On-line проверка на состојба на патишта

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Возраст
38
Локација
најчесто дома, освен ко ќе сум излезен...
Добро, темава можеме да си ја користиме за инфо по патиштата низ државава. Посекако на друго место не верувам дека ке го најдете 100% точно напишано освен од искуството на изнервирани кајганџии :). Слободно можете да си коментирате за состојбата и реконстукциите на патиштата во државава.
 
Дали е најавена блокада за утре на патот Прилеп - Битола, и ако е најавена од колку часот ќе биде ??
 
За денес се најавени блокади на 3 места... кај тополчани, кај прилеп и плетвар. Според она што го слушнав на радио до 20 часот ќе има блокади.
 
http://amsm.com.mk/Uslugi/Soob_Info/sostojba.aspx

R504 Отешево - Трпејца Застој на пат (затворен правец). од 15.11.2010 патниот правец Р-504 Трпејца (врска со Р-503) – Галичица (скијачки центар) е затворен за сообраќај во двете насоки.Ова е сезонскo затворање и патот ќе остане затворен до пролет.
M5 Битола - Прилеп Блокада на патот (штрајк, демонстрации..). Денеска 11.01 најавени се нови блокади кај местото Тополчани кои ќе траат од 11:00 до 21:00 часот.
R513 Прилеп - М. Брод Блокада на патот (штрајк, демонстрации..). Денеска 11.01 после местото Дебреште најавени се нови блокади кои ќе траат од 11:00 - 21:00 часот.
M5 Велес - Штип Блокада на патот (штрајк, демонстрации..). Денес 11.01. кај клучката кај Велес од 11.00 до 21.00 најавена блокада на правците Штип-Скопје, Штип-Велес и обратно.
M4 Скопје - Тетово Временски услови на пат (магла). Видливоста е намалена до 20 метри.
M5 Велес - Штип Временски услови на пат (магла). Видливоста е намалена на 100 метри.
M1 Неготино - Демир Капија Временски услови на пат (магла). Денес 11.01. видливоста е 150 м.
M6 Штип - Радовиш Блокада на патот (штрајк, демонстрации..). Кај клучката Ињево ненајавено започна блокада од страна на тутунарите и нема најава до кога ќе трае.



Се надевам дека нема да ја блокират железницата да можам да одам за Скопје ... :tapp:
 
Имате многу полесен начин за добивање на информации поврзани со состојбата на патиштата ама за жал кај нас таа опција не е активна а за тоа се виновни сите радио станици низ Македонија.
Се работи за услугата Traffic Message Channel или на вашите радија и навигации ја пишува како TMC, на дисплејот од вашата навигација или радио добивате стално информации кој пат е затворен, на кои селани им прднало на онаквото да затворат некој магистрален пат затоа што некоја партија не може да најде начин за предвремени извори па нашла овци да го блокираат патот, проодност на патиштата итн...
 
Убав муабет Atom, јас кога бев Германија нон-стоп на радиото, се прекинува тоа што го слушаш и си кажува што е и каква е состојбата на патиштата. Одлична работа е тоа, само уште кај нас да се воведе..
 
ај може уште едно десетина гарнитури на власт да се сменат, па и тоа ке се воведе.. или кога на запад ке почнат прстените сами да си зборат, тогаш таа застаерна опрема ке дојде на рециклаѓа и трајно користење кај нас во мк.. здравје до тогаш, да сме здрави и живи...
 
ЕЕ да си имаме сите GPS со систем за следење на сообраќај. На Запад 3-4 години тоа е веќе секојдневние кај нас...
 
ЕЕ да си имаме сите GPS со систем за следење на сообраќај. На Запад 3-4 години тоа е веќе секојдневние кај нас...
Нити имаме потреба, нити имаме патишта... а и тутунариве ќе ги заќутат за брзо.
 
Потреба имаме...еве сакам на Џиш на гости да му дојдам во Битола, и си внесам адреса, и навигацијата на портата ме носи кај Џиш...па 21 век сме ебаго!
Ама...се што е со години стандард во културниот свет, кај нас нема да биде уште доолго време...
И тоа што вика Атомската мравка...на радиата во колите ја имаме опцијата...и тоа на радија произведени уште во минатиот век...и што кога ќе стиснеш ТР на тоа радио? Ништо не се случува...исто и ТМС на поновите радиа...а тоа во културниот свет оддамна си функционира.
Возам вчера СР-СК и се мислам по кој пат да фанам за да стигнам навреме за да немам проблеми по патот, а никаде неможам да добијам информација.
Е, тоа е...
И, ќе пишуваме по форуми за да кажат луѓето вака онака било, или ќе бараме сајтови кои ненавремено се апдејтуваат.
Дечки...далеку сме ние од култура...далеку сме ние од свет.
 
За GPS ќе си ставиш во телефонот (најевтината варијанта) Garmin софтверче (ќе си ја слезиш од торент) и ќе те однеси до кај Dzish дома. Ама немаш состојба на патишта (traffic). Софтверот ја има таа опција ама ајде де...
 
Некој информација како е Охрид-Скопје?
 
Некоја информација какво е Скопје-Маврово патот?????????Сакам утре да одам па незнам какво е низ автопатите и патот во Маврово ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom