Опасни политички игри на Црвенковски

Член од
25 февруари 2006
Мислења
254
Поени од реакции
28
Веб-сајт
nacionalist.blog.com.mk
6905202BC9467E4EBE6B1CBB80AEB959.jpg

Како и порано, кога тој не убедуваше дека приватизацијата ќе донесе демократско општество, и кога во 1993 се согласи со ФИРОМ, за странците да му дозволат наместени избори во 1994 година. Веќе во октомври 1995, тој во Собранието, во кое СДСМ контролираше над 100 пратеници, да ја ратификува спогодбата за ФИРОМ. Име на државата за кое Црвенковски и Глигоров тврдеа дека ќе трае само неколку месеци. А траат еве петнаесет години.

Сега Црвенковски, сам и на своја рака, побара и доби средба во четири очи со посредникот Нимиц. Никој од нас не знае на што ја обврзал државата македонскиот претседател на таа средба со Нимиц, и каков, после тоа, ќе биде текстот на предлогот од Нимиц. Како и во 1993, и сега Бранко Црвенковски одработува за некои странци за да му се дозволи победа на наредните избори. Ќе побара ли Црвенковски, конечно после давесет години, еднаш и за својата држава?!

Македонија, како ретко порано, се наоѓа пред големи политички искушенија од кои може да излезе стабилизирана на подолг период но, и да излезе како територија без демократија и слободен пазар, во заложништво на политичките амбиции на еден човек. На Бранко Црвенковски. Претседател во неформална оставка, и шеф на СДСМ на кој мандатот, и официјално, со одлука на последниот партиски Конгрес, му почнува во мај догодина. Во таква ситуација, кога се што има на располагање, Црвенковски става во функција на својата партија, и идното свое партиско лидерство, Македонија функционира без претседател. Како заложник на еден партиски лидер во привремено отсуство од партиската фотелја.

Прво, пред една година, кога Црвенковски се уште функционираше како -така како претседател на држава, без јавни амбиции за партиски лидиер, и кога се уште мислеше дека би имал шанса да добие уште еден претседателски мандат, токму од него во јавноста излезе идеја дека во вториот круг претседателски избори треба да нема цензус. Причината беше логична, сите три непосредни претседателски избори во минатото (Глигоров, Трајковски и Црвенковски) во вториот круг имаа тешки инциденти и полнења кутии. И тоа од претежно од албанското гласачко тело. Ова цело време поттикнуваше антиалбанско расположение во државата бидејќи, во вториот круг, полнењето на кутиите во општините со мнозинство Албанци одлучуваше кој е претседател на сите граѓани. Најпосле, во повеќето европски држави во вториот круг претседателски избори нема цензус од педесет насто излезност. Сега Црвенковски и СДСМ, соочени со фактот дека немаат сериозен кандидат за претседателски избори, го менуваат ставот. Не сакаат да има легален втор круг претседателски избори за Груевски да има проблеми на пролет со нови изборни инциденти кои тие, потоа, ќе ги искодошат кај Фуере, и ќе побараат странска поддршка за соборување на Груевски кој, нели, постојано има инциденти на изборите кога е тој на власт.

Не кон своите граѓани, туку пак кон странците, Црвенковски се обрати за власт уште еднаш. Во Њујорк. Тој побара и доби, сам во четири очи, средба со посредникот Нимиц на која македонскиот претседател направи меѓународно забележан скандал. Не дозволи македонскиот министер за надворешни работи Милошоски да присуствува на таа средба. Црвенкосвски сакаше и доби средба во четири очи. Никој не знае што Црвенковски во таа прилика договорил со Нимиц. Содржината на нивниот разговор ќе ја видиме наскоро, во текстот на предлогот кој се очекува од Нимиц до крајот на октомври. По средбата Нимиц даде изјава дека нема потреба од понатамошни сердби со посредниците или некој друг, бидејќи се му било јасно. Тоа е јавна изјава на посердникот Нимиц од кој сега Црвенковски бара, безмалку на сила, да има уште една средба со посредникот Димитров и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер. Зошто Црвенковски инсистира на ова, иако Нимиц изјави дека во оваа фаза нема да има нови средби со посредниците?

Затоа што, сега, по средбата со Црвенковски во четири очи, според текстот на предлогот ќе знаеме што тоа прифатил Црвенковски, во име на Македонија, да одработи за да му дозволат странците враќање на власт. Вечер дознава дека она што Црвенковски го договорил со Нимиц ни малку не е добро за Македонија. Напротив. Црвенковски прифатил речиси се што побараа Грците. Почнувајќи дека новото име мора да се вметне и во Уставот кој, согласно тоа, треба да се менува. Потоа, како ново уставно име, да се појави на пасошите, личните карти... прерогативите македонски јазик, и македонско писмо, се оставени на решавање на слободна волја на Нимиц. Практично, сето она за што имавме поддршка од САД - да се сочува уставното име, како и одредниците македонски јазик и писмо, сега Црвенковски го доведе во прашање. Со еден хазардерски потег и средба во четири очи претседателот погази години и години преговори. Патем, погази и интерси на цела една нација. Сега сме доведени пред свршен чин. Нимиц ќе има текст за кој добил согласност од претседател на држава, и тука нема многу мрдање од наша страна. Црвенковски сега инсистира, по неговата средба во четири очи, да се појави кај Нимиц и Мартин Протуѓер за да има простор вината за лошиот предлог да ја префрлил, или барем да ја подели со Владата. Но, Владата не е наивна. Оваа работа ја сработи Црвенковски, и сега ќе го почекаме предлогот од Нимиц да видиме што тоа Бранко договорил.

Најпосле, Мартин Протоѓер е само висок државен службеник. Каде се видело после состанок и став на Претседател на држава тој став да го ревидира државен службеник. Претседателот по функција е највисок самостоен орган кој ја преставува државата во дипломатијата и меѓународната политика. Самиот факт дека Црвенковски бараше средба во четири очи, и не дозволи присуство и на министерот Милошоски на средбата со Нимиц, говори дека Црвенковски имал многи што да каже што Милошоски не смеел да го чуе. Ќе имаме прилика да видиме што, и зошто Црвенковски сакал да разговара толку тајно со Нимиц. Ќе го видиме предлогот на Нимиц на кој Бранко е коавтор.

Вечер
 
Добро друже националист, не мора сите содржини во ултра-владиниот "Вечер" да ги пренесуваш како нови теми на "Kајгана".
Има толку многу теми по ова проблематика тука.
Не заради друго, туку и ова ќе ја доживее судбината на другите твои теми, со по дваесетина поста.

Инаку што очекуваш "Вечер" да каже.
Можеби очекуваш да напише "И Груевски е за промена на името, ама вешто се крие позади Бранко"
Или "Груевски и Црвенковски со исти ставови околу името, освен за референдумот"
Или па можеби "Продолжува кампањата на ДПМНЕ за префрлање на одговорноста околу решавањето на спорот со Грција".

Незнам ти колку гледаш, ама Јас не можам да видам друго ништо, освен бегање од одговорност и префрлање на топката во спротивна насока.

Значи нема бегање.
Доколку се промени името, никој неможе да се амнестира од одговорноста, а особено не оној кој во рацете ги држи и чеканот и оревот.
Пак ќе повторам.
За промена на името нема различни ставови.
Различни ставови се:
Да, ќе напраавиме компромис со грција....епилогот сите го знаеме.
Не нема да правиме никаков компромис.
А сега Никола вика, да ќе направиме, ама доколку Бранко ја преземе одговорноста.

Јас незнам до која мера оди перењето на мозок во ова држава, ама што е многу многу е.....па и за патриоти како тебе и други на форумов.
Вистинската ситуацијава е следна.
Климата и случувањата одат во насока на додавање придавка на името.
Тоа и ќе се случи.
Груевски е согласен со тоа.
Доколку драги мои патриоти, ве засега повеќе името отколку партијата, повелете организирајте се, дигнете глас.
Ете Миленко може да направи пак една добра кампања финализирана со протест.
Мирка со вечер е тука.
Латас и сител.
Нова Македонија.
Сите се они патриоти.
Ете трнчо наш може да организира нешто со неговата невладина.
Има инстурументи...има начини, има медиуми.

А вие....што правите ?
Наместо да ја согледате реалната ситуација и превземете нешто....ви рекле од штабот да викате дека Бранко и комуњарите се криви, за да некој се амнестира од одговорноста, и упорно се држите кон тоа.
Негледајќи дека кога ќе дојде моментот, сите ќе бидеме ставени пред свршен чин, а вие ќе продолжите со со садисфакцијата дека сте ги испрале гревовите на водичот.
А ова ситуација, не ми изгледа како заштита на државни....туку заштита на партиски интереси.

Да резимирам.
Со префрлање на топката од Трајко на Петко, само сте соучесници на она што следи.
Имате медиуми, имате интелектуална елита.
Соберете критична маса и делувајте, доколку сакате вистински да работите за она за што на форумот се залагате.
Но не се надевајте на подршка од ДПМНЕ (се разбира освен вербална).
Неа...бидете сигурни дека ќе ја немате.
Критичната маса може да се собере само со искрени намери за искрени цели.
Народот ги препознава партиските делувања, па затоа и не застанува позади нив.

Почнете.....дигнете глас, па можеби ќе ви се приклучи и некој од оние кои до вчера ги плукавте и правевте предавници.
Можеби и некој не-патриот како мене.

Во спротивност останува впечатокот дека работите само за партиски интереси.
 
ОВА ме вади од кожа...ретардирани препукувања во клучни моменти..неваспитани клошари кој немаат грам општа неоти политичка култура...ги заболе нив за македонија..и едниот и другиот..пре опинци:kesa:
 
ех реален "реален"..

Сфати дека ниту сум член на некој штаб ниту некогаш ќе бидам...

Колку што го љубам претседникот, толку го љубам и премиерот...

Претседникот си го исвира своето од 91 навака, на бис нема да го викаме. Премиерот има уште работи да каже така и да видиме како ќе се покаже.

А не гледам префрлање на топка од премиерот кон претседникот зошто во 95 премиерот беше 20 годишен студент и никако не влијаеше на милионите долари испратени овде...за ФИРОМ...

Некој друг сака да префрли топка...бидејќи кога почна да се игра топката премиерот јадеше во студентска менза, а некој друг пиеше виска.

Нели?
 
ОВА ме вади од кожа...ретардирани препукувања во клучни моменти..неваспитани клошари кој немаат грам општа неоти политичка култура...ги заболе нив за македонија..и едниот и другиот..пре опинци:kesa:

Па тоа и сакам да го кажам.
Они си ја префрлат одговорноста од еден на друг, не од желба да се промени нешто, туку да се испере некој....
Караванот си врви.
А кучињата за да не само лајат, доколку вистински се залагаат за она што го пишуваат овде на форумов, ќе треба да почнат и да касат.

Во тоа нема да им помогне ниру ДПМНЕ ниту СДСМ, затоа што токму они ќе треба да бидат каснати, бидејќи до сега требаше трипати да ја скројат втората опција, или стратегија.

Ама некој не го разбира тоа.
 
Интересно е на повикот на Црвенковски да се сподели одговорноста околу решавањето на проблемот на Грција со нашето име, Груевски одговара:
Ќе одиме на референдум за било кое име што ќе се предложи.
Само во Македонија референдумот се сваќа како недемократско средство.

Токму поради Бранко Црвенковски и неговите потребен е референдумот.
Инаку апсурд е да се дискутира за името на нашата држава.
 
Se rastrcal kako nikogas dosega za celiot svoj mandat nema tolku pominato kolku sega vo posledno vreme.izrod makedonski.Se prasuvam ako toj e predavnik a nekoj go glasa po avtomatizam i tie se predavnici tuuuuuuu sto narod ke bevme .Nerekol nasito narod za badijala toa sto edne ke rasipe ni sto drugi nemozat da go opravat.:tapp:
 
Токму поради Бранко Црвенковски и неговите потребен е референдумот.

Нема гајле БЦ од референдум. Дури не отиде некој од неговите на “заслужено преименување“ - нема да престанат...

death-penalty-is-it-possible-to-demolish-it1.jpg
 
Ако сакаш да решиш проблем одиш во неговиот корен.

Кој е тој што ја започна целава пародија?

Што е битно кој ја започнал пародијата,битно е кој и како ќе ја заврши.Сепак овде како да не одиме во коренот за да ги решиме проблемите,владата ги кастри само “сувите лисје“.:toe:

Интересно е на повикот на Црвенковски да се сподели одговорноста околу решавањето на проблемот на Грција со нашето име, Груевски одговара:
Ќе одиме на референдум за било кое име што ќе се предложи.
Само во Македонија референдумот се сваќа како недемократско средство.
Токму поради Бранко Црвенковски и неговите потребен е референдумот.
Инаку апсурд е да се дискутира за името на нашата држава.

Референдумот може да биде потребен за се и сешто,дури и за тоа дали кога мочаме треба со лева или со десна рака да си го држиме,ама да распишеш референдум за сопственото име,на сопствената држава и народ,е рамно на самоубиство,посебно во една земја каде за твојето име имаат право да учествуваат и одлучуваат токму оние на кој тоа име им смета.Впрочем никој досега не размислувал да си го смени името,па да размислува за референдум окулу тоа “будалесто“ прашање.Значи референдум и некои непроменливи работи не одат заедно,дури и неможат да се замислат.Сега доколку некој ве убедува дека решение друго нема,тој ве лаже можеби како што го лажат и него.Решението е едноставно,само треба постојано и тврдо да се држиме кон него:Грција да не вика како што сака = и ние да ја викаме Грција како што сакаме,како реална компензација.Ете тоа е најголемиот компромис што една земја може да го направи итоа со обемни и долготрајни преговори,сето друго е само присилно решение без преседан.:toe:

Se rastrcal kako nikogas dosega za celiot svoj mandat nema tolku pominato kolku sega vo posledno vreme.izrod makedonski.Se prasuvam ako toj e predavnik a nekoj go glasa po avtomatizam i tie se predavnici tuuuuuuu sto narod ke bevme .Nerekol nasito narod za badijala toa sto edne ke rasipe ni sto drugi nemozat da go opravat.:tapp:

Ако трчал,оти трчал,ако спиел оти спиел,ако се дрогирал оти се дрогирал,ако пиел оти пиел,ако молчел оти молчел,ако зборувал оти зборувал,па упатете правила до кабинетот,направете протокол што да прави,кога треба да јаде,да пие,да “перне“ нешто,со кој зборови да се изразува во јавност,што не смее да кажува,со која брзина да излегува на прес конференции...................и така можеби ќе си го изгласате за доживотен председател,ебаго.:toe:
 
Што е битно кој ја започнал пародијата,битно е кој и како ќе ја заврши.Сепак овде како да не одиме во коренот за да ги решиме проблемите,владата ги кастри само “сувите лисје“.:toe:

Референдумот може да биде потребен за се и сешто,дури и за тоа дали кога мочаме треба со лева или со десна рака да си го држиме,ама да распишеш референдум за сопственото име,на сопствената држава и народ,е рамно на самоубиство,посебно во една земја каде за твојето име имаат право да учествуваат и одлучуваат токму оние на кој тоа име им смета.Впрочем никој досега не размислувал да си го смени името,па да размислува за референдум окулу тоа “будалесто“ прашање.Значи референдум и некои непроменливи работи не одат заедно,дури и неможат да се замислат.Сега доколку некој ве убедува дека решение друго нема,тој ве лаже можеби како што го лажат и него.Решението е едноставно,само треба постојано и тврдо да се држиме кон него:Грција да не вика како што сака = и ние да ја викаме Грција како што сакаме,како реална компензација.Ете тоа е најголемиот компромис што една земја може да го направи итоа со обемни и долготрајни преговори,сето друго е само присилно решение без преседан.:toe:

Ако трчал,оти трчал,ако спиел оти спиел,ако се дрогирал оти се дрогирал,ако пиел оти пиел,ако молчел оти молчел,ако зборувал оти зборувал,па упатете правила до кабинетот,направете протокол што да прави,кога треба да јаде,да пие,да “перне“ нешто,со кој зборови да се изразува во јавност,што не смее да кажува,со која брзина да излегува на прес конференции...................и така можеби ќе си го изгласате за доживотен председател,ебаго.:toe:
ABC veke e banalno pateticna e igrata na precednikot samo mutav makedonec nemoze da ja vidi igrata koja ja igra.Se znae zasto trca de new york de brisel :(mislis deka e pogolem patriot i nacionalist od pitu guli :vozbud:i druzinata mu:)ajde beee ce go cekam deneot samo koga ke go snema od zivite ,togas mozam na mir da si umram.:tv:
 
Смртта е неизбежна за секого од нас и проклетство е некој да биде осуден на вечен живот тука и во ова време,сепак јас и ти не сме оние кој решаваат за тоа.Јас бев најголемиот противник Бранко да стане председател оти најмалку од сите го заслужи тоа што Гвујо му го овозможи,со “излезноста“ која ја направија по договор.
Ми скурчи од гледање банално патетични игри посебно изминативе 10тина години.Преку таквото ми се и изјавите на премиерот,дека неговиот став бил опишан на страната 144/2 точка 1,алинеја 7,подточка за развој и именување,со тенденција на преименување,што се коси со законот за Бла-бла,член 184,алинеја 259,средна црта 2 со наводници за дрн,дрн,дрн.
Абе излегуваш јавно и кажуваш:-Име не менуваме ни под разно и размислуваме да се повлечеме дури и од билатералните разговори со соседот под надзор на ОН,затоа што не наоѓаме взаемно разбирање и почитување на нашите мислења како рамноправна страна,право што ни е дадено со резулуцијата на Обединетите Нации(таа и таа).
П.С.-Толку ли е тешко тоа?
 
Интересно е на повикот на Црвенковски да се сподели одговорноста околу решавањето на проблемот на Грција со нашето име, Груевски одговара:
Ќе одиме на референдум за било кое име што ќе се предложи.
Само во Македонија референдумот се сваќа како недемократско средство.

Токму поради Бранко Црвенковски и неговите потребен е референдумот.
Инаку апсурд е да се дискутира за името на нашата држава.

Ако референдумското прашање е вакво и владата го подржи исходот е повеќе од јасен:

Дали се согласувате референцата "поранешната Југословенска Република Македонија (FYROM)" во сите меѓународни институции да се замени со "Северна Македонија" со право да се стапи во полноправно членство во НАТО и Европската Унија?

1) ДА

1) НЕ

Со вакво референдумско прашање името ќе замине во историја за вечни времиња.
 
Смртта е неизбежна за секого од нас и проклетство е некој да биде осуден на вечен живот тука и во ова време,сепак јас и ти не сме оние кој решаваат за тоа.Јас бев најголемиот противник Бранко да стане председател оти најмалку од сите го заслужи тоа што Гвујо му го овозможи,со “излезноста“ која ја направија по договор.
Ми скурчи од гледање банално патетични игри посебно изминативе 10тина години.Преку таквото ми се и изјавите на премиерот,дека неговиот став бил опишан на страната 144/2 точка 1,алинеја 7,подточка за развој и именување,со тенденција на преименување,што се коси со законот за Бла-бла,член 184,алинеја 259,средна црта 2 со наводници за дрн,дрн,дрн.
Абе излегуваш јавно и кажуваш:-Име не менуваме ни под разно и размислуваме да се повлечеме дури и од билатералните разговори со соседот под надзор на ОН,затоа што не наоѓаме взаемно разбирање и почитување на нашите мислења како рамноправна страна,право што ни е дадено со резулуцијата на Обединетите Нации(таа и таа).
П.С.-Толку ли е тешко тоа?
POLITIKATA E KURVA . KOJ NE JA RAZBRAL NIKOJ NEMUE KRIV I NEMUE MESTO.VLADETELOT NESMEE DA SE DRZI DO MORLANITE VREDNOSTI ZADA OPST0I STO PODOLGO NA VLAST(MAKIAVELI)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom