Околу првиот состанок и каде преферирате да биде?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

Каде на првиот состанок?


  • Вкупно гласачи
    202
Ne glasav zatoa sto nikogas odnapred na si ja planiram vecerta...ama bi sakala toa da e nekoe mirno mesto kade sto ke mozam da si napraam muabet ubavo...u odnos na obleka ne se zamaram mnogu,bitno e da se cuvstvuvam udobno i samouvereno...a koga e taka bleskam:)..i muabetot posle toa e jasen!:)
 
па гласав за забава,ама ако имаше кафуле ќе гласав за тоа затоа што мислам дека тоа е најдобро место за прв состанок.не сте сами(ако случајно си несигурна),а пак може да се прави муабет бидејќи музиката не е прегласна.
во однос на облеката..го облакам тоа со кое изгледам привлечно,но не да изгледам како лесна женска(не премногу разголено,затоа што посекси е она што е прикриено,отколку откриено),и тоа што го носам мора да ми е удобно,да не бидам цело време на штрек да не ми падне прерамката или нешто слично...
 
па гласав за забава,ама ако имаше кафуле ќе гласав за тоа затоа што мислам дека тоа е најдобро место за прв состанок.не сте сами(ако случајно си несигурна),а пак може да се прави муабет бидејќи музиката не е прегласна.
во однос на облеката..го облакам тоа со кое изгледам привлечно,но не да изгледам како лесна женска(не премногу разголено,затоа што посекси е она што е прикриено,отколку откриено),и тоа што го носам мора да ми е удобно,да не бидам цело време на штрек да не ми падне прерамката или нешто слично...
и моето мислење е слично на ова болдираново горе најпрвин во кафич па оттука може еве за охрид на пример покрај езеро па...:vozbud:
 
Нема во кафиќ :toe: ,обично јас мислам дека 90% таму би одлучиле...за ова слаткарница мислам дека помина тоа време замислете ја носите во Шехерезада на индијанка и лимонада :lud: малку ми е многу ретро тоа :pos:
 
замислете ја носите во Шехерезада на индијанка и лимонада :lud: малку ми е многу ретро тоа :pos:

Немора бе БАШ на индијанка и лимонада, може на сладолед нешто еклерче нешто ово оно, и го качуваш шеќерот и автоматски е поопуштена атмосверата:wink: да не биде претерано со алкохол се иде у слаткарница:)
Иначе првиот состанок мислам дека треба да биде на некое тивко место без многу многу народ, онака интимност. Па на раат да се направи некој убав муабет итн итн....
 
Па би избрала некое помирно место без разлика каде сме се запознале и кај излегуваме. Сакам поопуштена атмосфера за такво излегување. Мада не ми е проблем кај ќе се ид, ќе се смисли тоа, туку што да носаам:vozbud::pos::pos: зашто сум баш таков малер пред такви излегувања мене ништо убаво не ми стои и тогаш гледам дека сум здебелена, лоша шминка, фризура вришти:vozbud::pos: само да е помирно место, пошто ме нервира гужва кога сакам муабет да си направам со човекот.:helou::pipi:
 
На тивко не толку прометно место. да е среден и убав амбиентот .
Но понекогаш идеите ти доаѓаат како се ближи часот на тој состанок,
Но ја би преферирал, мирно тивко место каде што ке можам да разговараам на раат а и да и приредам, една пријатна ситуација каде ке биде опуштена особата со мене и ке се чуствува убаво :)
 
како шкорпијава над мене ( у постовиве ) :):):):):):):)
 
Дефинитивно во парк. Полека една прошетка, држење за рака, седнување на клупа и разговор во природа.
Можеби сум преголем романтичар - не знам, ама тоа го преферирам не само за првиот состанок туку и понатаму тоа да се случува. Многу убаво чувство.
 
Дефинитивно во парк. Полека една прошетка, држење за рака, седнување на клупа и разговор во природа.
Можеби сум преголем романтичар - не знам, ама тоа го преферирам не само за првиот состанок туку и понатаму тоа да се случува. Многу убаво чувство.

а па ако е и слободна типкава ке биде повеке од обично запознавање :pos2::pos2:
 
Па што знам, мислам дека првиот состанок најубаво е да биде во кафич, ама некој помирен, со опуштена атмосфера, за да да можат луѓето поубаво да се запознаат.
Парк исто така е добра варијанта. Ем е мирно, ем е романтично...мераци...:pipi:
 
Не ми е битно каде,само да може муабет да се прави!Иначе гласав во парк,многу ми е опуштена атмосферата,убаво време,шетање,правење муабет...баш како што сакам јас!Ама нема кафуле во понудените,тоа е најчестото место на кое одам на прв состанок!Сум во дилема за тоа што ќе облечам и што ќе зборам,ама по некое време се смирувам со фактот дека ако треба да му се свиѓам ќе му се свиѓам онаква каква што сум,а муабетите доаѓаат сами не ги планирам...loly:
 
Јас може ќе речете дека сум чудна или удрена или незнам што :toe: ама јас многу мразам тоа " први состаноци ". Некако ми се многу напнати и не се чувствувам опуштено или па тој не се чувствува... Како и да е не ги сакам првите состаноци, многу ми се формални. А за да се запознаам подобро со некого повеќе ќе барам начин некако да влезам во неговото друштво, барем еднаш-два пати да излезам со нив и да го запознаам така. Нити јас ќе бидам вкочанета нити тој, нити пак ќе се грижам за облеката или фризурата. Затоа гласав за забава (пр. на некој роденден :vozbud:). И ги одбегнувам колку што можам повеќе таквите состаноци. Се што е ненадејно, спонтано и неочекувано сето тоа ми е послатко и поубаво си поминувам (а кај мене обично така е).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom