Месечна цена е месечната (фактичката) цена на услугата, а договорена цена е цената која ти ја добиваш со склучување на договорот од 2 години.
Значи, со договор на 2 години = 1.090 денари.
Со договор од 1 година = 2.090 денари.
Не е модем, туку Canopy Motorola антена. Инаку да - ти го даваат на користење.
Во договорот исто така ја пишува и цената на опремата. Зарем ти сакаш да ти дадат опрема од 21.500 денари и да ти речат: "Брачко, ти ако сакаш лупни ја од земја, играј фудбал со неа или тренирај кик-бокс - па ако и се деси нешто, ние ќе ти дадеме нова". Нормално дека треба да се однесуваш со неа како примерен корисник. Доколку се оштетила од виша сила, нормално дека ќе ти ја заменат со нова. И не, нема ептен пазење... Си стои на покрив, како обична антена за телевизија.