е стварно скрипта или на место со импровизација тропаат глупости, ама знаат да ме насмеат.
Е само тие се комичниот дел во цела серија.