Веке 9 години сум веган, чувството е прекрасно и јас на сите би им препорачала ако не ги исфрлат месото, млекото и јајцата од исхраната, барем минмално да ги внесуваат.
Имам многу придобивки од ваквиот начин на исхрана. Имам подобар имунитет и повеке енергија од времето кога јадев се и сешто.
Имам идеална тежина, здрава коса, нокти, заби и што мене лично многу ми прави кеиф е тоа што за разлика од оние луге кои јадат месо,јајца и млечни производи, кај веганите, телесните течности немаат непријатен мирис.
Не се сите исти и не секој организам е направен за веганска исхрана
. Дај и на бела мечка веганска храна ќе умре исто како и на еден бивол ако почнеш да му даваш само месо, затоа секому своето. Има луѓе на кои месо им користи а не им штети исто како и обратно и системот кој кај тебе функционира не значи ќе функционира кај секого
.Мирисот доаѓа од преголема количина непреработени животински масти, месо и млеко. Јас дека млеко јадам на минимум често ги познавам „млекарите“ по мирис ама тоа е дека претеруваат со млечни производи а може и дека е варено.
Ако јадеш месо и млеко во разумни количини нема да има непријатен мирис зашто се е како што треба преработено
. Тоа само го исклучува генетското модифицирање на храната. Се друго останува исто.
Кога ќе видиш плод кој е голем, монохромно обоен и убаво обликуван без мани и естетски привлечен, веднаш знаеш дека нешто не е во ред со него.
Природната храна не изгледа убаво. Природно јаболко или домат не се со големина на бебешка глава, со правилна форма и некоја колоритна нијанса, што ти изгледа како од палета извадена.
Не. Природниот домат е мал и кисел и почнува да омекнува по неколку дена. Природното овошје има црви во него и дупки и дефекти на површината. Знам затоа што сум јадела ваква храна.
Денес како што гледам и оваа органскава храна, за да остане на пазарот мора барем да држи до естетските стандарди. А за тоа е потребно да се штити од инсекти и паразити и да се храни некако. Природата не го прави тоа, човекот го прави.
Има природна храна која прекрасно изгледа, зависи што ќе подрабираме по УБАВО
. И не секоја природна (без пестициди) храна е со црви и згужвана, си има цела наука како да одгледаш био производ и како да го заштитиш од штетници на природен начин. Си има препарати од билки кои служат за таа намена само кај нас малку се знаат. Природниот домат може да е и голем и сладок тоа највеќе зависи од сортата, почвата и сонцето а помалку од пестицидите и ѓубрето (не дека се небитни). Погрешно е да се смета дека биолошко е неубаво, сум јадел био производи кои изгледале прекрасно а биле одгледано на 100% природен начин, така да нема генерализација
.
- ќе цркнам после од тегоби...Значи си знам што му прија на мојот организам и самиот организам ми ја бара таа храна...