Почнав да навивам за Јуве после светското првенство во САД 94'. На тоа светско првенство навивав за Италија и многу го засакав Роберто Баџо пошто според мене беше најдобриот играч на тоа првенство, но за жал како што знаете го промаши решавачкиот пенал во финалето со Бразил и многу ми падна жал за него. И решив дека ќе навивам за клубот во кој што игра во Баџо. Играше во Јуве... После некое време го засакав Јувентус ептен па кога Баџо си отиде продолжив да навивам за Јуве и за новата ѕвезда - Дел Пјеро.