Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Наречи ме дрво за политика и судски одлуки и спогодби и сл, ама не ми е јасно зошто не треба да ги прекинеме преговорите !? Нели имавме спогодба, ја прекршија, ја осуди Хаг дека ја прекршиле и сеа пак никому ништо !?
Не контам... јбг. :/
Од политички причини. Ако ги прекинеме ние преговорите, ќе не обвинат дека не сме конструктивни и дека и го вртиме грбот со тоа на ЕУ.
Лицемерие на тони. Друго јас и не очекувам од ЕУ.
Не барај логика тука. Значи Судот ја прогласи Грција за виновна за попречување и при тоа користеше аргументи дека тие се однесувале несериозно кон спогодбата. Спогодбата сеуште важи. Ние, како што констатира судот (сем во еден изолиран случај во 2004) сме се придржувале до спогодбата. Нашава дипломатија, со помош на америчката и британската нормално, ќе врши притисок врз Грција да прекинат да не блокираат во НАТО. Лицемерно би било да бараме од Грција да ја испочитува спогодбата, доколку ние ја напуштиме.
. За најмногу 1 година со сите овие предлози и "трубење" на нашата влада како ние сме ептен конструктивни, можеме да добиеме покана за членство во НАТО. Откако ќе влеземе во НАТО можеме да правиме што сакаме, можеме да поднесеме барање до Советот на ОН, за признавање под нашето уставно име, можеме да ги прекинеме преговорите и сл. О том, потом