Од стареење. Од губење на саканите личности кои во секој момент ми пружаат љубов, поддршка, ми даваат до знаење дека да, јас го можам тоа! Дека јас сум силната ќерка, хероината, Мулан од цртичот, јас сум нивната луда ќерка што и покрај двете децении живот би се качила на креветот и би рипала на Хакуна Матата, емотивната Г, онаа која би плачела на Лајон Кинг со кутија сладолед во рака, онаа која би ги гледала со очите на Бамби кога ќе згреши, знае...не можат да и се налутат. Онаа на која отсекогаш и била дадена слобода и потполна доверба, и е она што е, благодарение на нивната љубов.
Страв ми е, се плашам. Не од брчките на моето лице, ниту пак од слабеењето на мојата мускулатура, едноставно...Премногу сме блиски.
Ах да, страв ми е и да верувам некому. Луѓето се ѓубриња, во моите очи се парталави..ма каква и гардероба да би носеле.