One Оператор - Генерална Дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Сметката можеш да си ја контролираш на овој сајт
https://moj.one.mk/index_mk.html
Се јавуваш на 181 и бараш да ти отворат акаунт со кој ке имаш целосна контрола на потрошените минути во пакетот што го користиш.Ке им дадеш твоја емаил адреса и ке те регистрираат.Ја отвараш емаил адресата да видиш дали ти стигнала порака со привремен пасворд и ако ти стигнала се логираш на ОНЕ страницата со твојата емаил адреса и пасвордот што ке ти го дадат и влегуваш во системот каде ти пишува кој пакет го користиш,податоци за корисникот и потрошен сообракај.
--- надополнето: 21 септември 2013 во 19:46 ---
Заборавив да кажам дека сите оние што сакаат од припејд да се префрлат на постпејд без разлика кој пакет го зимаат најпрво да го потрошат кредитот од припејд картицата па дури после да потпишуваат договор за префрлување во постпејд затоа што ако не го потрошат им се губи неповратно при самото префрлување.
 
Не знаев дека селект пакетите се без договор за одредено време, во секој случај и припејдот си има корисници, ако се некој од странство дојдени за кратко или ако ти е главниот број на кој те бараат на друг оператор а имаш моб со 2 сим или имаш деца на кои им плаќаш кредит а не сакаш да ти вртат во странство или посебни скапи броеви итн. Иначе до февруари оваа година бев на припејд а тогаш и јас се префрлив на постпејд и имав 700 денари на картичката и се договорив 2 месеци да не плаќам претплата од по 350 ден. месечно за да се опсиговаме со кредитот кој ми остана на припејдот, тогаш немаше проблем, продавачот сам ми предложи и така бидна, е сега во меѓувреме ако се сменало да не може повеќе тоа - не знам....
 
Иначе до февруари оваа година бев на припејд а тогаш и јас се префрлив на постпејд и имав 700 денари на картичката и се договорив 2 месеци да не плаќам претплата од по 350 ден. месечно за да се опсиговаме со кредитот кој ми остана на припејдот, тогаш немаше проблем, продавачот сам ми предложи и така бидна, е сега во меѓувреме ако се сменало да не може повеќе тоа - не знам....
За кој оператор станува збор, за Оне?
 
Се префрлив пред извесно време на One и ми се јавува проблем со мрежата на телефенот, односно на локации каде што корисници на One имаат мрежа, мојот телефон ми покажува дека нема мрежа.
Најсвеж пример беше вчера кога еден пријател со телефон од пештерско време кој го користи за кршење ореви, имаше полна мрежа додека кај мене не сакаше абер да стори дека е жив.
Со еден збор моментално сум понезадоволен од VIP од тој аспект, а единствена причина што заминав од таму беше токму лошата покриеност.

Подесувањата не телефонот за мрежа ми се следни:

Network mode:
3G
Operation selection:
Automatic
Cell info display:
Off

Некој да каже дали се работи за погрешно подесување или пак едноставно телефонот има слаб прием и треба да го променам? :(
 
До network mode ти е, смени го и направи го автоматски.Доколку е избрано само 3г ќе имаш мрежа само каде што има јака покриеност, во централните подрачја низ градовите претежно.Кај мене таа опција ја дава како GSM и WCDMA, истиот проблем го имав зошто фабрички беше одбрано само WCDMA и јас мислев дека е до телефонот ама грешка сум бил.
 
На Network mode кај мене има само три опции и тоа:

  • Dual mode
  • 3G
  • GSM

Претпоставувам дека Dual mode би било аналогно на Automatic mode што го има на твојот телефон.
Го наместив така, па ќе видиме што ќе се случи кога ќе појдам некаде надвор од централно градско подрачје.
 
Dual mode и немаш гајле. Или пак GSM ако немаш никаква потреба од 3G.
 
http://kajgana.com/sms-porakite-poevtinuvaat-od-noemvri

Паѓаат цените за СМС и интерконекција. Првиот оператор што ќе понуди конкурентни цени со новиве поефтинувања и имплементација на 4G пред нова година фино има да се офајди
 
Почитувани сакам да помогнете во голема двоумица и одлука ...
Сакам да променам оператор како е покриеноста квалитеотот и 3г сигналот а оне оти гледав на комуницирак.мк мапите видов дека оне и т мобиле имаат многу послаба 3г покриеност од вип или мапите се вештачки правени ...
Помогнетеми како сте задоволни со оне во врска со 3г сигналот оти ми е битно што повеке...
Нај битно ми каков е сигналот надвор од градовите .... молам за мислење
 
Од лично искуство, сите оператори имаат 90% иста покриеност. Мапите на покриеност немаат врска.
Сите ги имам испроверено. Така да не гледај покриеност, одбери оператор што има најдобра интернет понуда.

Sent from my OT-995 using Tapatalk 2
 
Дали може обична картичка од ЏаБест да ја однесам во ONE и да им речам да ја направат Micro SIM ако е воопшто можно тоа? :)
 
Дали може обична картичка од ЏаБест да ја однесам во ONE и да им речам да ја направат Micro SIM ако е воопшто можно тоа? :)

Може, треба да ти наплатат 236 денари или нешто така
 
Мислења околу новава понуда на ОНЕ, 399 денари 5000 минути кон сите мрежи + 1000мб интернет. Нема обврзување ако не сакате да земате телефон и договорот може да се раскине било кога. Јас сум на т-мобиле и на вип али планирам да се префрлам на овај пакет сега. Некој да имате дознаено нешто повеќе (оти знаат да имаат и прикриени финти)
 
Како да активирам неделен или месечен интернет ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom