Опозицијата лае - карванот врви и работи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Барем СДСМ му показаја на Грујо дека и баш ја нема скоро целата подршка на својата коалиција. 5 разлика гласови се малку. Се кладим СДСМ во октомври уште еднаш ќе поднесе интерпелација ако Груевски не направи ништо. Btw убав говор н Шеќеринска
 
После неколкудневна анализа на сите случувања во полза и на штета на Република Македонија, после некој ден по усвојувањето на извештајот во којшто за првпат стои дека Брисел препорачува почнување на преговори со Република Македонија, не можам да не се начудам на неконструктивноста и на плиткиот пристап кон политиката на макеоднската опозиција којашто како мало дете организира гласања за недоверба на влада којашто, за жал на опозицијата, фунцкионира на меѓународен план.

Сигурен сум дека ќе ме прашате како. Е па вака :

Не е мала работа да се почнат преговори со НАТО после неколку јасни сигнали и тоа под уставното име. Сеќавајќи се на 1993 и на грчките протести кадешто маврите скандираа "Μακεδονία είναι ελληνική!" или "Macedonia is greek!!!" (а ние бегавме што поскоро кон границата за да не видат дека имаме налепница МК од страв да не ни направат некоја глупост ) напредокот е очигледен и јасен : оваа влада е во полза на Република Македонија и нејзините напори се јасни и видливи. Шеќеринска, Бучковски и Ивановски имаат уште многу да учат демократија! Дотогаш, нека ги наведнат опашките и нека молча учејќи како се преговара и како се конструира држава без ставање на чело на партиските интереси за спроведување на некоја дневна политика на јадење трици. Трици, драга Ратке, се јадат во свињарник ама јас ќе ти ја препорачам народната којашто вели : ”Не се мешај со триците за да не те јадат свињите!!!”.

Сепак, нешто недостасува : економијата!!! Енергетскиот сектор е заникаде и треба владата да преземе конкретни мерки за Македонија да не остане без струја. Дали тоа ќе биде следен чекор? Останува да видиме!!!
 
Macedalien напиша:

Само нека продолжи Владата да се самобендисува:helou:
 
Мислам дека барањето интерпелација е еден од подемократските чекори што ги направила било која партија од опозицијата до сега. Сметам дека на ваков начин ќе може многу подобро да се увиди на тоа кој колкава поддршка има во Собранието и дека ова е шанса на опозицијата да укаже на грешките на Владата и да понуди можни решенија.
 
@Macedalien - Мислам дека си малку неискрен, па сето ова и со ЕУ и со НАТО не е само продукт на работењето на оваа влада.
 
TpH_Bo_OkO напиша:
ВОЛАН во својот блог убаво напишал што се случува моментално во Македонија, а СДСМ со нивното детинско однесување ставија во сенка ново достигнување за Македонија!!!

Пренесувам од волан:

А за достигнувањето кои СДСМ се обидуваат да го стават во сенка, напишал и ВЕЧЕР и Дневник: Грција остана сама во Брисел

ПАСОШИТЕ ВО СКОРО ВРЕМЕ ЌЕ БИДАТ ПРИЗНАТИ ОД ЕУ ПОД УСТАВНОТО ИМЕ А БРАНКО САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ И НАТО ПОД БЈРМ!!!

Мислам дека повеќе е од јасно кој ја закопува Македонија...

Боже чувај не...

П.С. Кога сме кај блоговите, добра аналитика за ова имаат направено: Оксиморон, Зорив и Волан...Ме чуди што онлајн политичарот сеуште нема прокоментирано ништо за случувањево...

За ова сакацв да отворам тема, или да пишам во некоја од сличните теми.
 
Неискрен??? Ај пребарај во Архивите на А1 каков извештај даде ЕУ на некои 25 дена пред заминувањето на БУЧКо и на неговата влада и после ќе правиме муабет.

Пристрасен??? Не бе - не живеам јас во Македонија и ако сака нека има и кабинет составен од Јупитерци и Марсовци : ич тоа мене не ме тангира. Јас не навивам за никого : гледам што се случува. На наредните претседателски избори ќе дојдам специјално да гласам ако И САМО АКО Илинка Митрева се кандидира. :wink:

Заклучок : не е вкусна етикетата - виното е вкусно! :star:

asterix_m напиша:
Само нека продолжи Владата да се самобендисува:helou:

Ако ти самиот не се цениш - не го очекувај тоа од другите :bip:
 
Само да продолжат вака Грујо и компанија, да не се замараат многу со опозицијава, бидејќи народов полека се буди и гледа кој што сработил
 
Значи да повторам како и порано, многу добра вест, може да се каже и одлична вест, сигурно не е само резултата на работата на оваа влада, ама оваа влада со својата плакативност успева да ги разубеди другите во своите предрасуди и информации од своите информатори кои нормално не секогаш се целосни и објрктивни. АМА ова треба да биде поттик за оваа влада дека дава некакви позитивни знаци кои не би сакала да си ги засени со на пример исклучување на семафорите и уличното осветлување во главниот град само зошто одреден Bug настанал поради децентрализацијата. Нормлано тоа и не е единствениот проблем, туку воглавно проблематиките се ориентираат кон економската стабилност и пред се развој на населението и државата, тука има уште многу многу многу да се работи, и треба што побрзо и со поголема динамика да се продолжи со овие проблематики, нормално незапоставувајќи ги и тие од повеќе политички карактер.
 
Не е за џабе довербата на народот на толку високо ниво.
 
NSDP glasala so dvajca ili trojca protiv. A NP go poddrzala Gruevski.
Posle da se znae koj e kelesh, a koj ne!
 
Сега Гвујо ке се обиде да ги купи двете политички "вртиопашки" на НП ако веќе ги нема купено.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom