Не сакам дожд,во ниедна варијанта,ни дење,ни ноќе,во лето,пролет,есен зима,на планина,на езеро,море,улица,дома.....ако може да не врни никогаш,воопшто нема да ми недостасува.
Ме нервира да се влечкам со чадор,ме нервира да ми ја натопени косава лицево,облекава,особено кога баш поради дождот претрпуваат промени моите планови за излегување,облекување...
Никогаш не сум шетала по дожд по своја сопствена желба(да не прочитав овде,никогаш немаше да знам дека некои го сакаат ова
),освен под принудни околности,чувството воопшто не ми е пријатно и секогаш настојувам да го избегнам.
Исто,глетката кога врни не ми е нешто фасцинантна,па да застанам да гледам...мислам дека не ми се случило досега.Напротив,целата мрачна,тмурна атмосфера ми делува по малку депресивно.