Опасна игра со денарот

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Возраст
41
Интересна колумна на Ерол Ризаов, иако не сум експерт во економија ниту ми е главен интерес, поради загриженост како граѓанин не можам а да не заприметам вакви колумни во вакви матни времиња. ( линк до колумна )

Имено, ако го гледаме сценариото во Украина, после 7 февруари, поради политичката нестабилност (после смената на Јанукович), тамошната Народна Банка го променува курсот во флуктуирачки и за брзо време за еден долар, курсот замина од 8/9 до 24 гривни. Во рок од една година откако се случи ова, платите во државниот а и приватните сектори остануваат непроменети (во домашна валута), цените дуплираат и триплираат (на сѐ, вклучувајќи храна, транспорт итн), корупцијата се продлабочува, кредитите земани на девизни клаузули што таму ги имаше на големо станаа невозможни за враќање, и минималецот плата која ја земаат голем број на вработени во државната администрација, од 150 долари (слична вредност како кај нас) падна на едвај 50. Во превод, голема катастрофа, што сега расположението на луѓето го претвори во „Кај сум го мењал влада“.

Замислете го сличното сценарио кај нас. А ние немаме извоз. Интересно е што за истото имаат изјавено Богов и другите (Комори, бизнисмени итн) - линк до статија

Се надевам дека Богов ќе остане на својот став и достојно ќе продолжи да го брани денарот. А исто се надевам дека нема да направиме иста грешка како Украина - промена на влада и од корумпирана влада која ни ги краде парите, да добиеме друга влада која ќе опустоши економија.

Истово е многу веројатно и во поинаков исход (продолжување на политичката криза, па под притисок од извозници и моќници да се ослободи курсот).
 
Не може да биде полошо од ова што е сега, веќе сме крајно задолжени и прашање на време е кога се ќе колабира. Смената на власта може само да ги подобри работите, не може да ги влоши.
 
Ај ти е гајле, Империи пропаѓале, па за држава од 2 милиони народ....
 
Не може да биде полошо од ова што е сега, веќе сме крајно задолжени и прашање на време е кога се ќе колабира. Смената на власта може само да ги подобри работите, не може да ги влоши.
Секогаш може полошо да биде. Нема многу да философирам кога имаш веќе примери.
С.Кореја, Земјиве на Блискиот Исток, повеќето Афрички земји па и Јужна Америка.

П.С Инаку кај нас потребна е смена ама моментално фали трета, четврта и петта опција, пошто моменталниве две се исто срање.
 
насловот на темата,како да читам некој мкд портал:facepalm:

предупредување за нешто што е можно да се случи и да не се случи.............дај нека го пуштат денарот слободно да плива,можеби ќе излези нешто подобро после катастрофата што следува доколку се пушти денарот слободно да плива.........
 
Тој е и насловот на колумната. Тоа и колку што се сеќавам проба да се протне пред некое време како идеја ("да се пушти да плива денарот") ама имаш реален пример што се случува кога се играат играчки со такви работи (читај за украина). Тоа оди во корист за сите кои извезуваат и работат со девизи, но не и за економијата, туку уште повеќе се продлабочува јазот меѓу класите.

Или со други зборови, денарот ќе потони, а лајната ќе испливаат :)
 
Затоа викам пари во банки никако да не се ставаат.
Со денарите се купуваат евра,фунти,долари,злато,земја или недвижнини.
 
Ваквите работи се разговарани во многу претходни теми. И затоа нема потреба да се замарате, бидејќи овие работи кога стапуваат на сила се официјални и ќе знае секој.

Така си играме со јужниве доле, сеа ќе банкротираат,утре ќе излезат од унијата...по некое време ...аха нема да им дадат кредит...и само си губиме време анализите на сите ни се погрешни.

Во случај да дојде до девалвација кај нас, битно е кој ќе биде на власт, и кој ќе има доблест јавно да прогласи банкрот :masa:
 
притисок за девалвација на мк денарот е стара работа, а воглавном се работи за сдсм лоби, исто како што нивното лоби спречи во Македонија да влезе АУДИ. Но статојата на Ризаов како и повеќето негови статии е чист лаицизам а целта му е правење паника. Впрочем и врзувањето со еврото не е цврст курс бидејќи еврото имаше падови спрема уса доларот а и према швајцарецот. Како и да е Хрватска функционира со променлив курс, а еве сега на почеток на сезоната имаат таму скок на домашната валута во однос на еврото и поради тоа имаат големи штети бидејќи туристите ги одбегнуваат и одат во Шпанија и Грција каде валутата е евро...
Најповеќе ме нервираат разноразни новинари - хохштаплери, исто така кога имаше енормен скок на швајцарецот, НО кај нас само на продажниот а не и откупниот курс, тие си направија филмови за некое збогатувањее на граѓани преку ноќ.
А има и нереални неекономски работи, како кај нас а уште повеќе во регионот, со неразумно стимулирање на земјоделците се пореметуваат логичните работи, па шлепериштата транспортираат натаму наваму едни исти работи. Разбирам ние да праќаме во Хрватска домати и пиперки а они нам риба, ама сега ние пиеме хрватски тетрапак иако во хрватска платите се 3х поголеми, која е таа логика они да ни конкурираат со тетрапак млеко ?? А пак Србија извезува кај нас доматен сос ( салца) од наши домати...
Јас не верувам дека ќе дојде до промена на курсот, но злоупотреби со курсот имаме поодамна. Од изразување на цени во евра а пресметката на еврото по 62 ( некој туристички агенции), до најголемата измама во 90- тите, ја изразуваа во реклами цената на ПЦ опремата во уса долари, ама не примаа да им платиш во долари туку само во мкд , ама по нивен курс 20% погоре, изговорот им беше доларот бил подценет ???
 
Држава неможе да банкнотира ама поеддинци дозволено е
Секако дека може. Има едно мало чудо историски примери за банкротирање на држави и познати се во економските кругови последиците од таквиот банкрот.
 
Валутата може да плива само во држави што произведуваат работи од компоненти што исто се произведуваат во таа држава и ги продаваат надвор и курсната разлика дозволува да бидат конкурентни т.е поефтини.
Ние сме увозна економија, ако кај нас нешто се произведува за Македонски или странски пазар, неговите составни компоненти во најмала рака 70% се од увоз, самата девалвација автоматски ќе ги поскапи домашните производи, а тие што ги праќаме за извоз ќе останат за домашен пазар. Тоа ќе доведе до намалување на производството и отпуштања, а со тоа и луѓето подобро би им било да се преселат на село за да можат да преживеат.
Незнам кои луѓе се во стопанската комора, но сигурно се неписмени.
Курсот треба да остане како сега, а ако сакаме да зајакнеме како економија треба да научат луѓето како полесно до пари од европските фондови, бидејќи тие полесно даваат пари отколку нашите банки.
 
Незнам колку сте запознати со урбаната легенда дека монетите од 10ден. и 50ден. се намерно пуштени во оптек за да се одржи стабилноста на денарот.
Како?
Монетите не се водат под сериски број и можат да се пуштаат количини со кој ќе се одржува флуктуирањето.
Во наредна иднина не очекуваат монети од 100ден. Дали?
 
Валутата може да плива само во држави што произведуваат работи од компоненти што исто се произведуваат во таа држава и ги продаваат надвор и курсната разлика дозволува да бидат конкурентни т.е поефтини.
Ние сме увозна економија, ако кај нас нешто се произведува за Македонски или странски пазар, неговите составни компоненти во најмала рака 70% се од увоз, самата девалвација автоматски ќе ги поскапи домашните производи, а тие што ги праќаме за извоз ќе останат за домашен пазар. Тоа ќе доведе до намалување на производството и отпуштања, а со тоа и луѓето подобро би им било да се преселат на село за да можат да преживеат.
Незнам кои луѓе се во стопанската комора, но сигурно се неписмени.
Курсот треба да остане како сега, а ако сакаме да зајакнеме како економија треба да научат луѓето како полесно до пари од европските фондови, бидејќи тие полесно даваат пари отколку нашите банки.
Поголема финансиска неписменост не сум видел.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom