One Оператор - Генерална Дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
http://one.mk/select_promo.html
Прашалникот ми е за последната реченица т.е. "Понудата е промотивна и важи ограничен период." Што значи ограничен период, до нова година ли ?

мислам дека е до 31ви октомври, ама најубаво да си прашаш
 
http://one.mk/select_promo.html
Прашалникот ми е за последната реченица т.е. "Понудата е промотивна и важи ограничен период." Што значи ограничен период, до нова година ли ?
Тоа значи дека сите оние што ке земат било каков селект пакет со потпишан необврзувачки договор месец за месец најдоцна до 31 октомври ке можат да си ги менуваат и после тој датум најмногу 2 години на неопределено време што значи може да се раскине договорот во било кој нареден месец кога завршува.После 31 октомври овие понуди нема да важат за нови корисници што сакаат да земат ваков пакет туку само за постоечките што потпишале договор пред 31 октомври.
 
Не не, само ова селект промо што е тарифата од 399 денари е ограничена до 31ви, другите пакети можеш да ги менуваш по потреба, не потпишуваш договор и повторно можеш да се вратиш на стариот оператор ако не си задоволен. Ама ти викам прашај
 
Јас вчера го земав најевтиниот пакет 100 минути кон сите мрежи за 99 денари со договор на неопределено време и девојчето што беше во салон ми кажа дека сите пакети селект биле промотивно до 31 октомври.После тоа се јавив на 181 и операторката ми го потврди истото што значи кој ке потпише договор за било кој пакет најдоцна до 31 октомври и да заврши промоцијата за него ќе важи во наредните две години на неопределено време.
 
Ќе биде циркус кога АЕК од 1 Октомври ќе ги намали цените за интерконекција помеѓу операторите за 50% што значи и цените на сегашниве пакети можно е да се намалат.Доколку тоа се случи очекувам да има намалување кај ВИП и ОНЕ додека кај Т-МОБИЛЕ не верувам дека ке има промени.
 
Пред 3 години земав телефон на претплата и плаќам 600 денари месечно, не дека зборувам толку плус телефонот нема WiFi, а ми останува уште една година за да можам да земам нов телефон.
Дали може преку Select promo да изберам што ми треба бидејки не користам се и да плаќам помалку претплата ?
 
Не очекувам дека нагло ке падне цената, во прво време ке се тегават ама ова е скапо, она е скапо, не сме сега во можност да ја намалиме цената. Ама како и да е ке вроди со плод кога тогаш намалувањето.
Пред 3 години земав телефон на претплата и плаќам 600 денари месечно, не дека зборувам толку плус телефонот нема WiFi, а ми останува уште една година за да можам да земам нов телефон.
Дали може преку Select promo да изберам што ми треба бидејки не користам се и да плаќам помалку претплата ?

Ако договорот ти е поминат се може, ако не, треба да прашаш
 
Почитувани дали некој можи да ми помогне .. Како сте задовлни од Джабест на оне како му е мрежата 3г и останато ....Оти планираме да купуваме Брочинја од Нив.....
Молам за Одговор и Мислења, И искуство со Оне Джабест .....
 
Јас вчера го земав најевтиниот пакет 100 минути кон сите мрежи за 99 денари со договор на неопределено време и девојчето што беше во салон ми кажа дека сите пакети селект биле промотивно до 31 октомври.После тоа се јавив на 181 и операторката ми го потврди истото што значи кој ке потпише договор за било кој пакет најдоцна до 31 октомври и да заврши промоцијата за него ќе важи во наредните две години на неопределено време.

И какви ти се искуствата? Нема финти? :) Тарифирањето е на минута?
 
Најдобриот оператор, уште од кога постоеше Космофон, па се навака не сум го сменил :)
 
Почитувани дали некој можи да ми помогне .. Како сте задовлни од Джабест на оне како му е мрежата 3г и останато ....Оти планираме да купуваме Брочинја од Нив.....
Молам за Одговор и Мислења, И искуство со Оне Джабест .....
Што ке ти е припејд кога селект понудите ти се топ.Размисли малку повеке колку минути отприлика зборуваш месечно и направи математика која опција ти е најисплатлива.
--- надополнето: 21 септември 2013 во 17:48 ---
И какви ти се искуствата? Нема финти? :) Тарифирањето е на минута?
Кога јас после цели 10 години користење припејд на ОНЕ решив да се префрлам на постпејд со тоа се сум ти кажал. Уште пред 4 или 5 години му зборував на еден колега дека кога цената на минута разговор ке биде 1 денар колку што е нормално за наш стандард а кога тогаш ке биде тогаш ке се префрлам на постпејд и еве конечно таа прогноза се оствари.Да немаше толку многу наивни овци за стрижење сиве овие години овие понуди ке ги имаше многу порано од сега но што е тоа е.Што се однесува до пакетиве нема финти,нема уцени,дали зборуваш 1 секунда или 59 секунди плаќаш еден денар исто како на фиксен да зборуваш,кога ке ти текне менуваш опции според твоите потреби,ке си отвориш акаунт и постојано ке си водиш сметка уште колку минути ти остануваат да зборување.Е сега некогаш 5 минути а некогаш пола час ке помине додека ја апдејтуваат состојбата на сметката но сега за сега немам никакви примедби околу пресметката на искористените минути.
 
Што ке ти е припејд кога селект понудите ти се топ.Размисли малку повеке колку минути отприлика зборуваш месечно и направи математика која опција ти е најисплатлива.
--- надополнето: 21 септември 2013 во 17:48 ---

На припејд и џабест немаш обврски а на постпејд (селект и др.) мораш да плаќаш со години (најчесто 2)
 
Да немаше толку многу наивни овци за стрижење сиве овие години овие понуди ке ги имаше многу порано од сега но што е тоа е.Што се однесува до пакетиве нема финти,нема уцени,дали зборуваш 1 секунда или 59 секунди плаќаш еден денар исто како на фиксен да зборуваш,кога ке ти текне менуваш опции според твоите потреби,ке си отвориш акаунт и постојано ке си водиш сметка уште колку минути ти остануваат да зборување.Е сега некогаш 5 минути а некогаш пола час ке помине додека ја апдејтуваат состојбата на сметката но сега за сега немам никакви примедби околу пресметката на искористените минути.

1.Не дека толку бевме овци колку што немаше конкуренција, дојде ВИП и работите се сменија. Со два оператора немаш конкуренција, имаш само избор лево или десно. Да не дојдеше Вип 4G немаше да откупат уште две години.
2. Значи на оне во секое време (горе-доле) можеш да провериш колку трошиш? Пушти линк ако сакаш. Јас мислев дека само преку порака можеш да провериш
На припејд и џабест немаш обврски а на постпејд (селект и др.) мораш да плаќаш со години (најчесто 2)

Грешка си, под притисок на АЕК операторите мораа да извадат понуди без договор на 24 месеци. Така да ништо не потпишуваш, можеш да се префрлиш или да ја измениш тарифата веке од наредниот месец. Во постпејд добиваш многу повеке, а тарифите почнуваат од 100 денари месечно. Само направи си математика кои пакети ти требаат
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom