Одбојка

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
...да го обележам и Европско првенство во одбојка за жени 2926 CEV EuroVolley 2026 кое се одржува од 21.08.до 06.09 2026 год во четири држави домаќини Турција, Чешка, Азербејџан и Шведска, а учествуваат 24 репрезентации, а полуфинале и финале ќе се игра во Истанбул, Турција.

260747_serbia-netherland-35_kf.jpeg

...го гледав натпреварот меѓу Србија и Бугарија, каде Србија доминираше и по игра и по дисциплина и по височина и убавина.

c7d77234-e96c-453e-b6d6-fbc885475bd3.jpg

...да му е мерак на гледачот да ужива гледајќи добра одбојка, но и елегантни одбојкарки, силни, прецизни во игра, без грешка во игра, убави со женствени складни облини, кукли во фаците, нема збор најубава нација.

IMG_20260825_204206.jpg
58095_klinke_f.jpg

Група Б

IMG_20260825_203131.jpg
 
Последно уредено:
Се издвојуваат по квалитетот и широката ротација на клупата домаќинот и актуелен бранител на титулата Турција и Италија.
Изненадување ќе биде ако тие не играат во финалето, сега како ќе се погоди ждрепката и дали тие двете репрезентации ќе избегнат пресметка пред финалето е тоа не знам.
Овие две репрезентации играат борбено и по секоја топка се фрлаат пожртвувано, е тоа недостасува кај останатите репрезентации.
Кај Италија повеќе на позиција либеро ја нема Моника де Џенаро ( нејзин сопруг Даниеле Сантарели е тренер на Турција) и затоа за ситна нијанса можеби е Турција пред Италија за златото 51% - 49%.

Србија е тука некаде, имаат одредено подмладување на репрезентацијата, во процес на транзиција е играчки тимот.
Зошто на позиција техничар форсираат со Маја Огненовиќ од 42 години возраст е мистерија.
Ја нема за ова ЕП Бојана Дрча на позиција техничар, тоа е грешка, треба таа да е иднината на позиција техничар.
Резервата Слаѓана Мирковиќ не е баш идеален техничар за прва постава во иднина.
Ги нема на ова првенство искусната и енергична Катарина Миленковиќ ( лани склучи брак и има уште едно презиме) таа на изминатите турнири имаше извонредна улога со борбеноста на терен.
Ја нема и Бјанка Буша ( и таа има друго презиме после бракот) а овие двете немаат уште 30 години и имаат што да покажат, но можеби имаат приватни планови и обврски со семејствата.

Мене Србија во женска одбојка моментално ме потсетува на Новак Ѓоковиќ, тука се некаде со квалитетот ама сепак се зад Италија и Турција како Ѓоковиќ што е зад Алкараз и Синер во тенисот.
И Србија можеби би можела да најде енергија, сила и мотивација едната од овие двете од Италија и Турција да победи ама тешко и двете репрезентации да успее да ги победи, а можно е Србија да треба со тие две репрезентации да игра прво полуфинале и финале а по квалитет на сите позиции Италија и Турција се покомплетни од Србија.
Како и Ѓоковиќ успеа на Австралија опен во полуфинале да го победи Синер но во финалето немаше доволно сила против Алкараз.
Така и во женската одбојка Србија веројатно нема да може два пати за ред во полуфинале и финале да ги добие и Италија и Турција.
 
Србија е тука некаде, имаат одредено подмладување на репрезентацијата, во процес на транзиција е играчки тимот.
Зошто на позиција техничар форсираат со Маја Огненовиќ од 42 години возраст е мистерија.
Ја нема за ова ЕП Бојана Дрча на позиција техничар, тоа е грешка, треба таа да е иднината на позиција техничар.
Резервата Слаѓана Мирковиќ не е баш идеален техничар за прва постава во иднина.
Ги нема на ова првенство искусната и енергична Катарина Миленковиќ ( лани склучи брак и има уште едно презиме) таа на изминатите турнири имаше извонредна улога со борбеноста на терен.
Ја нема и Бјанка Буша ( и таа има друго презиме после бракот) а овие двете немаат уште 30 години и имаат што да покажат, но можеби имаат приватни планови и обврски со семејствата.

Да не мислиш Бојана Миленковиќ?

Проблем им е и Маја Алексиќ шо ја немаат ко блокер , но до сега малата Куртагич многу добро игра и е топ замена. И онаа Узелац полн погодок и ко коректор е супер. Чим се со Терзиќ не би ги отпишал , а и ждребот им е наклонет бидејќи ако оди све според очекувањата Италија - Турција полуфинале. Полска може многу да се замеша , прво ако им ја земе првата позиција на Турција во групата, а друго и да не бидат први потенцијално одат во 1/4 финале со Холандија. Вчера ги заглеав и онаа Стисиак 2 и кусур метра каков бомбардер, ќе им праи проблеми.

Ако нема изненадувања вака треба да изгледаат 1/4 финалињата :

Турција - Белгија/Азербејџан
Италија - Чешка
Холандија - Полска
Србија - Франција

Работите ќе се изпомешаат ако се најде Полска прва во група А или можда Германија втора , а Полска трета.
И групата Ц ако Белгија ја добие Холандија.
А и Шведска и Азербејџан ко домаќини кој ги знае може подобра позиција да фатат. Не знам Франција во споредба со Шведска колку е разликата.
 
... само да го одбележам женскиот одбојкарски натпревар помеѓу Србија : Грција, глатко 3:0 за лепотиците! :bravobe:

IriniXatzi-scaled.jpg

... морам да забележам,
дека Марθα Ανθούλη или Марта Антули (дрес 91) во грчката репрезентација има многу впечатлив и специфичен алтернативен изглед кој веднаш се забележува на теренот, не само нејзина височина како женско 202 см, таа има целосен „blackout“ ракав (sleeve), каде што речиси целата лева рака е покриена со густо црно мастило, мислиш џигер тепана, за ногата ич да не коментирам, додека на лицето има пирсинг на устата (лабрет или септум блиску до усните), носот и повеќе пирсинзи на ушите (како индустријал или хеликс).

images.jpgгј.jpg
images.jpgгхн.jpg5290157-scaled.jpg

... а колку убава девојка беше (дрес 6), сега (дрес 91) изгледа повеќе од страшно на терен поради овие нејзини невкусни промени што не е карактеристично за одбојкарка спортиска!
 
Последно уредено:
Да не мислиш Бојана Миленковиќ?

Проблем им е и Маја Алексиќ шо ја немаат ко блокер , но до сега малата Куртагич многу добро игра и е топ замена. И онаа Узелац полн погодок и ко коректор е супер. Чим се со Терзиќ не би ги отпишал , а и ждребот им е наклонет бидејќи ако оди све според очекувањата Италија - Турција полуфинале. Полска може многу да се замеша , прво ако им ја земе првата позиција на Турција во групата, а друго и да не бидат први потенцијално одат во 1/4 финале со Холандија. Вчера ги заглеав и онаа Стисиак 2 и кусур метра каков бомбардер, ќе им праи проблеми.

Ако нема изненадувања вака треба да изгледаат 1/4 финалињата :

Турција - Белгија/Азербејџан
Италија - Чешка
Холандија - Полска
Србија - Франција

Работите ќе се изпомешаат ако се најде Полска прва во група А или можда Германија втора , а Полска трета.
И групата Ц ако Белгија ја добие Холандија.
А и Шведска и Азербејџан ко домаќини кој ги знае може подобра позиција да фатат. Не знам Франција во споредба со Шведска колку е разликата.

Супер е ако така биде ждребот и да играат во полуфинале меѓусебе Турција и Италија, и по можност да се цедат во долги пет сетови.
А Србија со ваков ждреб ќе стигне до финалето а таму може ќе имаат добра игра во финалето.
Магдалена Стисиак е добар играч ама немаат во Полска долга ротација на играчи.

Катарина Лазовиќ Дангубиќ, на таа Катарина мислев во мојот коментар.
Има таа 26 години, донесуваше енергија и пожртвуваност на теренот на претходните првенства.
Ама сега најдов дека имала тешка повреда на лигаментите на лево колено и правела операција во месец Мај, и подоцна со штаки се појавила во месец Јуни во Белградската арена да гледа кошарка.

А другата одбојкарка е Бјанка Буша - Ристичевиќ, таа има 32 години и прашање е дали повеќе ќе игра за репрезентацијата.

Немаат се уште адекватни напаѓачки замени за Бранкица Михајловиќ и за Милена Рашиќ, ех кога овие двете играа на противниците им беше потешко да ја читаат играта на Србија бидејќи беа разновидни акциите.
Сега е големо оптоварување во нападот премногу топки одат за Тијана Бошковиќ и полесно е на противниците да подготват одбрана и блок.
 
Vcera Germanija i Italija odigraa rekorden set vo istorijata na odbojkata.
66:64 za Germanija vo prviot set, posle saat ipol igra.
 
Супер е ако така биде ждребот и да играат во полуфинале меѓусебе Турција и Италија, и по можност да се цедат во долги пет сетови.
А Србија со ваков ждреб ќе стигне до финалето а таму може ќе имаат добра игра во финалето.
Магдалена Стисиак е добар играч ама немаат во Полска долга ротација на играчи.

Катарина Лазовиќ Дангубиќ, на таа Катарина мислев во мојот коментар.
Има таа 26 години, донесуваше енергија и пожртвуваност на теренот на претходните првенства.
Ама сега најдов дека имала тешка повреда на лигаментите на лево колено и правела операција во месец Мај, и подоцна со штаки се појавила во месец Јуни во Белградската арена да гледа кошарка.

А другата одбојкарка е Бјанка Буша - Ристичевиќ, таа има 32 години и прашање е дали повеќе ќе игра за репрезентацијата.

Немаат се уште адекватни напаѓачки замени за Бранкица Михајловиќ и за Милена Рашиќ, ех кога овие двете играа на противниците им беше потешко да ја читаат играта на Србија бидејќи беа разновидни акциите.
Сега е големо оптоварување во нападот премногу топки одат за Тијана Бошковиќ и полесно е на противниците да подготват одбрана и блок.

Глуп сум , земав да се информирам од Википедија. Србија и Италија потенцијално 1/2 финале. На Турција остануваат репрезентации како Холандија,Белгија и Полска. Еве со Полска играат сега и во вториов сет ми се допаѓа како се држат пољакињите. Некако ми личи дека Полска е таа 4та репрезентација што може да направи проблеми.
 
Да, видов дека Србија вкрстува со Италија во потенцијално 1/2 финале.
Италија има 9-1 скор против Србија во последни 10 натпревари.
Тоа почна од финалето на ЕП во одбојка во 2021 година во Белград кога Италија победи со 3-1 во сетови, и тоа беше последен натпревар за репрезентацијата за Милена Рашиќ, извонредна одбојкарка.
После се повлече и Зоран Терзиќ, па се врати годинава е повторно селектор.

99% финале Италија - Турција според ждребот.
Домаќински полесна ждрепка за Турција.
 
Полека со прогнозата, моќно делуваат Полска. И тренеров знае што прави и ротацијата им вроди со плод. Шчуровска не е нормална што прави , реваншот има да биде исто многу добар и неизвесен.
 
Мене ми е тотално за никаде ова во одбојката со ждрепката која е очигледно ,, наштимана''.
И на ЕП 2021 во Србија одиграно првенството, и тогаш ,, случајно'' се погоди домаќинот Србија се до финале да ги избегне Италија и Турција, во тоа првенство во полуфинале Србија играше со Холандија а во другото полуфинале играа Италија и Турција, ама џабе во финалето Италија победи против Србија.
И сега ете ,, магично '' домаќинот се до финале ќе ги избегне Италија и Србија а овие двете ќе играат меѓусебно полуфинале.

Во кошарката кога има ЕП и СП, не е до толку провидно наместен ждребот.
Пример е СП во кошарка 2010 година, Шпанија киксна еден меч во групна фаза и за да ги избегнеа САД се до финалето мораа да намерно изгубат уште еден меч и да бидат 4 во групата, секако намерно загубија, но во 1/4 финале налетаа на Србија и епската тројка на Милош Теодосиќ преку Хорхе Гарбахоса и испаднаа.
А овде во одбојкава Турција кое и да освоеше место во групата од 1 до 4 место во старт им е сигурно дека се до финале нема да играат против Италија или Србија.
Премногу провидно наместено.
И зошто кога веќе играа во група со Полска, треба до финале да не можат пак со Полска, ама ете во полуфинале пак би играле со Полска, кога е наместено да не играат со Италија или Србија.
Да можни се изненадувања во спортот, ама два пати за ред Полска ја нема победено Турција повеќе од 10 години.
Сантарели ќе направи анализи за вчерашниот пораз и секако ќе направи прилагодувања.

Сепак на последните две ЕП, титулата ја освојуваше репрезентацијата која имаше потежок пат до финалето, во 2021 полуфинале играа Италија и Турција и потоа Италија во финале ја победи Србија.
Во 2023 полуфинале играа Турција и Италија и потоа Турција во финале ја победи Србија.
Сега 99 % ќе играат меѓусебно полуфинале Италија : Србија, Италија има 9-1 во последни 10 меча со Србија и играат фантастично под водство на Хулио Веласко.
Јас и Хулио Веласко сме родени на ист ден и ист месец, само годината на раѓање ни е различна. :)
 
На секоја низа и доаѓа крајот кога тогаш, така ќе биде случај и сега. Верувам во Полска и Србија, треба да добие Европа нов првак. Иако да бидеме искрени по 2017 и 2019 единствена желба на србите била да ги видат како го креваат пехарот пред нив , тешко е да се одбрани првенство еднаш ,а не па повеќе од два пати.
 
Мене ми е тотално за никаде ова во одбојката со ждрепката која е очигледно ,, наштимана''.
И на ЕП 2021 во Србија одиграно првенството, и тогаш ,, случајно'' се погоди домаќинот Србија се до финале да ги избегне Италија и Турција, во тоа првенство во полуфинале Србија играше со Холандија а во другото полуфинале играа Италија и Турција, ама џабе во финалето Италија победи против Србија.
И сега ете ,, магично '' домаќинот се до финале ќе ги избегне Италија и Србија а овие двете ќе играат меѓусебно полуфинале.

Во кошарката кога има ЕП и СП, не е до толку провидно наместен ждребот.
Пример е СП во кошарка 2010 година, Шпанија киксна еден меч во групна фаза и за да ги избегнеа САД се до финалето мораа да намерно изгубат уште еден меч и да бидат 4 во групата, секако намерно загубија, но во 1/4 финале налетаа на Србија и епската тројка на Милош Теодосиќ преку Хорхе Гарбахоса и испаднаа.
А овде во одбојкава Турција кое и да освоеше место во групата од 1 до 4 место во старт им е сигурно дека се до финале нема да играат против Италија или Србија.
Премногу провидно наместено.
И зошто кога веќе играа во група со Полска, треба до финале да не можат пак со Полска, ама ете во полуфинале пак би играле со Полска, кога е наместено да не играат со Италија или Србија.
Да можни се изненадувања во спортот, ама два пати за ред Полска ја нема победено Турција повеќе од 10 години.
Сантарели ќе направи анализи за вчерашниот пораз и секако ќе направи прилагодувања.

Сепак на последните две ЕП, титулата ја освојуваше репрезентацијата која имаше потежок пат до финалето, во 2021 полуфинале играа Италија и Турција и потоа Италија во финале ја победи Србија.
Во 2023 полуфинале играа Турција и Италија и потоа Турција во финале ја победи Србија.
Сега 99 % ќе играат меѓусебно полуфинале Италија : Србија, Италија има 9-1 во последни 10 меча со Србија и играат фантастично под водство на Хулио Веласко.
Јас и Хулио Веласко сме родени на ист ден и ист месец, само годината на раѓање ни е различна. :)

Не ми се верува :pos:
Страната им е праисториска на CEV и е многу нејасно кој со кого сврзува, а треба да биде најточна и најофицијална. И сега отворив пак да ѕирнам на флеш скор , работите сменети и ждребот е ист како што видов првично на Википедија.
Италија нема да игра со Србија во 1/2 финале , иако тоа што го сфатив на страната на CEV победникот од Италија - Бугарија иде на победникот Србија - Грција. И да видам за Турција што како , за нив нема буквално ништо. Дури ни за 1/8 финале кога играат ,иако познато е преку флеш скор и време и ден.
Сеа ептен не знам дали и Википедија и флеш скор ја промашуваат работата или пак јас не можам да најдам кај е костурот. Премногу лошо за првенство и спорт кој е доста интересен за гледање. Популарноста секогаш ќе му биде дискутабилна.

Ако успееш да најдеш официјално кој со кого сврзува , пушти.
 
Back
На врв Bottom