
Како и порано, кога тој не убедуваше дека приватизацијата ќе донесе демократско општество, и кога во 1993 се согласи со ФИРОМ, за странците да му дозволат наместени избори во 1994 година. Веќе во октомври 1995, тој во Собранието, во кое СДСМ контролираше над 100 пратеници, да ја ратификува спогодбата за ФИРОМ. Име на државата за кое Црвенковски и Глигоров тврдеа дека ќе трае само неколку месеци. А траат еве петнаесет години.
Сега Црвенковски, сам и на своја рака, побара и доби средба во четири очи со посредникот Нимиц. Никој од нас не знае на што ја обврзал државата македонскиот претседател на таа средба со Нимиц, и каков, после тоа, ќе биде текстот на предлогот од Нимиц. Како и во 1993, и сега Бранко Црвенковски одработува за некои странци за да му се дозволи победа на наредните избори. Ќе побара ли Црвенковски, конечно после давесет години, еднаш и за својата држава?!
Македонија, како ретко порано, се наоѓа пред големи политички искушенија од кои може да излезе стабилизирана на подолг период но, и да излезе како територија без демократија и слободен пазар, во заложништво на политичките амбиции на еден човек. На Бранко Црвенковски. Претседател во неформална оставка, и шеф на СДСМ на кој мандатот, и официјално, со одлука на последниот партиски Конгрес, му почнува во мај догодина. Во таква ситуација, кога се што има на располагање, Црвенковски става во функција на својата партија, и идното свое партиско лидерство, Македонија функционира без претседател. Како заложник на еден партиски лидер во привремено отсуство од партиската фотелја.
Прво, пред една година, кога Црвенковски се уште функционираше како -така како претседател на држава, без јавни амбиции за партиски лидиер, и кога се уште мислеше дека би имал шанса да добие уште еден претседателски мандат, токму од него во јавноста излезе идеја дека во вториот круг претседателски избори треба да нема цензус. Причината беше логична, сите три непосредни претседателски избори во минатото (Глигоров, Трајковски и Црвенковски) во вториот круг имаа тешки инциденти и полнења кутии. И тоа од претежно од албанското гласачко тело. Ова цело време поттикнуваше антиалбанско расположение во државата бидејќи, во вториот круг, полнењето на кутиите во општините со мнозинство Албанци одлучуваше кој е претседател на сите граѓани. Најпосле, во повеќето европски држави во вториот круг претседателски избори нема цензус од педесет насто излезност. Сега Црвенковски и СДСМ, соочени со фактот дека немаат сериозен кандидат за претседателски избори, го менуваат ставот. Не сакаат да има легален втор круг претседателски избори за Груевски да има проблеми на пролет со нови изборни инциденти кои тие, потоа, ќе ги искодошат кај Фуере, и ќе побараат странска поддршка за соборување на Груевски кој, нели, постојано има инциденти на изборите кога е тој на власт.
Не кон своите граѓани, туку пак кон странците, Црвенковски се обрати за власт уште еднаш. Во Њујорк. Тој побара и доби, сам во четири очи, средба со посредникот Нимиц на која македонскиот претседател направи меѓународно забележан скандал. Не дозволи македонскиот министер за надворешни работи Милошоски да присуствува на таа средба. Црвенкосвски сакаше и доби средба во четири очи. Никој не знае што Црвенковски во таа прилика договорил со Нимиц. Содржината на нивниот разговор ќе ја видиме наскоро, во текстот на предлогот кој се очекува од Нимиц до крајот на октомври. По средбата Нимиц даде изјава дека нема потреба од понатамошни сердби со посредниците или некој друг, бидејќи се му било јасно. Тоа е јавна изјава на посердникот Нимиц од кој сега Црвенковски бара, безмалку на сила, да има уште една средба со посредникот Димитров и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер. Зошто Црвенковски инсистира на ова, иако Нимиц изјави дека во оваа фаза нема да има нови средби со посредниците?
Затоа што, сега, по средбата со Црвенковски во четири очи, според текстот на предлогот ќе знаеме што тоа прифатил Црвенковски, во име на Македонија, да одработи за да му дозволат странците враќање на власт. Вечер дознава дека она што Црвенковски го договорил со Нимиц ни малку не е добро за Македонија. Напротив. Црвенковски прифатил речиси се што побараа Грците. Почнувајќи дека новото име мора да се вметне и во Уставот кој, согласно тоа, треба да се менува. Потоа, како ново уставно име, да се појави на пасошите, личните карти... прерогативите македонски јазик, и македонско писмо, се оставени на решавање на слободна волја на Нимиц. Практично, сето она за што имавме поддршка од САД - да се сочува уставното име, како и одредниците македонски јазик и писмо, сега Црвенковски го доведе во прашање. Со еден хазардерски потег и средба во четири очи претседателот погази години и години преговори. Патем, погази и интерси на цела една нација. Сега сме доведени пред свршен чин. Нимиц ќе има текст за кој добил согласност од претседател на држава, и тука нема многу мрдање од наша страна. Црвенковски сега инсистира, по неговата средба во четири очи, да се појави кај Нимиц и Мартин Протуѓер за да има простор вината за лошиот предлог да ја префрлил, или барем да ја подели со Владата. Но, Владата не е наивна. Оваа работа ја сработи Црвенковски, и сега ќе го почекаме предлогот од Нимиц да видиме што тоа Бранко договорил.
Најпосле, Мартин Протоѓер е само висок државен службеник. Каде се видело после состанок и став на Претседател на држава тој став да го ревидира државен службеник. Претседателот по функција е највисок самостоен орган кој ја преставува државата во дипломатијата и меѓународната политика. Самиот факт дека Црвенковски бараше средба во четири очи, и не дозволи присуство и на министерот Милошоски на средбата со Нимиц, говори дека Црвенковски имал многи што да каже што Милошоски не смеел да го чуе. Ќе имаме прилика да видиме што, и зошто Црвенковски сакал да разговара толку тајно со Нимиц. Ќе го видиме предлогот на Нимиц на кој Бранко е коавтор.
Вечер