Стар Балкан (Кавадарци) - најдобриот ресторан во Кавадарци, цените прилично ок во однос на количината на јадењето, малку е ладна атмосферата поради тоа што е преголем ресторанот но се занемарува тоа ако се седи во бавча.
Ресторан Бакал (с. Брвеница, Тетово) - одлична атмосфера, традиционално македонски ентериер со модерни детали, храната феноменална, + имат и сопствена пекара, па има и тазе жешко лебче со јадењето по сопствен избор.
Гурмет (Скопје) - многу пати проверено, многу пати бендисано, најдоброто од Дебар Маало.
+ Џино може да го спомнам овде за пасти, пиците ми се лоши. За пици искрено најдобра имам јадено во Енрико и тоа многу одамна, сега не знам каков им е квалитетот.
Во ДМ имам јадено добра скара.
У глобала, Гурмет го издвојувам за најдобар ресторан во Скопје, бар од тоа што сум бил (ви клучувам овие на кејот бидејќи во сите сум бил, Ања убедливо најпреценета, и некои други како Национал, Барбакан, Пелистер имат добри пасти исто и пици, а и ладното мезе им е фино, само малце поскапи).