Огласите за работа мора да имаат и плата

  • Креатор на темата Креатор на темата astro_ivand
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 март 2010
Мислења
37
Поени од реакции
18
Здраво
Не знам кој од вас го има разбрано и прочитано ова, http://news.vrabotuvanje.com.mk/mk/articles/muabet-na-denot/oglasite-za-rabota-mora-da-imaat-i-plata.

Ама после месец дена сеуште на najdirabota.com.mk се појавуваат огласи без објавена плата и работно време.

Како тогаш газдата би го пријавил работникот, и зошто не и текнало на najdirabota.com.mk да го стават задолжително полето за внес на плата и работно време при креирање на огласот.

И дали би било фер да се воведе ставка во законот за работни односи, дека државата би можела да ја казни страната/весникот доколку прифаќа вакви "противзаконски" огласи.
 
А сте приметиле дека тие страни се и како агенции за вработување и се невидена мафија до сега.Им даваат одговорност компаниите да им најдат работници што тие нормално си буткаат свои луѓе,кај е тешко да се најде работа уште со нив ич не можат младите да најдат работа.не знам дали во државава има институција која може да го спречи тоа.
 
Почекај да поминат избориве па инспекторите да се фрлат на работа. А и онака може да пишат газдите колку сакаат плата, хартија (и интеренет) трпат се, ама за почеток ќе ти биде 10000...е сега колку ќе трае почетокот тоа само газдата точно знае:D
 
Абе убаво е кога така од кутар ги зборуваме работите, ама не е така во реалноста.
Јас мислам дека е во ред на самото интервју да се коментира за плата. Ако пред некој период постирав оглас(овде на Кајгана), и сите ме прашува за плата, и напишав минимум 12 000ден, после оној кој го примија зема 18000.денари.
Тоа е нешто за кое преговораш, мислам дека не оди за во огласот да ги пишува. Сепак, јас така мислам.
 
ДА им ебам крфта, фирма не пишуваат кај да се вработиш, па плата ќе пишат, има мал милион огласи од типот "Потребни се соработници од Скопје" , и број остаено, некад и само е-маил. Дај да се организираме групно, да ги испцуеме до степен да отидат зејтин да однесат во црква.
 
Некаде прочитав дека на Graiglist во САД се појавиле голем број огласи за работа со објавување на големи (преголеми) износи за плати и мало работно време. Читај меѓу редови измами.

Голем дел од тие што аплицирале имаат пратено CV и ред други документи уште во првиот маил и накрај некои од нив биле поебани, дали со кражба на податоци или добивање на маилови за спамови итн.

Затоа совет против ваквите огласи било да се прати маил со кој се распрашуваш за фирмата а после тоа доколку ти одговорат, само тогаш се праќа CV и мотивационо писмо (нешто што голем дел од газдите кај нас појма немаат шо е, ама ради реда го бараат).

На македонски услови, ако не ти одговорат, некој има веќе наместено на тоа, само огласот е поради законски правила, што секој вработен мора да е со јавен оглас примен во фирмата.

Пред еден месец пратив маил за да се распрашам за некои информации за шведска фирма за работа во Стокхолм без CV или никакви други податоци за мене, госпоѓата во рок од 24 часа ми одговори најкоректно напишан маил и се ми објасни (плата, работни услови, подетално отколку што имаше во огласот), 5 реченици. Важно е културата што ме испочитува.
 
поради основното човечко достоинство потребно е да се наведе сумата. сепак, не секој ќе аплицира за нешто што знае дека вреди 18 000 на пример, ама фирмата е слаба, во развој па може да плаќа само 12 000. така да во старт би се направила некоја филтрација. во моментов некој да ми понуди работа од мојата бранша за 20 000 НЕ би прифатил, иако знам дека други плаќаат и 10 000. се е до тоа која ти е цената, за која се продаваш. лошо ќе звучи, но ние сме стока која се продава и си го знаеме квалитетот.
 
Платата во основа треба да ја знаат само тројца - работодавецот , сметководителот( кого го боли уво колку зема некој си Петре) и тој што ја зема , така да не ви држи забелешката !
 
поради основното човечко достоинство потребно е да се наведе сумата. сепак, не секој ќе аплицира за нешто што знае дека вреди 18 000 на пример, ама фирмата е слаба, во развој па може да плаќа само 12 000. така да во старт би се направила некоја филтрација. во моментов некој да ми понуди работа од мојата бранша за 20 000 НЕ би прифатил, иако знам дека други плаќаат и 10 000. се е до тоа која ти е цената, за која се продаваш. лошо ќе звучи, но ние сме стока која се продава и си го знаеме квалитетот.
Кое достоинство , ке те молам ?! Стандардот кој си го напишал е далеку од достоинство.Со 300 евра месечно можеш комотно да се сликаш . Далеку е тоа од достоинствено !
Е сега кога веке видовме дека се' во Македонијава е под достоинствено , важно ли е колку ке бидеш под линијата на достоинството ?
Едно да ти кажам - важно е да влезеш во системот на луге кои работат а се додека се третираш како стока која си има цена , само ке те вртат наопаку на газерот да видат до кога ти е рокот на траење.
 
:tapp: ти луд си или луд се правиш. не си на продавање? ма немој?!?!? работиш од што ти се работи? штом работиш за плата значи си на продажба. ај вака сега, да ти кажам дека ако дојдеш да работиш кај мене (професија која ја работиш) за 1200 евра нема да дојдеш?
а рок на траење ни е на сите ист, до 65 години и толку.
 
да ти кажам дека ако дојдеш да работиш кај мене (професија која ја работиш) за 1200 евра нема да дојдеш?

Ако не дојде он, јас сигурно доаѓам.
 
Како можете да сте за тоа да не биде наведена платата во огласот не ми е јасно? Ти кога аплицираш за работа во своето CV комплетно се претставуваш пред можниот работодавец од тоа кој си, што си, лични податоци, вештини, се! А тој не требал да ја објавува платата, ма немој! Јас доаѓам од љубов за компанијата и сум со желба да му заработам нов мерцедес, а колку ке ме плаќа ќе оставам на негова добра волја:eek: Да, јасно ми е дека не можеш да му кажеш на вработениот ти ке земаш толкава плата и тоа е тоа, ама ке се отворат картите, ке се нагласи дали тоа е почетна плата и нејзината висина, дали кога ке го научиш ова или она и за 2,3,5 месеци ке ти биде толкава. Мене ако ме прашате најглупаво прашање ми е кога ке прашаат колкава очекуваш да ти биде платата? Ма немој да ме је*еш бре! Јас своето го кажав дај кажи ти што нудиш и да не си го трошиме времето едни на други.
 
ова му доаѓа исто ко ке пуштат оглас и ке пишат цена по договор :cautious: па фино лепо пиши колку е цената ако ми одговара да вртам ако не да си барам друго чаре. така и со огласиве за работа ке те викне на интервју ке изгубиш време за на крај да ти ја каже мочаната плата за да станеш и си отидеш (n)
 
Епа овде работата е обратно од тоа што е при продажбата , не можеш секогаш да пишеш , барам инженер конструктивец плата , да речеме 40 000 .
Од 30 тина години искуство можам да ти кажам дека има луѓе што колку и да им дадеш тие вредат повеке ама има и такви што ни за хранарината не вредат а и двајцата со исти квалификации на хартија , па ај ти оди кажи им на невидено на двајцата колку ке им е платата!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom