On.net WADSL интернет

  • Креатор на темата Креатор на темата Jane
  • Време на започнување Време на започнување
Еве кај мене. Ама не се жалам. Солидна е за разлика од другите.

И јас наслушнав нешто слично на Принц ама не знам дали ќе има ценовно намалување на пакетите или зголемување на трансферот. Што се однесува до рефлекторот, точно е дека се добива во насоченост, а со тоа и поголема моќност на сигналот, но што вреди тоа да си конектиран 100% од времето а да не сурфаш, бидејќи си ограничен со капацитетот на линковите.
 
burglar напиша:
Okey, но јас сепак мислам дека ќе се подобри конекцијата. Во секој случај баш ме интересира на tracert на gateway-от на on.net колку е каснењето по hop(нормално ако е ова возможно да го tracert-аш).

јас сум на братот на off.net и редко можам да се пожалам, сем за лимитот и цената :P
88789720.png

:pos2::pos2::pos2:
 
Go2bed напиша:
епа тогаш работава е македонската .....ќути и :pusk:..........:toe::toe:...зашто вака ништо нема да се смени

за ова погоре само ќе кажам: ај погледни ми го аватарот.
(не е ова со никаква намера за навреда или слично!)

офф.нет само приклучуваат нови корисници без да размислат дали ќе им поднесе мрежата и без да ја испланираат како шо треба. баш како шо кажа принц, ако не се способни нека не работат, се претставуваат како Internet Service Provider, па PLEASE PROVIDE INTERNET
 
Од техничка гледна точка имаат многу пропусти, ама затоа бизнисот им цути :)
 
Проблемот во балканскиот менталитет било што сите сакаат да се збогатат набрзинка. А тоа и самите знаеме дека не е долгорочно. Денес сечеш некого, утре ќе те сече некој...
 
Josif, колку пати да ти објаснам:
Јас и ти го имаме истиот проблем. И двајцата се поврзуваме на базната станица во Карпош. Претпоставувам дека си на Карпош поради тоа што ip адресите ни се различни за некоја бројка (ист ip pool). Има сјајни периоди кога интернетот ми лета и со 550kbps, но има и катастрофални периоди кога знае да падне и под 100kbps.

Не те лажат од Он.нет, проблем е со базната. И им верувам кога ќе речат дека ќе биде средено наскоро, затоа што сите базни станици што беа проблематични (нерези, влае на пример) ги средија до сега. Исто така, го појачаа линкот како што ветија (и тоа точно за 14 дена откако ми кажаа дека за 2 недели ќе го средат).

Што би ти препоралал? Имаш 2 варијанти.
- Да поднесеш приговор во салонот во центар или карпош и да чекаш додека се среди базната (како мене).
- Да го раскинеш договорот и да си фураш на некој друг провајдер.

Се друго би било излишно, нели? :wink:

И да, јас лично сум задоволен. Сум бил и на Мт ("златниот" период кога немаше лимит), и на Телекабел. Телеком ме ошурија со цените, а од Телекабел никогаш не видов поголема брзина од 256. Едноставно, секогаш ми викаа "ќе провериме и ќе ви се јавиме" и ми спуштаа слушалка, без да ми земат телефонски број или да ми кажат пријатно. Он.нет до сега ми е најдобриот избор, за мене лично... За вас - вие си знаете.
 
Acid напиша:

прво нема потреба од објаснување, јасно ми е шо се случува со мрежата, колку толку имам познавања за вајрлес мрежи.
друго, јас неможам да си дозволам да седам преку вечер на компјутер за да начекам добар интернет, сабајле сум на работа, ова (до околу 01:00) е најкасно шо уопште седам. кога си идам дома у 17:00 е офф.нет буквално.
трето, имам поднесено пред 1 месец приговор за намалување на сметката и нема никаков одговор.
четврто, кога и да прашам ми викаат дека за неколку дена би требало да се среди (од 11.01.2007 наваму).
петто, имам другар на мтнет, другар на телекабел и другар на зора, мтнет баш обезбедува 98% од времето квалитетен интернет со точно таа брзина шо ја гарантира, телекабел и зора се сега ок со поситни прекини.

сума сумарум, барам офф.нет да ми обезбеди интернет од 17:00 до 00:00 и викенди до покасно, тогаш ми треба интернет, ама кога ми треба интернет ... офф.нет
бај д веј, до сега имам искористено 799.06 МБ од пуштениот вентил од 10 гига.
последно: лека ноќ :)
 
Нема да има некој ефект но пробај да поднесеш приговор до Агенција за електронски комуникации кај нив никој(нормално ако има основа за тоа:прекршување на договорот).

A за КТВ ЗОРАнемам коментари имаат услуга на ниво... а и подметнуваат јебачки договор 4 страни и ставка која вели дека иако ти си платил 2800 денари за DSL Motorola Surf Board modem(+800 денари приклучок+1 месец унапред за интернет), за да се одкачиш предвреме(пред 1 година од потпишувањето) ќе треба да дадеш уште 2000 денари. Значи ти се фаќа помалку од 6000 денари приклучок :)
 
Ej момци а да ве прашам, може ли опремата (canoppy) мрежно да се дели преку switch или мора router?
 
Што да делиш? Опремата можеш да ја поделиш со секира на две еднакви дела ако добро центрираш. Конекцијата можеш да ја делиш и преку свич.
 
за конекцијата прашувам, нормално :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom