Одбојка

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
...да го обележам и Европско првенство во одбојка за жени 2926 CEV EuroVolley 2026 кое се одржува од 21.08.до 06.09 2026 год во четири држави домаќини Турција, Чешка, Азербејџан и Шведска, а учествуваат 24 репрезентации, а полуфинале и финале ќе се игра во Истанбул, Турција.

260747_serbia-netherland-35_kf.jpeg

...го гледав натпреварот меѓу Србија и Бугарија, каде Србија доминираше и по игра и по дисциплина и по височина и убавина.

c7d77234-e96c-453e-b6d6-fbc885475bd3.jpg

...да му е мерак на гледачот да ужива гледајќи добра одбојка, но и елегантни одбојкарки, силни, прецизни во игра, без грешка во игра, убави со женствени складни облини, кукли во фаците, нема збор најубава нација.

IMG_20260825_204206.jpg
58095_klinke_f.jpg

Група Б

IMG_20260825_203131.jpg
 
Последно уредено:
Се издвојуваат по квалитетот и широката ротација на клупата домаќинот и актуелен бранител на титулата Турција и Италија.
Изненадување ќе биде ако тие не играат во финалето, сега како ќе се погоди ждрепката и дали тие двете репрезентации ќе избегнат пресметка пред финалето е тоа не знам.
Овие две репрезентации играат борбено и по секоја топка се фрлаат пожртвувано, е тоа недостасува кај останатите репрезентации.
Кај Италија повеќе на позиција либеро ја нема Моника де Џенаро ( нејзин сопруг Даниеле Сантарели е тренер на Турција) и затоа за ситна нијанса можеби е Турција пред Италија за златото 51% - 49%.

Србија е тука некаде, имаат одредено подмладување на репрезентацијата, во процес на транзиција е играчки тимот.
Зошто на позиција техничар форсираат со Маја Огненовиќ од 42 години возраст е мистерија.
Ја нема за ова ЕП Бојана Дрча на позиција техничар, тоа е грешка, треба таа да е иднината на позиција техничар.
Резервата Слаѓана Мирковиќ не е баш идеален техничар за прва постава во иднина.
Ги нема на ова првенство искусната и енергична Катарина Миленковиќ ( лани склучи брак и има уште едно презиме) таа на изминатите турнири имаше извонредна улога со борбеноста на терен.
Ја нема и Бјанка Буша ( и таа има друго презиме после бракот) а овие двете немаат уште 30 години и имаат што да покажат, но можеби имаат приватни планови и обврски со семејствата.

Мене Србија во женска одбојка моментално ме потсетува на Новак Ѓоковиќ, тука се некаде со квалитетот ама сепак се зад Италија и Турција како Ѓоковиќ што е зад Алкараз и Синер во тенисот.
И Србија можеби би можела да најде енергија, сила и мотивација едната од овие двете од Италија и Турција да победи ама тешко и двете репрезентации да успее да ги победи, а можно е Србија да треба со тие две репрезентации да игра прво полуфинале и финале а по квалитет на сите позиции Италија и Турција се покомплетни од Србија.
Како и Ѓоковиќ успеа на Австралија опен во полуфинале да го победи Синер но во финалето немаше доволно сила против Алкараз.
Така и во женската одбојка Србија веројатно нема да може два пати за ред во полуфинале и финале да ги добие и Италија и Турција.
 
Србија е тука некаде, имаат одредено подмладување на репрезентацијата, во процес на транзиција е играчки тимот.
Зошто на позиција техничар форсираат со Маја Огненовиќ од 42 години возраст е мистерија.
Ја нема за ова ЕП Бојана Дрча на позиција техничар, тоа е грешка, треба таа да е иднината на позиција техничар.
Резервата Слаѓана Мирковиќ не е баш идеален техничар за прва постава во иднина.
Ги нема на ова првенство искусната и енергична Катарина Миленковиќ ( лани склучи брак и има уште едно презиме) таа на изминатите турнири имаше извонредна улога со борбеноста на терен.
Ја нема и Бјанка Буша ( и таа има друго презиме после бракот) а овие двете немаат уште 30 години и имаат што да покажат, но можеби имаат приватни планови и обврски со семејствата.

Да не мислиш Бојана Миленковиќ?

Проблем им е и Маја Алексиќ шо ја немаат ко блокер , но до сега малата Куртагич многу добро игра и е топ замена. И онаа Узелац полн погодок и ко коректор е супер. Чим се со Терзиќ не би ги отпишал , а и ждребот им е наклонет бидејќи ако оди све според очекувањата Италија - Турција полуфинале. Полска може многу да се замеша , прво ако им ја земе првата позиција на Турција во групата, а друго и да не бидат први потенцијално одат во 1/4 финале со Холандија. Вчера ги заглеав и онаа Стисиак 2 и кусур метра каков бомбардер, ќе им праи проблеми.

Ако нема изненадувања вака треба да изгледаат 1/4 финалињата :

Турција - Белгија/Азербејџан
Италија - Чешка
Холандија - Полска
Србија - Франција

Работите ќе се изпомешаат ако се најде Полска прва во група А или можда Германија втора , а Полска трета.
И групата Ц ако Белгија ја добие Холандија.
А и Шведска и Азербејџан ко домаќини кој ги знае може подобра позиција да фатат. Не знам Франција во споредба со Шведска колку е разликата.
 
... само да го одбележам женскиот одбојкарски натпревар помеѓу Србија : Грција, глатко 3:0 за лепотиците! :bravobe:


IriniXatzi-scaled.jpg

... морам да забележам,
дека Марθα Ανθούλη или Марта Антули (дрес 91) во грчката репрезентација има многу впечатлив и специфичен алтернативен изглед кој веднаш се забележува на теренот, не само нејзина височина како женско 202 см, таа има целосен „blackout“ ракав (sleeve), каде што речиси целата лева рака е покриена со густо црно мастило, мислиш џигер тепана, за ногата ич да не коментирам, додека на лицето има пирсинг на устата (лабрет или септум блиску до усните), носот и повеќе пирсинзи на ушите (како индустријал или хеликс).

images.jpgгј.jpg
images.jpgгхн.jpg5290157-scaled.jpg

... а колку убава девојка беше (дрес 6), сега (дрес 91) изгледа повеќе од страшно на терен поради овие нејзини невкусни промени што не е карактеристично за одбојкарка спортиска!
 
Последно уредено:
Да не мислиш Бојана Миленковиќ?

Проблем им е и Маја Алексиќ шо ја немаат ко блокер , но до сега малата Куртагич многу добро игра и е топ замена. И онаа Узелац полн погодок и ко коректор е супер. Чим се со Терзиќ не би ги отпишал , а и ждребот им е наклонет бидејќи ако оди све според очекувањата Италија - Турција полуфинале. Полска може многу да се замеша , прво ако им ја земе првата позиција на Турција во групата, а друго и да не бидат први потенцијално одат во 1/4 финале со Холандија. Вчера ги заглеав и онаа Стисиак 2 и кусур метра каков бомбардер, ќе им праи проблеми.

Ако нема изненадувања вака треба да изгледаат 1/4 финалињата :

Турција - Белгија/Азербејџан
Италија - Чешка
Холандија - Полска
Србија - Франција

Работите ќе се изпомешаат ако се најде Полска прва во група А или можда Германија втора , а Полска трета.
И групата Ц ако Белгија ја добие Холандија.
А и Шведска и Азербејџан ко домаќини кој ги знае може подобра позиција да фатат. Не знам Франција во споредба со Шведска колку е разликата.

Супер е ако така биде ждребот и да играат во полуфинале меѓусебе Турција и Италија, и по можност да се цедат во долги пет сетови.
А Србија со ваков ждреб ќе стигне до финалето а таму може ќе имаат добра игра во финалето.
Магдалена Стисиак е добар играч ама немаат во Полска долга ротација на играчи.

Катарина Лазовиќ Дангубиќ, на таа Катарина мислев во мојот коментар.
Има таа 26 години, донесуваше енергија и пожртвуваност на теренот на претходните првенства.
Ама сега најдов дека имала тешка повреда на лигаментите на лево колено и правела операција во месец Мај, и подоцна со штаки се појавила во месец Јуни во Белградската арена да гледа кошарка.

А другата одбојкарка е Бјанка Буша - Ристичевиќ, таа има 32 години и прашање е дали повеќе ќе игра за репрезентацијата.

Немаат се уште адекватни напаѓачки замени за Бранкица Михајловиќ и за Милена Рашиќ, ех кога овие двете играа на противниците им беше потешко да ја читаат играта на Србија бидејќи беа разновидни акциите.
Сега е големо оптоварување во нападот премногу топки одат за Тијана Бошковиќ и полесно е на противниците да подготват одбрана и блок.
 
Vcera Germanija i Italija odigraa rekorden set vo istorijata na odbojkata.
66:64 za Germanija vo prviot set, posle saat ipol igra.
 
Back
На врв Bottom