... женската одбојкарска репрезентација на Македонија и Хрватска одиграле натпревар во рамки на Европската лига 2026, на 19 јуни 2026 година, при што Хрватска славеше победа со максимални 3:0 во сетови (25:15, 25:12, 25:15).
...иако хрватската екипа и по возраст и по висина на одбојкарките и по искуство, каде каде беа пред нашите одбојкарки, сепак да им дадеме признание дека не се предадоа пред многу посилната хрватска екипа, дури имаше и квалитетни поентирања.
...судии од Грција и Албанија, а се играше на жал во полупразна спортска сала на ,,Б.Трајковски" со таму ваму некој навивач и по некое македонско знаме, но сепак ехото во салата даваше дојам на отсуство на публика и празнина на седиштата.
...хрватските одбојкарки насмеани и расположени до една ја испеале хрватската химна,
...нашите одбојкарки сериозни и загрижени од посилниот противник сепак си ја испеја македонската химна,
...освен одбојкарката со дрес број 10 со наведнат поглед и затворена уста,
...можеби и најубава на натпреварот, ама да не ја испее химната во држава каде живее богами и наведнат поглед, зашто не би навијачи од албанскиот етникум да навиваат барем за својот преставник во репрезентацијата и да бидат присутни во салата во публика, така ли се гради соживот?
... исто и одбојкарката со број 3 на дресот со муцето стиснато на пеењето на македонската химна, зашто бе чупиња играте за македонска репрезентација ако сте вака стиснати и уплашени од македонска химна, ептен забележително беше!