Добро, нормално сите се плашиме од смртта на нашите најблиски, болести итн...
Но она мене што најмногу ме плаши, ме иритира и
го мразам се оние Scary PopUp видеа што кружат низ интернетов. Или пак оние адресине што со еден клик директно те праќа кај жената од Fright Night филмот и ти зева со устата. Да незнае човек што да очекува да му е.еш мамата

. Многу пати имам паднато на оваа фора, последен пат тука на форумов во Серија А темата, кога ми беа слушалките пуштени до максимум... мислам дека следните три дена не пиев кафе заради тој Романистот што го постави линкот.
А првата дешавка со ваквите видеа (првото видео) ми беше негде пред 11 години кај другар ми (нормално). Ми пушташе некои клипови на компјутер, и ми вика "Пази читај го текстов, и види што ќе се случи со Стоунхеџ". И јас нормално копиљ, читаш, гледаш тоа камењата да не се распаднат, кога....

. Патос. Добро е што остана жив другарот.
Значи да заклучам, најмногу нешто што ме плаши, а вооедно го мразам од дното на душата се посраните PopUp видеа што кружат низ интернетов.
НАПОМЕНА!!!: НЕ ГИ ПУШТАЈТЕ ВИДЕАТА АКО ИМАТЕ СЛАБО СРЦЕ ИЛИ СТЕ ПОД 18 ГОДИНИ. НАМЕРНО ЌЕ БИДАТ СТАВЕНИ ВО СПОЈЛЕР