Од што имате фобија?

  • Креатор на темата Креатор на темата IsidoraD
  • Време на започнување Време на започнување
Jaс порано имав фобии од ракување со машини - шлајферица, моторна пила, циркулар, работа со струја...

Но со тек на време тие фобии исчезнаа. Денеска комотно можам да работам и со шлајферица и со моторна пила и со струја (ама колку да сменам фасонка, да сменам нов штек, прекидач, и да ставам на кабел утикач...

Сакам да кажам дека некои фобии не траат цел живот. После некој период исчезнуваат...
 
Имам фобија од едуцирани и филозофски настроени типови кои мислат дека све живо знаат и имаат уплив у секоја тема а не гледаат меѓусебно дека се оболени од катаракта што е нормално само по себе.Се ежам искрено...фобија е слаб збор за опишување.:shook:
 
Повеќето тука си пишувате кон што имате предрасуди, антипатии, и слично.

Имам фобија од лилјаци, е тоа нешто не го чепкам ни со 5 метра стап - ако по грешка влезе у стан, а знаат да улетаат, да се закачат на завеса, или да летаат у круг у сред соба, тогаш викам помош. Ни на тераса не седам летно време, кога прават осмици на два метра оддалеченост.
 
Последно уредено:
Не знам дали е фобија или не, не сум истражувал ама имам страв од мачки.Не можам да седам комотно у соба каде што има мачка без разлика дали е мала или од оние огромните дебели.Поготово кога ќе почне да ми се мотка меѓу нозе ме фаќа некое такво гадно чуство кое никогаш не сум го доживеал освен во такви ситуации.

Не знам од каде ми е овој страв, сум го доживеал прв пат уште како дете на некој 8,9 години кога одев кај едно дете од населба кое дома имаше 7,8 мачки.Секогаш ми беше непријатно кога поминував во дворот.

Друга случка со стравов или фобијава од мачките доживеав пред некој две години, некаде мај месец навечер бев сам дома и знам дека се спремав да испаднам и одам до фрижидерот до кујна кога гледам од терасата полека влегува мачка во кујната.Се посрав од страв дури и избегав у дневна и не испаднав некој 5 минути.Појма немам зошто го имам тоа и како може човек на тогашни 18 години да се крие од мачка.
Не се сметам себеси за некој ептен храбар човек ама ете на пример не знам на местото каде што живеам секое лето врие од кучиња скитници, последново лето се случувало на кај 3,4 сабајле да си идам дома и да сретнам глутница од кучиња(5,6,7) и нормално одма стануваш претпазлив ама никогаш не сум го почуствувал никаков страв а далеку пак некое такво чуство како со мачките.Ваљда е некоја псхиа ама не сум имал некој преголем проблем со ова па останало така само без да истажувам повеќе за овој страв.
 
До пред некоја година имав извесна фобија од плински боци. Дури и од оние што се користат во домаќинството. Е сега не знам дали може баш да се дефинира како фобија пошто не беше баш нерационален страв. Бев еднаш сведок на мал инцидент со таков уред па од тогаш избегнував да користам плински уреди или ако веќе морав секогаш кога ги користев имав некоја нелагодност, дури здивот го задржував. Ама со тек на време помина.
 
Сојер...како да ти кажам..
Плин, т.е. гас,е бајги понебезбеден од струја или дрва..
Немаш безбедбеносни уреди(осигуарчи, склопки, заземјување) што може да те заштитат од хаварија, а самата природа на гасот го прави тешко да се контролира. Се што те штити од него е вентил...
Така, не е во општо нереационално..
Гасификацијава е рецепт за катастрофа...
Го кажувам сега , однапред
 
Samo sakam da pomognam ...koj ima fobija od zimanje krv , igli i bockanje neka mi pise vo privatna poraka :)
 
Една од модерните и најретките фобии на планетава земја што прв пат ја слушам од една личност:

Tипот има фобија од возење кола во друг град, вози само во градот каде што си живее, на отворен пат возење не (строго само градска вожња).

А исто така има и фобија од возење кола со обичен менувач... Строго само автоматик...

А иначе возачка дозвола има уште од 2006 година и планира цел живот да го тера тој принцип.

Во ред да се тера тој принцип ама кога е човек возач-почетник, една година, две, најсила три но не може така да се тера цел живот...

Некој од вас дали досега заприметил личност со таква фобија?
 
Една од модерните и најретките фобии на планетава земја што прв пат ја слушам од една личност:

Tипот има фобија од возење кола во друг град, вози само во градот каде што си живее, на отворен пат возење не (строго само градска вожња).

А исто така има и фобија од возење кола со обичен менувач... Строго само автоматик...

А иначе возачка дозвола има уште од 2006 година и планира цел живот да го тера тој принцип.

Во ред да се тера тој принцип ама кога е човек возач-почетник, една година, две, најсила три но не може така да се тера цел живот...

Некој од вас дали досега заприметил личност со таква фобија?
Лично да кажам имам инверзно(не целосно) искуство. Апсолутно мразам , нејќам и избегавам да возам по скопјево. Возење до џенемија по автопути и селски патишта? No problem. Други градови? Ок се додека знам каде идам(искуство или мапа). Ама скопје? Nopetrain. Премно е пуно со џукели, хипстери на точаци и електротротинети, напалени тинејџери со мерцедес/бмв на татенце, идиот што се паркира на булевар, идиоти што возат на пешачки патеки и тротоари, идиоти кои брзината на возење и семафорите се апстракна ствар, моторџии што се имаат влезено во филм на ебан џејмс бонд, и секако , буквални лудаци,и секако, полицијата и паркинг службата што бара жртви. Особено центарската паркинг служба Hollier-than-thou . Да најдеш паркинг жива катастрофа, за излезеш уште потешко пошто некоја фуфа ти се паркирала од позади.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom