После неколкудневна анализа на сите случувања во полза и на штета на Република Македонија, после некој ден по усвојувањето на извештајот во којшто за првпат стои дека Брисел препорачува почнување на преговори со Република Македонија, не можам да не се начудам на неконструктивноста и на плиткиот пристап кон политиката на макеоднската опозиција којашто како мало дете организира гласања за недоверба на влада којашто, за жал на опозицијата, фунцкионира на меѓународен план.
Сигурен сум дека ќе ме прашате како. Е па вака :
Не е мала работа да се почнат преговори со НАТО после неколку јасни сигнали и тоа под уставното име. Сеќавајќи се на 1993 и на грчките протести кадешто маврите скандираа "Μακεδονία είναι ελληνική!" или "Macedonia is greek!!!" (а ние бегавме што поскоро кон границата за да не видат дека имаме налепница МК од страв да не ни направат некоја глупост ) напредокот е очигледен и јасен : оваа влада е во полза на Република Македонија и нејзините напори се јасни и видливи. Шеќеринска, Бучковски и Ивановски имаат уште многу да учат демократија! Дотогаш, нека ги наведнат опашките и нека молча учејќи како се преговара и како се конструира држава без ставање на чело на партиските интереси за спроведување на некоја дневна политика на јадење трици. Трици, драга Ратке, се јадат во свињарник ама јас ќе ти ја препорачам народната којашто вели : ”Не се мешај со триците за да не те јадат свињите!!!”.
Сепак, нешто недостасува : економијата!!! Енергетскиот сектор е заникаде и треба владата да преземе конкретни мерки за Македонија да не остане без струја. Дали тоа ќе биде следен чекор? Останува да видиме!!!