Одлуката на Меѓународниот суд за правда по повод тужбата на Македонија против Грција (општа тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Наречи ме дрво за политика и судски одлуки и спогодби и сл, ама не ми е јасно зошто не треба да ги прекинеме преговорите !? Нели имавме спогодба, ја прекршија, ја осуди Хаг дека ја прекршиле и сеа пак никому ништо !?

Не контам... јбг. :/

Од политички причини. Ако ги прекинеме ние преговорите, ќе не обвинат дека не сме конструктивни и дека и го вртиме грбот со тоа на ЕУ.

Лицемерие на тони. Друго јас и не очекувам од ЕУ.
 
Наречи ме дрво за политика и судски одлуки и спогодби и сл, ама не ми е јасно зошто не треба да ги прекинеме преговорите !? Нели имавме спогодба, ја прекршија, ја осуди Хаг дека ја прекршиле и сеа пак никому ништо !?

Не контам... јбг. :/
Политика. :) Не барај логика тука. Значи Судот ја прогласи Грција за виновна за попречување и при тоа користеше аргументи дека тие се однесувале несериозно кон спогодбата. Спогодбата сеуште важи. Ние, како што констатира судот (сем во еден изолиран случај во 2004) сме се придржувале до спогодбата. Нашава дипломатија, со помош на америчката и британската нормално, ќе врши притисок врз Грција да прекинат да не блокираат во НАТО. Лицемерно би било да бараме од Грција да ја испочитува спогодбата, доколку ние ја напуштиме.

Дали ќе влеземе во НАТО најмногу ќе зависи од силината на притисокот на американската дипломатија. Јас сум умерен оптимист, ама не би се кладел.
 
Наречи ме дрво за политика и судски одлуки и спогодби и сл, ама не ми е јасно зошто не треба да ги прекинеме преговорите !? Нели имавме спогодба, ја прекршија, ја осуди Хаг дека ја прекршиле и сеа пак никому ништо !?

Не контам... јбг. :/
Сега можеме да си "играме" со Грците. Ќе глумиме "ангели", ќе понудиме да се потпише некаков договор со што ќе се обврземе ние и грците да го решиме спорот за некои 2-3 години.
Така ние ќе сме најконструктивни на цел свет;). За најмногу 1 година со сите овие предлози и "трубење" на нашата влада како ние сме ептен конструктивни, можеме да добиеме покана за членство во НАТО. Откако ќе влеземе во НАТО можеме да правиме што сакаме, можеме да поднесеме барање до Советот на ОН, за признавање под нашето уставно име, можеме да ги прекинеме преговорите и сл. О том, потом ;)
Се надевам дека ме разбра.
 
Судот и да наложи нема механизми да обезбеди извршување на наложеното, ама прекршувањето на начелото на добра волја и неисполнувањето на обврските од страна на Грција се доволни за ништење/рушење на договорот. Бидејќи сме член во ОН под кратенката БЈРМ, можеме да покренеме барање за промена на името т.е. рефренцата под која сме примени и да се користи Уставното име Република Македонија. Доколку помине ова истата замена ќе може да се случи и во другите организации каде сме члнка, а се користи референцата.(ОК ова е доста поедноставено, ама во принцип така му оди тоа)
Е сега за ЕУ ќе одмараме бајаги време, ако се случи ова, Грција е постоечка членка и може да не блокира како сака, колку и да и "пискаат" од страна пак повеќе од нас је сакаат, а пак за НАТО таму ќе видиме како ќе се распоредат силите, ама пак не изгледа баш најсјајно, иако е поверојатно од ЕУ.
 
Можеме да ја тужиме за некаква оштета (економска) со нашето блокирање во ЕУ?
 
Уште едно тапшање по рамо. Ништо немаме со пресудата, освен лична сатисфакција и зголемување на тензиите со Грција
--- надополнето: Dec 5, 2011 11:17 AM ---

За Нато не блокираа, за ЕУ уште не стигнале :)
 
Многу тешко. Треба да обезбедиме непобитни докази дека влезот во НАТО ќе ни донесел економска корист и дека другите НАТО членки ќе се согласеле на прием. Вакви докази мислам дека не може да обезбеди никој.
 
Уште едно тапшање по рамо. Ништо немаме со пресудата, освен лична сатисфакција и зголемување на тензиите со Грција
--- надополнето: Dec 5, 2011 11:17 AM ---

За Нато не блокираа, за ЕУ уште не стигнале :)

За Еу со раширени раце не чекаат :))) Туку чим Хаг денес потврди дека они не блокирале, дали правно може да се извлече економска оштета, бидејќи ние со блокадата изгубивме многу пари.
 
Сега можеме да си "играме" со Грците. Ќе глумиме "ангели", ќе понудиме да се потпише некаков договор со што ќе се обврземе ние и грците да го решиме спорот за некои 2-3 години.
Така ние ќе сме најконструктивни на цел свет;). За најмногу 1 година со сите овие предлози и "трубење" на нашата влада како ние сме ептен конструктивни, можеме да добиеме покана за членство во НАТО. Откако ќе влеземе во НАТО можеме да правиме што сакаме, можеме да поднесеме барање до Советот на ОН, за признавање под нашето уставно име, можеме да ги прекинеме преговорите и сл. О том, потом ;)
Се надевам дека ме разбра.

Те разбрав. :)
--- надополнето: Dec 5, 2011 11:22 AM ---
Можеме да ја тужиме за некаква оштета (економска) со нашето блокирање во ЕУ?

Најверојатно портокали, оти пари немаат. ;)
 
Можеме да ја тужиме за некаква оштета (економска) со нашето блокирање во ЕУ?

За во НАТО можеме. За ЕУ не сум сигурна, но со оглед на тоа дека три години добиваме препорака, а не и датум, и тоа е еден вид на штета. Сепак не можам да тврдам со сигурност. Ама за НАТО можеме. 100 посто. Зашто директно не добивме покана заради нив.
 
Незнам како ќе играт нашите политичари, но штом договорот од 1995 има морални а не обврзувачки карактер, тогаш треба Македонија да биде неморална и да не го почитува истиот договор, следствено да го вратиме знамето и да побараме признавање во ОН под уставното име.
А шо вика леандра не е лошо малку и економските аспекти да се разгледат.
 
Сега можеме да си "играме" со Грците. Ќе глумиме "ангели", ќе понудиме да се потпише некаков договор со што ќе се обврземе ние и грците да го решиме спорот за некои 2-3 години.
Така ние ќе сме најконструктивни на цел свет;). За најмногу 1 година со сите овие предлози и "трубење" на нашата влада како ние сме ептен конструктивни, можеме да добиеме покана за членство во НАТО. Откако ќе влеземе во НАТО можеме да правиме што сакаме, можеме да поднесеме барање до Советот на ОН, за признавање под нашето уставно име, можеме да ги прекинеме преговорите и сл. О том, потом ;)
Се надевам дека ме разбра.
Mоже да влеземе во НАТО ама со уставни измени на името во Северна Макаронија и потпшан договор за ЕРГООМЕНС. После може само да се сликаме.
--- надополнето: Dec 5, 2011 11:27 AM ---
Незнам како ќе играт нашите политичари, но штом договорот од 1995 има морални а не обврзувачки карактер, тогаш треба Македонија да биде неморална и да не го почитува истиот договор, следствено да го вратиме знамето и да побараме признавање во ОН под уставното име.
А шо вика леандра не е лошо малку и економските аспекти да се разгледат.
Знамето никогаш нема да може да се врати бидејќи треба уставни измени а за тоа треба гласови од Бадинтер Шипците никад нема да се согласат за тоа.
 
Судот во Хаг нема потреба да и наложи на Грција во иднина да не не блокира затоа што постои генерално правило според кое држава чиј акт е осуден од судот, нема да го повтори истиот акт во иднина.
Според статутот на Меѓународниот суд, тој само индиректно ги врзува страните да ги почитуваат пресудите.
Штом пресудата е во наша корист, единствена реална добивка е што таа одлука е конечна и што нема жалби, апелација и ревизија.
Тоа практично значи дека судот очекува Грција да не го повтори лошото поведение. Со самиот факт дека судот пресудил дека Грција ја прекршила времената спогодба, судот очекува таа да не го повтори истото ‘‘дело‘‘
 
Судот и да наложи нема механизми да обезбеди извршување на наложеното, ама прекршувањето на начелото на добра волја и неисполнувањето на обврските од страна на Грција се доволни за ништење/рушење на договорот. Бидејќи сме член во ОН под кратенката БЈРМ, можеме да покренеме барање за промена на името т.е. рефренцата под која сме примени и да се користи Уставното име Република Македонија. Доколку помине ова истата замена ќе може да се случи и во другите организации каде сме члнка, а се користи референцата.(ОК ова е доста поедноставено, ама во принцип така му оди тоа)
Е сега за ЕУ ќе одмараме бајаги време, ако се случи ова, Грција е постоечка членка и може да не блокира како сака, колку и да и "пискаат" од страна пак повеќе од нас је сакаат, а пак за НАТО таму ќе видиме како ќе се распоредат силите, ама пак не изгледа баш најсјајно, иако е поверојатно од ЕУ.
Без разлика што нема механизми, Судот требаше да реши по сите барања праведно. Не прифаќам(!) само затоа што нема механизам за присилно извршување одлуки, да биде одбиено нашето трето барање, кога со самото прифаќање на второто се подразбира и третото. И образложението дека имаме сатисфакција од второто, па затоа не ни се прифаќа третото е ништо друго сем политика (политичко балансирање).
За останатото не би коментирала, зошто уште не сме решиле да ја напуштиме спогодбата. Тврдењето на Грција дека ставила вето заради наше прекршување на спогодбата судот го одби, значи да не си правиме сами сопки, без разлика што би можеле да ја напуштиме спогодбата, не е работава сега за излетување, потребни се паметни тактички потези .
 
Можеме да ја тужиме за некаква оштета (економска) со нашето блокирање во ЕУ?

Не само блокирање во ЕУ туку оштета поради ембаргото кое во овој случај не е повеќе релевантно. Оштета поради постојаното затварање на границите. Оштета поради затварањето на пристаништето. Оштета поради малтретирање на македонски државани. Оштета поради барање на посебни визи или листови за влез во Гејлада иако е дел од шенгенската зона , и тн. и тн.
За имотите да не зборуваме...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom