Официјални трансфери/позајмици

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Стевица Ристиќ во узбекистанскиот тим Бунјокдор, тим каде тренер е Луиз Фелипе Сколари, а играат Ривалдо и Денилсон.

Ристиќ: Ривалдо ме препорачал на Сколари

12.01ristic1.jpg


По неколкучасовно летање од Белград до Дубаи, завчеравечер Стевица Ристиќ пристигна во срцето на Обединетите Арапски Емирати

На аеродромот го пречекаа претставници од неговиот нов клуб Бунјодкор, ноќта ја мина луксузниот хотел „Џабел Али„, а веќе следното утро го очекуваше највозбудливиот момент во неговата кариера, средбата со Луис Фелипе Сколари и соиграчот Ривалдо. Имиња за респект, но всушност со своите игри во последно време и Ристиќ е на пат да влезе во тоа славно друштво.

„Голема возбуда чувствував пред средбата со овие големи фудбалски имиња. Со тренерот Сколари имав едночасовен состанок на кој добро се запознавме и ми остави впечаток на голема благородна душа. Нешто подоцна се запознав и со останатите соиграчи, а одлично бев примен и од големиот Ривалдо.“

„Имено, најзаслужен за мојот трансфер во узбекистанскиот првак Бунјодкор е токму Ривалдо. Откако ги забележал моите настапи во дресот на Поханг, Ривалдо инсистирал кај тренерот Сколари и управата на клубот да бидам ангажиран во најкус можен рок. Всушност, негова желба била токму јас да му бидам партнер во нападот“, со голема доза на радост ни соопшти нашиот интернационалец од далечниот Дубаи.

12.01ristic3.jpg


Неговиот тим веќе три дена тренира во Дубаи, а големите ѕвезди Ривалдо, Ристиќ и Денилсон ја имаа таа привилегија три дена покасно да им се приклучат на соиграчите.

Сега се поставува прашањето кога Ристиќ првпат ќе го облече дресот на својот нов клуб.

„Во Дубаи остануваме до 22 јануари, а првиот контролен меч ќе го имаме на 20 јануари против украинскиот клуб Металист Харков. Тогаш ќе го имам своето неофицијално деби за Бунјодкор. Потоа се враќаме три дена во Ташкент, каде со бразилецот Денилсон ќе имаме официјално претставување пред новинарите, и повторно продолжуваме со подготовките во Дубаи“, рапортираше напаѓачот.

Поранешниот напаѓач на Силекс конечно ги разреши сите дилеми кои биле мотивите да потпише договор вреден два милиони долари во узбекистанскиот клуб.

„Многумина сметаа дека трансферот во Бунјодкор е чекор назад во мојата кариера, но јас не се сложувам со тоа. Во овој момент тврдам дека мојот нов клуб е најквалитетниот тим во Азија и главен фаворит за освојување на азиската лига на шампиони.“

„Некои мислат дека узбекистанското првенство е неквалитетно, но и тоа ќе го демантирам, бидејќи лани два четвртфиналисти во азиската ЛШ беа од Узбекистан. Дополнителен мотив ми беше „ѕвезденото" друштво во тимот, бидејќи е привилегија да се настапува рамо до рамо со Ривалдо и Денилсон, а под тренерска палка на врвен светски стратег. И на крај, секако дека финасиската понуда беше нешто што не се одбива“, заклучи Ристиќ.
 
Не знам дали некој ја има поставено оваа вест.

Mладиот крилен напаѓач на Аргетинскиот тим Ланус, Едуардо Салвио премина во тимот на Атлетико Мадрид за 8 милиони евра.Претходно Атлетико го ангажира на 6 месечна позајмица играчот на Јувентус , Тијаго.

http://www.sportski.mk/statija/3379
 
Бесарт Ибраими потпиша за Шалке!


ibraimi-salke.jpg


Бесарт Ибраими потпиша договор со Шалке, нашиот репрезентативец и довчерашен фудбалер на Ренова, до 2013 година ќе го носи дресот на германскиот гигант.
Одлични вести од Германија, Бесарт Ибраими од Ренова се сели во Шалке 04! Ибраими кој беше прогласен за фудбалер на годината во нашата Прва лига, денеска потпиша договор со Шалке 04 до 30ти јуни 2013 година.
"Се надеваме дека тој ќе ни донесе повеќе радост, тој е перспективно засилување" - изјави тренерот на Шалке, Феликс Магат за официјалниот сајт на клубот.
Ибраими има само 23 години и е голема перспектива на македонскиот фудбал.
 
За потсетување, само ОФИЦИЈАЛИЗИРАНИ трансфери пишувајте во темата, секакви шпекулации и најверојатни понуди, во соодветната тема. Продолжете со трансферите. :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom