ОНЕ и ВИП се споија

  • Креатор на темата Креатор на темата DadoTom
  • Време на започнување Време на започнување
Слична споредба како твојава направи и еден од поранешните на Македонски Телекомуникации во емисијата Чуму на сега веќе покојната А1 Телевизија пред помалку од 15 години.

Ги оправдуваше екстремно високите цени на ADSL Интернетот на Македонски Телекомуникации велејќи дека тоа се истите цени кои Дојче Телеком ги има воведено за своите услуги и во Хрватска и во другите држави во кои Дојче Телеком има свои компании.

Одговорот на Александар Чомовски беше многу едноставен:

" Просечната плата во Хрватска е 400 евра, а во Македонија е 200 евра " .

На ваквиот коментар, типот од Македонски Телекомуникации најкомотно си замолкна.

Ај да видиме кој ќе биде твојот одговор на ваквиот коментар, но во случајот со спојување на ОНЕ и Вип и наводното воведување на трет виртуелен оператор, кој сигурно ќе заврши исто како и Албафон.
jas ne gi opravduvam ni visokite ceni, ni pokacuvajneto na cenata na minuta ili sms ili internet-jas samo napraviv komparacija,a toa so albafon se znaese deka taka ke zavrsi ***
 
Виртуелен телекомуникациски оператор е оператор кој нема сопствена телекомуникациска мрежа, туку ја изнајмува телекомуникациската мрежа на друг телекомуникациски оператор и се разбира, плаќа кирија за изнајмувањето. Киријата за изнајмување на туѓа телекомуникациска мрежа е само почетокот на фиксните месечни трошоци на виртуелниот телекомуникациски оператор.

Доколку се додадат цените за интерконекција при телефонски повици од виртуелниот телекомуникациски оператор кон останатите телекомуникациски оператори, месечните трошоци само растат, а тоа на никаков начин не може да придонесе за поевтини телекомуникациски услуги.

Таков оператор никогаш нема да биде во позиција да влијае врз цените на телекомуникациските услуги во Македонија.
Не ми е јасно твоево објаснување знам точно дека виртуелниот е само колку да се каже дека има 3 оператор ама најреално гледано во оваа позиција која се доведува сега пазарот ниту еден инвеститор не би влегол затоа што двата најголеми ќе го истуркаат веднаш ќе го прегазат и да сеа вип ти е практично најголем мобилен оператор зш со сопјувањето го бута т-мобиле со пазарното учество. Јас сеуште чекам одговор како кога дојче телеком го купи грчки оте веднаш на т-мобиле му беше наредно да го продаде космофон па така го купија словенциве и тогаш постоеше вип како сеа е дозволиво не само оне туку и близу да ги има вип?
 
Последно уредено:
Виртуелен телекомуникациски оператор е оператор кој нема сопствена телекомуникациска мрежа, туку ја изнајмува телекомуникациската мрежа на друг телекомуникациски оператор и се разбира, плаќа кирија за изнајмувањето. Киријата за изнајмување на туѓа телекомуникациска мрежа е само почетокот на фиксните месечни трошоци на виртуелниот телекомуникациски оператор.

Доколку се додадат цените за интерконекција при телефонски повици од виртуелниот телекомуникациски оператор кон останатите телекомуникациски оператори, месечните трошоци само растат, а тоа на никаков начин не може да придонесе за поевтини телекомуникациски услуги.

Таков оператор никогаш нема да биде во позиција да влијае врз цените на телекомуникациските услуги во Македонија.

Ако виртуелниот оператор е на пример на Мијалков, гарант ќе добие попуст на кирија и интерконекција.:D
 
Неофицјално за максимум месец ипол ќе стартува новиот бренд.така ми кажа човек вработен во Вип.
 
Неофицјално за максимум месец ипол ќе стартува новиот бренд.така ми кажа човек вработен во Вип.
Што значи +/-15 Октомври. Хммм што очекувате? Спојување на Близу и Оне со Вип во една фирма?
 
Само Вип и Оне. Близу не се спојува
А Комбо пакетите што правиме, ќе останат да постојат или?
А со БумТВ исто што правиме?
 
Близу ќе биде ликвидиран како бренд, така ми кажа вработена во Вип. Најверојатно пакетите ќе ги превземе one.Vip
 
За мрежата некој вести? Некако не ми стои сигурна кога двата оператори ќе се спојат... некако на полошо ми иде :/
 
Близу ќе биде ликвидиран како бренд, така ми кажа вработена во Вип. Најверојатно пакетите ќе ги превземе one.Vip
Како ќе се спојат кога тоа не беше дел од концентрацијата?
 
Како ќе се спојат кога тоа не беше дел од концентрацијата?

Па толку им сече на вработените во Вип.

Пред 10 години, и јас без никакво двоумење им верував на вработените во тогашната кабелска телевизија Зора, кога ми кажаа дека наскоро ќе ги вратат хрватската Нова ТВ и босанската ОБН откако ги укинаа по налог на тогашниот СРД.
 
:DПа и не згрешиле многу, OBN беше/е вратена :pos:
 
:DПа и не згрешиле многу, OBN беше/е вратена :pos:

Да, но беше вратена во дигитален пакет, а тогаш на прсти можеа да се избројат корисниците на дигиталната телевизија.

А хрватската Нова ТВ која тогаш ги демолираше сите во македонскиот етер, вклучувајќи ја и сега покојната А1 Телевизија, не ја вратија.
 
Е тоа е.
Но за жал, денес ниту Nova ниту OBN не се тоа што беа :(
 
Како ќе се спојат кога тоа не беше дел од концентрацијата?
Сопственик на Близу во моментов е Телеком Австрија, истиот сопственик на One.Vip
Моја претпоставка е дека брендот ќе престане со работа а телевизиските услуги, инфраструктурата и се останато ќе биде превземено од One.Vip
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom