Онлајн купување од странство (искуства)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Возраст
41
Ме интересира кој има и кои се искуствата од онлајн купување во странство.

Разбрав дека амазон, B&H и слични сајтови веќе имаат можност за испорака до македонија која преку International Express Mail а кај нас стига преку поштата (што е многу поевтин од УПС, ФедЕкс, ДХЛ) кои наплаќаат лежарина 1200-1500 + шпедитерски услуги 1500+, и покрај давачките за данок и царина.

Пример, лап-топ од Невада кошта 62000 со сите давачки. Во B&H, одприлика со достава и сите трошоци (цена + достава + 5% ддв + 200 ден. лежарина од пошта) е 51000. Разлика 11.000 денари. Минус е само гаранцијата која не важи во македонија.

Кој има искуства со порачки (било какви, книги, опрема, двд-а, се..) нека пишува овде.

Јас еднаш добив користен телефон (нокиа комуникатор) преку ДХЛ, и ме одраа 3000 денари само за шпедиција плус лежарина, а ДДВ платив на вредноста на пратката (иако телефонот беше пишан како поклон и неоттуѓив, и беше веќе употребуван), така да се на се платив 200 евра за телефонот (кој беше баш поклон).
 
Јас до сега имам порачувано од интернет преку 20 пати(КНиги,ДВД-а,протеини,бижутерија...).Секогаш порачувам со обична пошта(никако ДХЛ).Никогаш не сум платил царина и све стигало на време и во супер состојба.
Иначе според мене поевтино е купување на американскиот Амазон отколку на британскиот.
 
А купуваш од амазон, или и од други сајтови? И амазон.ком е америчката верзија? (прв пат слушам за британска)
 
А купуваш од амазон, или и од други сајтови? И амазон.ком е америчката верзија? (прв пат слушам за британска)

Па од amazon.com купував, ама беше испорачано од amazon.de.

Инаку во моментов најдобро е да се купуваат книги, затоа што идат далеку поефтини од тоа што можат овде да се најдат заради нискиот долар.

Инаку има тема за ова од порано и се детално објаснето, а имаше и еден батка и блог за се што купувал од интернет.
 
Знам дека имаше тема, ама беше за амазон само. Мене ме интересираат повеќе детали за техничка роба, и не само од амазон, него и од други сајтови. Исто ме интересира и царинење, документи, цени итн. (искуства).
 
Па за видео игри имам купено од www.sendit.com www.choicesuk.com (само што ми стигна мејл дека ми ја пратиле Metal Gear Solid 4, направив пре-ордер пред 20 дена.) и имам купено од www.play-asia.com . Техника не знам, ама со нашиве цариници не би порачал нешто поскапо од 50-60 евра бидејќи ќе ме одерат. Пред 6-7 месеци порачав две игри (вкупно 100 евра) и платив царина+шпедитерски услуги+ лежарина околу 85 евра.
 
Пред 6-7 месеци порачав две игри (вкупно 100 евра) и платив царина+шпедитерски услуги+ лежарина околу 85 евра.
Епа тоа е тоа што разбрав дека УПС, ФедЕх и ДХЛ го наплаќаат кај нас.

А ако порачката е по обична пошта (International Express Mail) тогаш нема лежарина и шпедиција. Т.е. има, ама цената е 200 денари вкупно затоа што спаѓа под поштата. А овие другиве си имаат свои тарифи оти се приватни демек.

Е сега, јас така сум слушнал од луѓе кои порачале на овој начин, а имам исто искуство со ДХЛ, 3000 денари само лежарина и шпедиција платив + 18% ддв.

Дали има некој искуство со International Express Mail?
 
Абе јас не порачав со приватна пошта. Со обична беше. Royal Air Mail од Англија, ама не знам како пакетот беше стигнат кај дечкиве од Fedex.
 
Некој шо порачувал облека од интернет нека пиши како оди постапката, дали царинат и колку. И од кои стајтови најчесто пазри.
 
А купуваш од амазон, или и од други сајтови? И амазон.ком е америчката верзија? (прв пат слушам за британска)
Имам купувано од Амазон и од други сајтови.Оди на почетната страна од амазон.ком и види најдолу за колку земји има.
 
Имам купувано од Амазон и од други сајтови.Оди на почетната страна од амазон.ком и види најдолу за колку земји има.

Што поточно имаш купувано од Амазон? Книги или хардвер?
 
Па од amazon.com купував, ама беше испорачано од amazon.de.

Инаку во моментов најдобро е да се купуваат книги, затоа што идат далеку поефтини од тоа што можат овде да се најдат заради нискиот долар.

Инаку има тема за ова од порано и се детално објаснето, а имаше и еден батка и блог за се што купувал од интернет.
Moже да објасниш како си нарачал од amazon.com, а да стигне преку amazon.de, не те разбирам, сакаш да кажеш дека користиш reseller?
 
Па си има на сајтот, пише секој продавач, па дури и Амазон од каде го испраќа продуктот. Оди на amazon.co.uk, ќе видиш дека има доста продукти кои се испорачуваат од US.
 
Jas nemam loso iskustvo so online kupuvanjata.Sega za sega se e OK.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom