Олимпискa измама (видео)

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
266
vistinskata-laznata-pejacka.jpg

Кинезите навистина се погрижија да добиеме перфектно добро отворање на Олимпијадата, и се грижеа за сите детали.


Претходно дојде информацијата за компјутерско симулирани 55 секунди од отворањето кое одеше на ТВ, а сега доаѓа информација дека девојчето кое ја пееше кинеската песна со револуционерна тематика „Ode to the Motherland“ само ја отворало устата.


Лин Миаоке (9) е името на девојчето во црвено фустанче кое ја воодушеви кинеската но и светската јавност со нејзиниот прекрасен глас и убав изглед но како што објавуваат кинеските медиуми, таа била само „убаво девојче во црвено фустанче“ кое ја отворало устата.




Вистинскиот ангелски глас го поседува Јанг Пеији (7) која не била поставена на теренот поради оценката на организаторите дека не ги поседува доволните критериуми за убавина со кои треба да ја претстави кинеската нација пред светот, поточно најмногу поради кривите заби.


Покрај оваа, и информацијата за компјутерско симулираните 55 секунди од отворањето наменети за телевизискиот пренос, треба да ја одбележиме и веста која вели дека поради недостиг од публика која би се заинтересирала да ги следи игрите, организаторите ангажираат „навивачки групи“, лажни навивачи и љубители на спортските игри, кои можете да ги видите облечени во жолти маици.


Колку многу (скандалозни) информации, за толку малку денови... што значи, има што да очекуваме понатака...





Како прво ако сметате дека повеќе одговара за Чек Дис Аут преместете го таму, а како второ што сметате вие во случајов?


Ова би му дошло како опомена до сите кои имаат талент а „немаат“ убавина да не го покажуваат талентот или јас таков впечаток сум добил?
 
Воопшто не ми се допаѓа ваквиот гест од страна на организаторите. Како прво, сите деца се убави, за мене нема грдо дете - убаво дете. Како имале срце да му кажат на некое девојче грдо си на индиректен начин? Па да ви кажам право, мене посимпатично ми е "оригиналното" девојче, повеќе личи на нормално дете за нејзини години, запчиња во развој, кратка косичка, румени обравчиња... Сите ние сакаме да видиме просечно дете, а не супер манекенче:)
Верувам дека повеќе симпатии ќе разбудеше ако се појавеше ова девојче на сцената отколку другото кое се појави.
 
Голем губиток за организаторите, за Кина..Дефинитивно ке останат црни флеки на името ОИ Пекинг 2008, заради ова што се случи. Не сакале да ја претстават Кина со "грдото" девојче, епа ете баш супер се покажаа сега со ова сто го направија.. Нечесно, во секој случај..А на девојчево кузнајт колку пари му имет понудено за да пејт па затоа кутрото и не се има спротиставено на одлуката да биде физички заменета со "убавата кинескиња"..Ма се то е политика бе...
 
Значи колку глупо испадна ова тоа е нешто неверојатно, не ми се верува дека направиле вакво нешто. Како можеле така на девојчето да му направат, срамота. Господе Боже.
 
LESPERI xD LOL KRIVI ZUBI HHHHHH LOL I ZATOA NEKOE MANEKENCE KJE ZEMAT USTA DA OTVARA DA I SE ISERIT PTICA U SRED USTA KOA KJE PEE DA SE VIDI KAO KJE SI DZVAKA AKO SAKA DA NE SE PRIMETI PAUZA xD :pos2:
 
Постов на гунерфорлајф нека седи како предупредување какви постови не смеете да пишувате. Си доби опомена, нека биде последна во овој подфорум.

Продолжете слободно со дискусијата.
 
Некаде далеку си ти,
се носиш во слатки џејша аутфити,
некогаш викни ''Те сакам'' на цел глас,
и Џеки Чен, карате кид и Јао Минг ќе навиваат за нас.

Сајанора.

Еленчето
 
Знаев дека Кинезите се фејк.
Како прво,не е нормално,на секој олимписки настан,салата или стадионот да биде исполнет до последно место.Можеби тоа се случува за финалињата,ама во обичните денови,најчесто има недостаток од публика.Тоа е регуларно,бидејќи не сите дисциплини и натпревари се интересни.А сепак,овде гледаме фул стадиони насекаде.Значи,нешто не е во ред.
Второ,кинеските натпреварувачи.
Пред некој ден читав изјава од еден кинески тренер,кој вика дека ако не го освоеле златото(шо за среќа го освоиле,забораив за кој спорт),ќе се самоубиел според "договореното".Морбидно.Истото се случува и со натпреварувачите,кои Кина ги има во секој спорт,дури и оние кои до пред некое време не ни биле познати во Кина.Императивот за победа е застапен во сите спортови.Убаво шо се потрудиле да учествуваат насекаде,ама мислам дека треба да останат задоволни со тоа-учеството.
Се на се,премногу вештачки Олимписки Игри и најтрагично од се,заборавено е најважното правило на сите Игри:"Битно е да се учествувa".
 
Многу ми е посимпатично и помило девојчето што ја испеало песната. Другото изгледа како некое размазено шмизличе. Огромен минус за Кинезите, за ова.
 
Back
На врв Bottom