Jа погледнав и првата епизода од 6 тата сезона.Не знам дали поради тоа што сум фан на серијата или што ја чекав три месеци оваа епизода,ама ми остави одличен впечаток.Ми мириса на добра сезона(се надевам подобра од петтата).Ко за почеток откриваме дека Лукас и се јавил на Пејтон кога бил на аеродром:back:,двајцата заминуваат за Вегас да се венчаат но во последен момент се предомислуваат и одлучуваат да одат полека,чекор по чекор.Е сега доаѓа убавиот дел,Пејтон ќе го одведе во хотелската соба каде што претходниот пат го одби неговиот брачен предлог и го запросува:smir:Haleluya!!!
Сега да се вратиме на др. ликови.Брук повторно има проблеми со Викторија која сака да и ја заме фирмата,арно ама Брук не е Би Дејвис ако се откажува така лесно.Поради тоа Милисент одлучува да не оди со Маут во Охајо,за да остане покрај Брук и да и помогне да истера до крај,меѓутоа Би ќе ја предомисли.На кракот од епизодата маскиран разбојник влегува во бутикот и ја напаѓа Би
Ден успева да ја преживее сообраќајката и се буди во една морбидна болничка соба каде што болничарка е нени Кери:nesvest:
И таман помислив зарем Кери е единствената во болницата ,кога всушност таа го одвела во домот каде што пред многу години го негувала родениот татко.Единствена цел на Кери е да дојде до Џејми
Нејтан и Хејли не беа нешто презастапени,Нејтан очајно се труди да дознае со кого се гледа мајка му,не знаејки дека нејзиниот он лајн френд всушност е Скилс:pos2:
Најубав дел во цела епизода беше кога Хејли и Брук загрижени за Пејтон која ноќта не ја поминала дома,двете добиваат иста SMS порака која гласи "Добро сум не грижи се",eдната секако беше пратена од Пи другата од Лук.
Едвај чекам нова епизода следниот понеделник.Не дека некој го чита постов ама ја да си се олеснам:helou: